За оние кои се против Законот (Втор Дел)


Ова е продолжување на претходниот есеј, кој што зборува за оние кои се против Законот на Телема и што всушност ни кажуваат нам, Монасите на Телема, со своето негирање на Законот, дали преку незнаење или пак омраза.

Да се потсетиме на прашањата кои ние им ги поставуваме на сите, а кои беа дадени во претходниот есеј:

Како размислуваат оние кои се против Законот на Телема?
Што е тоа на кое што тие се противат всушност? Посебно ако никогаш не го проучиле и никогаш не го пробале Законот во пракса денес.

На човекот што го донел Законот? Во ред, секој пророк е осуден од самиот почеток… Видете ја историјата наназад. Но сепак тие и тука грешат, во врска со Пророкот на милата ѕвезда!
На самиот Закон? Не веруваме во тоа.
Заради нивните верувања? Тоа е лудост.
Заради страв? Не го сакаме тоа кај човекот.

За да се биде против нешто, мора да се разбере самото нешто до самата срж. Како да се разбере самото нешто ако не со практична примена на истото? Зарем треба да се заморува човек што мноштвото е против Законот на Телема? Јас велам не…

Нормално, ќе укажеме повторно на идните Браќа и Сестри дека секогаш ќе има некој што ќе им го оспорува правото да бидат слободни мажи и жени кои имаат право да бараат љубов и радост на Земјата како им е Волја, бидејќи се Ѕезди од телото на Бесконечната Вселена или Нуит, ако ви е волја.
За да разобличиме што всушност ни проповедаат овие „бунтовници“ (мала шега)  кои што се против Законот на Телема, ќе го разгледаме самиот Закон, дел по дел за да сфатиме дека тајно, најтајно овие „теолози“ на страо-еонските пракси ни велат.
Во овој втор дел, ете мал извадок што всушност ни велат „бунтовниците“ тајно:

  • Ну, не е прикриеност на Хадит.
  • Не треба да ја осознаете тајната. Хадит не е надополнение на Ну, и таа не е негова невеста. Хадит е распространет и Кабс не е името на неговата Куќа.
  • Во сферата тој не е насекаде центар, а обемот секаде се наоѓа.
  • Хадит ќе биде знаен.
  • Ритуалите на старото време не се црни. Злите нема да бидат отфрлени; добрите да не бидат прочистени од пророкот. Знаењето да не продолжи правилно.
  • Хадит не е пламенот што гори во секој човек. Хадит не живот и дарител на живот.
  • Хадит не е тој што оди.
  • Постоењето не е чиста радост, сите таги не се само сенки, тие не поминуваат и не завршуваат.
  • Јадовите на болката и тагата се оставени на живите и тие што живеат. Оние кои го спознале Хадит вистински, тие всушност се во болка и тага.
  • Од нас не се убавината и моќта, смеата и копнежот, силата и огнот.
  • Дека мора да умреш (овде не станува збор за смрт која е Круна на се).
  • Хадит не е Змија која дава Знаење и Восхит и блескава слава.
  • Истакнувањето невиност е благослов.
  • Човекот не треба да биде силен.
  • Пустиник не може да биде некој опколен со убави жени и мажи, во богатсво и раскош. Или на власт.
  • Да не се љубите со распламтени срца, ниските луѓе да не ги газете со страст кога ќе го имате гневот заради нивната бедност.
  • Не смее народот да се крене и да се разбуди.
  • Ритуалите не смеат да имаат убавина и радост во нив.
  • Не постојат ритуали на елементите и времињата.
  • Да не празнувате, да не се радувате, да имате страв како во стариот еон. Никогаш да не ги барате бакнежите на Ну.
  • Да не празнувате секоја ноќ за Ну.
  • Смртта е страшна и последно нешто.
  • Да ги жалите паднатите.
  • Да не го мразите тешителот и тешениот.
  • Хадит не е господар, а братот Пердурабо не е пророкот на новиот Еон
  • Превезот на скромната жената е доблест, а не покров на смртта. Да не се симне бедното лажливо привидение на скромноста која ги обвитуква вашите пороци(кои се доблест според нив) во доблесни зборови.
  • Дека праведниот може да згреши, а грешникот може да се искупи. Дека секој ќе биде понижен или воздигнат (старо-еонскиот концепт за суд после „смртта), во зависност од своите дела тука. Питачот може да ја крие својата беда. Кралевите не вредат и не се вистински.
  • Не ги сакајте сите.
  • Мудроста не вели биди силен. Да не се облагородува својот восхит, да се бидете оковани како животно.
  • Да не се стремите кон повеќе.
  • Смртта(како старо-еонски концепт) е за човекот.
  • Да не бидете горди меѓу луѓето заради тоа што сте и кои сте тука.
  • Да не се воздигнувате. Бидејќи има слични на тебе меѓу луѓето. Не може да бидеш израмнет со Боговите.

И ќе завршиме со истите зборови од претходниот есеј, за да се врежат подобро во вашиот ум, со двојно повторување на истите:

Како што гледате… Негирањето на Законот е негирање на многу работи кои се суштински за човекот! Ако не сакате слободен човек, марш назад во стариот Еон. Ако не сакате слободни жени, исто така – марш назад кај умирачките богови. Ако мислите дека сте грешни и дека ви треба спасување од некој – назад, знаете каде!
Законот на Телема е закон на слободните и храбри мажи и жени кои знаат зошто се тука на Земјата и не бараат темни ќошиња за да ја задоволат својата волја за соединување со Бесконечноста – тие го следат Законот, излегуваат под Ѕвездите и се исполнуваат со љубов!

Правете и Вие така – зборувањето против Законот без да се искуси истиот е како дување наспроти ветерот!

Љубов е законот, љубов под волја.

Advertisements