Астрологија, Кабала, Магика, Телема

Сигили на Седумте Свети Планети


Во овој текст ќе се обидам да ги преставам сигилите на силите кои се врзани со седумте свети планети на Дрвото на Животот.

За да добиете максимум од минимум читање ќе мора да дадеме дефиниции и објаснувања на тоа што се сигили, зошто секоја планета има повеќе сигили, како се цртаат истите и по кој редослед.

Првото прашање што произлегува е: Што е тоа сигил? Сигил е симбол кој што има одреден закон како се исрцтува и кој што дава врска помеѓу таа сила и магичарот.
Зошто се користат сигили? На многу места ќе прочитате како со тоа се повикуваат демони и слични глупости само за да ве одрвратат од вашата намера да искористите сила која може да ви послужи во вашата работа.
Сигилот е печат, потсетник на еден магичар зошто му е потребна соодветната сила или енергија ако ви е по волја, кој што многу побрзо се исрцтува при пртактична работа отколку користењето на цели магиски формули!

Бидејќи есејот е наменет за сигилите (симболите) на силите врзани со седумте планети ќе мора да дадеме објаснување за тоа кои се тие сили и како се врзани со секоја планета (не заборавајте и поимот планета е симбол кој што во себе содржи по еден цел универзум од коренспонденции и пропорции).

Да започнеме!

Знаеме од претходно (погледни тука) како би одела работата на еден сериозен аспирант или магичар при својата практична работа врзана со магиката. Накратко, за да не ја изгубиме трагата ќе ве потсетам дека во кабалата има четири светови наредени еден врз друг или еден во друг, од кои највнатрешниот (највисокиот) е најфин и неизвалкан, па се до последниот најнадворешниот (најнискиот) кој што ја содржи материјата и времето. Овие светови во себе содржат по едно цело Дрво на Животот што ги прави комплексни, нормално, како што е комплексен и самиот универзум.

Низ овие светови постојат сили кои што имаа одредена улога и кои се подредени хиерархиски едни на други. За да се премине од грубиот кон пофиниот свет, потребно е да се комуницира, да се осознае силата која ќе Ви даде разбирање и знаење за управување на претходниот погруб свет со чија соодветна сила сакате да управувате. Поточно, управувањето со најгрубото е неминовно врзано со надминување на истото се до највисокото кое управува со целата помината хиерархија од долу(најнадворешен свет) па се до врвот (највнатрешниот свет).

За да имаат смисла сигилите кои ќе бидат прикажани подолу, мора да го дадеме ова знаење:

Секоја планета има свое име, свој дух, своја интелегенција, свој анѓел (не ни е грижа што за вас преставува ова), свој арханѓел (исто така не ни е грижа што се може за вас да биде овој збор), божествено име, сефира врзана со самата планета во однос на Дрвото на Животот итн, кои одговараат на соодветни светови за кои се зборува во кабалата.

За да му заповедате на Духот, мора да ја спознаете интелегенцијата која управува со истиот, за да управувате со неа, мора да го спознаете анѓелот, за да управувате со анѓелот мора да го спознаете арханѓелот кој што пак не се јавува на ништо освен на Божественото име на соодветната планета! Значи патот на управувањето со духовите на планетите оди од долу нагоре преку искуство и надминување на разните сили врзани со соодветната планета, која што рековме е комплексен систем од коренсподенции.

Постојат многу теории за тоа како се призиваат и надминуваат овие сили, како се врзани со една планета, за тоа нема да зборуваме тука бидејќи тоа ги надминува целите на овој мал есеј.

Сигилите помагаат при овој процес бидејќи се печати на соодветната сила при процесот свртен нагоре (навнатре)!

Роза од Рубин
Следното прашање е: како се цртаат сигилите на силите? Прво и основно правило е да се знаат имињата на истите запишани со еврејски букви (и ако имате волја да ги научите атрибуциите на тие букви)!
И второ правило е да се научи Рубиновата Роза која стои на Крстот од Злато (има и други начини и форми, но ние ќе се задржиме користејќи ги овие алатки)!

