Телема, Философија

За Оние кои го напуштиле Редот


Со овој текст, многумина ќе бидат засегнати, а јас линчуван. Но што да се прави, мора да се запише нешто и за „оние кои отпаднале“.Во О.Т.О. е точно дека може да се откажеш од Редот, но ако си инициран во I степен, (не Минервал или 0) врската со Редот останува засекогаш како и заклетвите што си ги дал пред себе си.

Кога гледате вакви видеа каде што екс членови на Редот „обелоденуваат“ тајни, треба да се запрашате зошто некој одстапил од Редот, што не успеал каде што другите успеваат, зошто неуспехот го натерало да одстапи итн итн. Секако, има секакви луѓе… не може да ги осудуваме за нивните дела.

Јас познавам луѓе што заминале во минатото од Редот бидејќи некоја личност xxx од Редот не била како што очекувале тие. Или пак искушенијата никако не можеле да ги преминат, но и такви кои ги мрзи да работат. Редот соединува толку многу различни универзумит.

Па зарем Редот не е слика на големиот универзум, овде на Земјата?

Јас се прашувам (а ги охрабрувам и тие самите да се запрашаат):
Како може да очекуваш сите да бидат по твој терк и твое разбирање на работите?
Си разбрал ли ти што значи Ред и каде одиш и што значи иницијација?
Дали приватните работи се исти со работите поврзани со Редот?

Па ние што учиме, Телемитите?
Да се заморуваме со другите или не?
Да си го гледаме нашиот пат или туѓиот?
Да имаме љубов и разбирање кон се и сешто?

Ако некаде грешам во ова, поправете ме!

Редот се цени според праксите за напредување или според тоа кој е во него и каков е во однос на вас? Но, секако…

Редот си има формула која ги турка нанадвор оние кои што треба и тие потоа цел живот трчаат да „обелоденат“ некаква си тајна, едноставно заборавајќи на себе си и светоста на сопствените завети.

Нешто околу постоењето, како причина да се напушти.

Нуит – Универзумот не нуди ропство, само искуство и радост. Си пишува во „Книгата на Законот“, прво поглавје, каде што Аиваз го објавува зборот на Бесконечноста.
Погрешен став имате дека универзумот Ве мрази и Ве заробува и дека Вие ќе се ослободите од универзумот „ако умот ми е мирен како море“ и ако се молите на некаков си бог или пак ако се постигне таа многу зборувана нирвана ќе излезете од кругот на инкарнација (ако воопшто знаеме дека постои) која е сепак дел од Универзумот.

Лага измешана со философијата на „умирачките црни богови“. Бегајте од такви размисли.

Праксите се дадени за да бидеш дел од Нуит со максимални искуства кои ќе ве направат богови, кралеви или што и да е вашиот хиероглиф за постигнувањето.

Универзумот не прави ништо во поглед на Хадит (не може да ја заврши работата на Хадит). Хадит е бесконечна мала точка која мора да ги има сите можни искуства за да го зголеми својот универзум.
Од тука следуваат и праксите!

За да знаеш кој настан е најсоодветен во дадениот момент потребно е пракса. Инаку, ќе се греши и ќе се талка и секогаш некој друг ќе биде причината за големиот неуспех на сопствените искушенија.

Нашите пракси сме зборувале дека се поделени на две патеки: јога и магика. И без нив, средниот столб не може да се помине!

Advertisements