Поезија, Телема

Тајниот Превез на Боговите


Сокриена во сите можни форми
зад своите бесконечни варијации
со кои ги исполнува и им дава волја
да се соголат до својата срж,
да се надминат до својата најдлабкока суштина,
да бидат Едно со Неа,
Таа е Бесконечната вселена која е внатре и надвор од Тебе!

Вљубена, разделена, потенцијалност избезумена за човекот,
со цел за соединување, претопување,исчезнување –
за живот или страшна смрт за оној што не ја спознал
Таа е Големата Божица на разголеното Небо.
Азурна е нејзината наметка која ја фрла на Земјата –
Нејзината сестра
во својата разголеност пред Луѓето на Земјата.

Со гради надвиснати во љубовен занес,
полни со ѕвездено млеко
од кое пиеле големите мудреци низ Еоните
Таа е онаа неискажливост која не може да се окова во зборови.
Со раце обвиткани со пламен
за да го разгорат најтаинствениот оган на земјата
Таа е големата тајна со која се надминува стравот,
И гревот и смртта –
со само еден допир.

Таа е големата љубов чија волја за поделеност,
со можност за соединување,
за мене, за тебе, за секој атом –
Го гради најтаинствениот танц во универзумот.

Таа е тајниот превез на Боговите
чиј Фалус во експанзија е наречен Волја!

Advertisements