Откако ова е научено, секоја сила чие име знаеме да го запишеме на еврејски може да се исцрта преку оваа Роза од 22 листа (составена од 22-те букви на еврејскиот јазик), така што со круг се означува почетната буква, а со кратка црта крајната буква од името!
Друго исто така битно и различно во врска со оваа Роза е во промената на буквите!

За оние кои го разбрале стихот „Сите овие стари букви од мојата Книга се правилни; но צ (Цади) не е Ѕвездата. Тоа исто така е тајна: мојот пророк ќе им ја открие на мудрите.“ – Liber AL, I:57 нема да има потреба да се објаснува ништо, но за другите може само да кажеме дека Цади и Хе си ги сменија местата во овој Еон што ги направи сигилите компатибилни со силите кои владеат сега со човештвото.

Откако доволно Ве загубив низ лавиринтите на теоријата нафрлајќи доволно информации за да изградите една основна слика како еден сигил (симбол) е врзан со сила која варира од еден до друг кабалистички свет (која е хиерархиски надредена во однос на друга) која пак е врзана со соодветна света планета, мислам дека е време да ги дадеме сигилите за секоја планета.

СИГИЛИ НА СЕДУМТЕ СВЕТИ ПЛАНЕТИ

Светите планети ќе ги земеме редоследно како што се појавуваат на Дрвото на Животот и за секоја од нив ќе ги дадеме сигилите подредени од највисоката кон најниската сила врзана со соодветната планета!
Да започнеме!

1. САТУРН ( שבתאי )

Сигил на Планетата
Сигил на Сатурн

IHVH Elohim
Божествено име
Тетраграматон Елохим

Архангел на Сатурн Цафкиел
Архангел
Цафкиел

Анѓел на Сатурн Касиел
Геомантска интелегенција
Касиел

Интелегенција на Сатурн Агиел
Интелегенција 
Агиел

Дух на Сатурн  Зазел
Дух
Зазел

2. ЈУПИТЕР ( צדק  )

Сигил на Јупитер
Сигил на Јупитер

Божествено име
Ел

Архангел
Цадкиел

Геомантска интелегенција
Сахиел

Интелегенција
Јофиел

Дух
Хисмаел

3. МАРС ( מאדים )

Сигил на Марс
Сигил на Марс

Божествено име
Тетраграматон Гибор

Архангел
Камаел

Геомантска интелегенција
Замаел

Интелегенција
Графиел

Дух
Барцабел

4. СОНЦЕ ( שמש )

Сигил на Сонце
Сигил на Сонце

Божествено име
Тетраграматон Елох Ве Даат

Архангел
Рафаел

Геомантска интелегенција
Микаел

Интелегенција
Накиел

Дух
Сорат

5. ВЕНЕРА ( נֹגַהּ )

Сигил на Венера
Сигил на Венера

Божествено име
Тетраграматон Цабаот

Архангел
Ханаел

Геомантска интелегенција 
Анаел

Интелегенција
Хагиел

Дух
Кедемел

6. МЕРКУР ( כּוֹכָב )

Сигил на Меркур
Сигил на Меркур

Божествено име
Елохим Цабаот

Архангел
Микаел

Геомантска интелегенција
Рафаел

Интелегенција
Тириел

Дух
Тафтаратарат

7. МЕСЕЧИНА ( לְבָנָא )

Сигил на Месечина
Сигил на Месечина

Божествено име
Шадаи Ел Кхаи

Архангел
Габриел

Геомантска интелегенција
Габриел

Интелегенција  Малка бе Таршишим ве Ауд бе Руах Шехаким
Интелегенција
Малка бе Таршишим ве Ауд бе Руах Шехаким

Дух
Часмодаи

 


Advertisements