Телема, Философија

ОД ЖИТИЈАТА НА ЕГЦ СВЕТЦИТЕ


Братот С.

Сер Алистер Кроули

Една од моите омилени приказни од животот на А. К. е онаа со споменикот на Оскар Валјд од гробиштата Пјер Лашез во Париз, Франција. На истите гробишта се наоѓа и споменикот на Џим Морисон.

10816026_10152541922562963_1731740037_nСпоменикот е направен од страна на Јакоб Епштајн и претставува огромна фигура со вертикални крилја во облик на гласник кој како да е во брзо движење, оддавајќи впечаток дека лета на напред – една чисто симболична визија на поетот како гласник од боговите. Всушност, скулпторот бил под влијание на песната Сфинга од Вајлд, посветена на Ада Леверсон, истата онаа муза која го инспирирала пишувањето (или поправо приемот) на Светата Книга на Телема, Liber LXVI, од страна на А.К..

Во првобитниот дизајн, зад увото на Сфингата имало фалусна фигура со јасно нагласени тестиси. По поставувањето на споменикот, конзервативците од Париз побарале тестисите да се покријат со бронзена плочка во облик на пеперутка, за да не се гледаат. Се разбира дека скулпторот не бил претерано среќен со тоа. И тука нештата стануваат интересни…

Една есенска ноќ во 1914 година e.v. Алистер Кроули влегува во гробиштата и со еден потег ја отстранува бронзената пеперутка. Потоа си ја става околу вратот и драматично се појавува во Café Royal, каде знаел дека ќе го сретне скулпторот Епштајн. Гордо и триумфално му ја предава плочката пред вџашените очи на сите присутни.

Еве го манифестот кој го напишал пред тоа:
Sir,
I noticed that, in obedience to the order of the prefect of Seine the Oscar Wilde Memorial in Pére-la-chaise has been mutilated by the placing of an enormous black butterfly over the criticized parts, thus rendering Jacob Epstein’s masterpiece as ridiculous and obscene as its critics themselves. And still the aforesaid prefect of the Seine keeps the tarpaulin on the statue.
At noon on the fifth of November, Guy Fawkes’ Day, it is my intention to proceed to Pére-la-chaise and, armed with an instrument adapted for the purpose of cutting the cords which hold the tarpaulin in position and to cut the same.
I am yours, sir,
Faithfully, Aleister Crowley.

Епилогот со тестисите е дека тие сепак се отстранети од страна на конзервативците во 1961 година e.v.. Во 2000 година e.v. Леон Џонсон, мултимедијален уметник, на нивно место поставува сребрени како замена.

П.С. Нешто слично се случи со статуата на Прометеј во паркот Жена Борец во Скопје. За жал, Македонија нема свој Алистер Кроули.

Advertisements