Телема

За „пријателите“ – робови


Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.

Ме изморија бесконечните ликови кои беа поврзани на некој чуден начин со овој човек кој што го знаете како Хептаграм по виртуелниот простор. Мораат да заминат во неповрат. Далеку едни од други.

Треба да знаете нешто во врска со Хептаграм, Вие кои сте се нафатиле да бидете негов пријател во овој луд виртуелен простор!

Хептаграм не сака сива маса наречена публика за да стои до него читајќи му ги размислите, а неработејќи ништо, а дрдорејќи сенешто за работи кои не ги разбираат!

Хептаграм не сака читачи кои што само ќе го раскажуваат наоколу она што им го зборува преку сите овие примитивни алатки.
Хептаграм не сака пасивни луѓе чиј потенцијал се губи заради инертноста насобрана од старото време!!!

Хептаграм сака Вистински Луѓе до него кои, преку своето искуство, ќе ги раскажуваат своите патеки, а него ќе го спомнат како пријател, како камен на кој се одмориле талкајќи низ бесконечноста!
Сака магичари до него, тука на Земјата, чие што искуство ќе ги засени дури и ѕвездите на небото – кои ќе му помогнат на овој човек и тој да надмине, кога ќе подлегне на иксушенијата!
А ќе падне – секој паднал – зошто не и тој?

Не сака робови чие единствено самозадоволство ќе им биде некоја далечна и туѓа размисла за уште подалечна и туѓа слобода за која ќе се фатат како риба на јадица и ќе ја лигават низ нивната погана уста!

„Јас сум единствен и освојувач. Јас не сум од робовите што пропаѓаат. Нека бидат проколнати и мртви! Амен.“
– Liber AL, II:49

Изберете мудро: дали ќе бидете робови на стариот еон… или кралеви во новиот!!

Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат. Нема никој што ќе биде понижен или воздигнат: сѐ е како што било секогаш.“
– Liber AL, II:58

Дали ќе бидеме пријатели или непријатели – зависи само од огнот што гори длабоко во центарот на вашата ѕвезда.

Но има надеж дури и за некои будали, бидејќи е запишано:

„Будалиот ја чита оваа Книга на Законот, и нејзиниот коментар; и не ја разбира.“
– Liber AL, III:63

Но тука се искушенијата кои вие, мои „пријатели“ треба да ги поминете.

„Нека помине низ првото искушение, и ќе му биде како сребро.
Низ второто, злато.
Низ третото, камења од скапоцената вода.
Низ четвртото, последни искри на суштествениот оган.
Сепак, таа на сите ќе им изгледа прекрасна. Нејзините непријатели кои не велат така, се обични лажливци.“
– Liber AL, III:64-68

Не јас, не некој друг – ами вие самите ќе мора да го направите ова. Ако не можете или немате волја за тоа, тоа е вашиот голем проблем на Земјата. Не се ниту парите, ниту моќта – ами големиот страв за надминување на самите себе си до бесконечноста.

Но, сепак:

“…Ye shall be free.
Ah, slaves! ye will not—ye know not how to will.”
Liber VII:37-38

И затоа не може да бидеме пријатели тука, бидејќи Вие сте за мене големата препрека на бунилото од стариот еон.

Љубовта е закон, љубов под волја.

Advertisements