Телема, Философија

За оние кои се против Законот (Прв Дел)


Прави што ти е волја и тоа нека биде целио Закон

Ова ќе биде малку негативно настроен есеј кон оние кои имаат обичај да се плеткаат со Законот на Телема, иако не го прифаќаат. Оние, кои сами го отфрлиле Законот по нивна волја и само по истата таа волја дејствуваат на Земјата и говорат негативно за Законот на Телема!
Ќе има три дела, па се надевам дека до крајот овие старо-еонски чеда ќе дознаат зошто токму триделен ќе биде овој мој есеј наменет за нив и нивната волја да бидат против Законот кој што делумно го живеат.

Ќе започнам со неколку прашања кои ми останаа неодгатнати:

Како размислуваат оние кои се против Законот на Телема?
Што е тоа на кое што тие се противат всушност? Посебно ако никогаш не го проучиле и никогаш не го пробале Законот во пракса денес.

На човекот што го донел Законот? Во ред, секој пророк е осуден од самиот почеток… Видете ја историјата наназад. Но сепак тие и тука грешат, во врска со Пророкот на милата ѕвезда!
На самиот Закон? Не веруваме во тоа.
Заради нивните верувања? Тоа е лудост.
Заради страв? Не го сакаме тоа кај човекот.

За да се биде против нешто, мора да се разбере самото нешто до самата срж. Како да се разбере самото нешто ако не со практична примена на истото? Зарем треба да се заморува човек што мноштвото е против Законот на Телема? Јас велам не…

Но веќе го очекуваме следното прашање: па што се заморувате со пишување вакви есеи? На ова, одговорот е лесен: го пишуваме за нив, за оние кои се против Законот,  за да знаат дека нивното отфрлање на Законот и зборување против него само покажува колку не го разбрале истиот и колку не можат да го прифатат правото дека се слободни, а со тоа и должноста да бидат праведни кон Бесконечноста во секој миг.
Да укажеме на идните Браќа и Сестри дека секогаш ќе има некој што ќе им го оспорува правото да бидат слободни мажи и жени кои имаат право да бараат љубов и радост на Земјата како им е Волја, бидејќи се Ѕезди од телото на Бесконечната Вселена или Нуит, ако ви е волја.

За да разобличиме што всушност ни проповедаат овие „бунтовници“ (мала шега)  кои што се против Законот на Телема, ќе го разгледаме самиот Закон, дел по дел за да сфатиме дека тајно, најтајно овие „теолози“ на страо-еонските пракси ни велат:

  • Секој број НЕ е бескраен; има разлика
  • Кабс НЕ е во Ку, туку Ку е во Кабс.
  • Мудри се тие што луѓето ги обожуваат; и нивните Богови и нивните луѓе се мудри.
  • Да се сокриете под ѕвездите и да не се исполните со љубов.
  • Нуит не е Бескрајната Вселена и Безбројните Ѕвезди во Неа…
  • Tреба се да се ограничува, да се прави разлика од едно и секое друго нешто.
  • Да не го слушате пророкот.
  • Да не се следат искушенијата
  • Зборот на Законот не е Телема.
  • Да не правете што ви е волја бидејќи тоа не е Законот.
  • Дека немате право да ја извршувате вашата волја.
  • Да не бидете отмени: да не се облекувате во убава облека; да не јадете богати јадења и да не пиете благи вина и вина што се пенат! Исто така, велат да не се исполнете со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја!
  • Да не ја призивате НУИТ под ѕвездите! Љубовта НЕ е закон, љубовта НЕ Е под волја. И велат да им дозволете на будалите погрешно да ја сфатат љубовта; зашто љубовта си била љубов. Дека нема разлика од голуб, и од змија. Да не одберете добро!
  • Дека НУИТ НЕ дава незамисливи радости на земјата: несигурност, верба, за смртта; немир неискажан, работа, млитавост; и дека бара жртви.
  • Исто така велат дека НУИТ НЕМА скриена слава за тие кои ја љубат.
  • Да несобирате добра и обилство на жени и мирудии; да не носите скапоцен накит; да не ги надминете нациите на земјата во сјајот и гордоста; да не ја сакате Нуит
  • За Нуит да не се палат мириси! За Нуит да не се носат скапоцени камења! За НУИТ да не се пие, зашто НУИТ те мразела! Те мразела!
  • Никогаш немало манифестација на Нуит.

Како што гледате… Негирањето на Законот е негирање на многу работи кои се суштински за човекот! Ако не сакате слободен човек, марш назад во стариот Еон. Ако не сакате слободни жени, исто така – марш назад кај умирачките богови. Ако мислите дека сте грешни и дека ви треба спасување од некој – назад, знаете каде!
Законот на Телема е закон на слободните и храбри мажи и жени кои знаат зошто се тука на Земјата и не бараат темни ќошиња за да ја задоволат својата волја за соединување со Бесконечноста – тие го следат Законот, излегуваат под Ѕвездите и се исполнуваат со љубов!

Правете и Вие така – зборувањето против Законот без да се искуси истиот е како дување наспроти ветерот!

Љубовта е закон, љубов под волја.

Advertisements