Машки Муабети (За доблеста и чедноста)


 

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.

Моја волја е да напишам текст за витешката доблест и чедност.

Уште од самиот почеток сакам да се повикам на етимолошкиот корен од англиските зборови virtue и chastity. Според Кроули, зборот доблест односно virtue потекнува од латинското virtus, квалитет на машкоста. Интересно за нас македонците е дека зборот доблест на санскрит се изговара сила. Зборот чедност односно chastity, пак потекнува од castrum, што значи утврден камп или замок. За жал, вистинското значење на овие зборови во современиот јазик е извитоперено од страна на Црната Школа, па така зборот доблест во денешно време подразбира негација за сите квалитети на  машкоста, а чедност подразбира пасивна чистота или девственост во најмизерната смисла.

Кога станува збор за доблеста, доволно е само на кратко да се потсетиме на Амфортас од митот за Парсифал, чие сопствено копје му задало неизлечива рана.

Јунг отпрвин го поврзал со архетипот на ранетиот исцелител и како типичен претставник на Стариот Еон, се навраќа на примарниот (француски) мит за кралот рибар, кој исто така имал неизлечива рана. Во подоцнежните дела, како и да е, Јунг се корегира и го редефинира Амфортас како архетип на крутост и предрасуди, нагласувајќи дека сепак не се работи за буквално сексуална рана која предизвикува импотенција, туку едноставно робување на навиките. Добро е да се воочи дека токму Парсифал, односно чистата Будала е оној што ќе го спаси и искупи Амфортас.

Кроули пак го поврзува со ранетиот лав, осакатениот ѕвер кој повеќе не ја отелотворува виталната, креативна и машка сила. Амфортас за него е само уште еден симбол за Богот кој умира и означува отстранување на доблеста, односно квалитетот на машкост од телесниот храм. За да се спаси и искупи себеси и за да ја совлада смртта, Амфортас треба само да го потопи своето копје во светиот Грал, што асоцира на Врховната Тајна од Сувереното Светилиште на Гнозата или Деветтиот Степен на О.Т.О..

The Champion Of Virtue (Mars) Crowned By The Goddess Of Victory   Peter Paul Rubens
The Champion Of Virtue (Mars) Crowned By The Goddess Of Victory
Peter Paul Rubens

Вагнер го завршува Парсифал со зборовите “Höchsten Heiles Wunder! Erlösung dem Erlöser!” (“Врвно чудо на спасение! Искупување за Искупувачот!”)

Liber XV – “Човек сум меѓу луѓето. Како би бил достоен да ги споделам доблестите со Браќата?”

Чедноста пак го претставува оној квалитет на духовната енергија кој е сосем спротивен од вулгарните и профани идеи за чистота и девственост што потекнуваат од лицемерниот малограѓански морал.

Апсурдно е да се зборува за невиност на Адептот, бидејќи за него не е доволно само да се избегнуваат нечисти мисли и нивните резултати, како што тоа го прават монасите од Црната Школа, туку напротив, вистинска машкост е онаа која е во состојба да го спаси и искупи целиот свет.

Liber LXV, I:45-46 – “Појди на најдалечните места и потчини ги сите нешта. Потчини ги твојот страв и твоето гадење.”

Чистата Будала е невин само во смисла на детска љубопитност во потрагата по остварување на сите можности, сето тоа под знакот на Харпократ. Парсифал не е вистински витез сè додека пасивно бега од Кундри, скитајќи со години по светот, туку станува витез откако ќе ја спаси и искупи дури и неа, соединувајќи ги копјето и пехарот. Ова само по себе е неспоиво со страшливиот морализирачки став, емаскулинизацијата на душата или апстинирањето од дејствување.

Liber AL, I:41 – “Зборот на Гревот е Oграничување.”

Liber I, 14: “Нека Тој се пази од апстинирање да Дејствува”.

Оттука Кроули ја редефинира чедноста како строго придржување кон магиските завети, а во светло на Телемата, апсолутна и совршена посветеност кон Светиот Ангел Чувар, односно откривањето и правењето на Вистинската Волја.

Витезите-монаси на Телемата страстно се фрлаат во прегратка на секоја нова авантура во име на Нашата Дама Бабалон, но секогаш имајќи ги на ум своите Завети и Големото Дело.

Љубовта е закон, љубов под волја.

Frater SiLVeSTeR

Видео прилог

Операта „Парсифал“ од Рихард Вагнер


Advertisements

2 thoughts on “Машки Муабети (За доблеста и чедноста)

  1. Многу ми е интересно користењето на поимот машкоста-очигледно е, секако, дека се подразбира што претставува во твојот текст, но, сепак, вреди да се истакне дека машкоста, како и се друго, особено ако се подразбира во рамките на дискурсот, е конструкт кој може да значи било што, зависно кој го употребува концептот. Треба да се земе во превид дека постојат видови на машкоста и ниту еден не е исправен или погрешен, сам според себе. Треба да се земе во превид и дека многу филозофирам. Anyway, go Pan 🙂 !

  2. Затоа јас секогаш сум против вадење цитати надвор од контекстот на една мисла… Секој може секако да разбере, секако да практикува ако чита само извадоци – без да се следи оригиналната размисла 🙂
    IO ПАN 🙂

Коментарите се затворени.