Алхемија, Кабала, Тарот, Телема

БАБАЛОН – Краток осврт кон Бројот


Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

ВО една наша книга, која сега е достапна на македонски јазик, стои ова поглавје:

49
ΚΕΦΑΛΗ ΜΘ

Седум се превезите на танчарката
во харемот на Тоа.
Седум се имињата
и седум се светилкитe покрај Нејзиниот кревет.

Седум евнуси ја чуваат Неа со извлечени мечеви;
Ниеден маж не може да дојде близу до Неа.
Во Нејзиниот пехар се седум потоци крв
од Седумте Духови на Бога.
Седум се Главите на Ѕверот кој Таа го јава.
Главата на Ангел: главата на Светец;
главата на Поет: главата на Неверна жена;
главата на Човек од Доблест; главата на Сатир:
и главата на Лав-Змија.

Седум букви има Нејзиното најсвето име; кое е

Ова е Печатот врз прстенот кој е на Показалецот на Тоа: и тоа е
Печатот врз гробовите на оние кои Таа ги има погубено.
Еве ја Мудроста. Нека Оној кој има Разбирање го пресмета Бројот на Нашата Дама;
бидејќи е Бројот на Жена; и Нејзиниот Број е Сто и Педесет и
Шест.

Книга на Лаги, Поглавје 49

*      *      *

Во последниот дел ни се кажува како да се пресмета Бројот на Нашата Дама и како да се врзе со Нејзиното име, и нормално, како изгледа Печатот врз гробовите на оние што Таа ги има погубено.

Ако го погледнеме Печатот ќе забележиме дека во него се впишани букви. Тие букви се:

Еврејска буква Англиска транскрипција Бројна вредност Тарот карта
ב B 2  I – Маг
א A 1 0 – Будала
ב B 2  I – Маг
א A 1 0 – Будала
 ל L 30 VIII – Рамнотежа
ע O 70 XV – Ѓавол 
נ  N 50 XIII – Смрт

Многумина се дрзнуваат и веруваат во своето незнаење дека токму тие имаат Разбирање за овие работи, а никогаш не стапнале на Патеката која води кон Неа, која е само служење. Ќе дадеме мало објаснување зошто не треба да се залетуваме по вакви „загатки“. Не дека не сте способни, или дека не можете, туку само да Ви покажеме дека мора да се работи, и тоа напорно, и нормално – со љубов.
Не доаѓа никој ако не биде повикан! Не ви отвара никој ако не тропнете! Тоа е начинот.

*      *      *

Како што гледаме во посоченото поглавје, зборот „разбирање“ е напишан со голема буква. Ако се сеќавате, на Дрвото на Животот постои сефира (еманација) која го носи токму тоа име, кое на еврејски е Бина – Разбирање.
Од ова може да заклучиме дека Името на Нашата Дама не може да се добие со методите од Руах – Интелектот (видете ја „Визија и Глас“ за подобро разбирање на ова), ами мора да се помине Бездната и да се биде Едно со Бина за да се разбере и дознае Името. Тоа е направено, или барем еден мајстор е познато дека успеал да го дознае. Можеби за секој постои посебно име кое што ќе одговара на Разбирањето на секој Адепт.

Со дознавањето на Името, следува и Мудроста. И овде има игра со буквите. Мудрост е исто така сефира која што е на Дрвото на Животот – Хокма, и за адептот кој што постигнал Разбирање, таа е следната станица во Иницијацијата.

Ние, нормално ќе одиме на обична математика и ќе ви откриеме дека збирот на буквите што се впишани во Хептаграмот е 156 (како што гледате на табелата). Што е дадено во горниот текст од „Книга на Лаги“.

Сега ќе додадам некои мои размисли во врска со ова.

Во текстот пишува дека бројот на Нашата Дама е Сто и Педесет и Шест.
Ако ги замениме овие бројки, со соодветните еврејски букви добиваме:

  • Куф – 100 – ק – Адут XVIII ( Месечина ) за која е запишано: In her higher aspect, she occupies the place of the Link between the human and divine, as shown in Atu II.
  • Нун – 50 – נ – Адут XIII ( Смрт ) за која е запишано: In alchemy, this card explains the idea of putrefaction, the technical name given by its adepts to the series of chemical changes which develops the final form of life from the original latent seed in the Orphic egg.
  • Вав – 6 – ו – Адут V ( Хиерофант ) за која е запишано: … the main reference is to the particular arcanum which is the principal business, the essential, of all magical work; the uniting of the microcosm with the macrocosm.

Збирот на Адутите е XXXVI кој што со просто собирање на двата броја добиваме IX, што во таротот е Адутот Пустиник. Ако ги собереме сите броеви од I до XXXVI добиваме DCLXVI, бројот на Ѕверот.
Да потсетиме дека постои еврејска традиција која зборува за XXXVI или Ламед Вавникс (Цадиким Нистарим), кои пак ако сакате може да истражите и да видите дали може да се поврзат со Тајните Мајстори што се среќаваат во делата на Кроули.

Да додадеме дека зборот што го градат овие букви на македонски значи гнездо.

*      *      *

Ако ги следиме патеките на Дрвото на Животот, ќе добиеме:

  • Куф ги поврзува Малкут (Кралство) со Неца (Победа).
  • Нун ги поврзува Неца (Победа) со Тифарет (Убавина).
  • Вав ги поврзува Чесед (Милост) со Хокма (Мудрост).

Како што гледаме, текстот од „Книгата на Лаги“ во комбинација со нашите свети книги го дава одговорот КОЈ е ОНОЈ што го има Разбирањето, а дури потоа може да се каже и Знаењето како Да’ат!

Да напоменеме (за оние што не знаат) дека во Нашиот Свет Ред постојат ТРИ ВИСТИНСКИ степени. Еден од нив е степенот Пустиник. Кој што е силно врзан со „Разбирањето“ на Дрвото на Животот, силно врзан со Смртта која тука многупати се споменуваше.

И за крај да дадеме дека, ако ги собереме Адутите пак од табелата ќе добиеме:

I+O+I+O+VIII+XV+XIII = XXXVIII = XI = Адут Страст од Тот Таротот.

На кој е дадена Нашата Дама како го јава Големиот Ѕвер, или XI е бројот на букви во Зборот на Еонот – АБРАХАДАБРА чија што бројна вредност е 418, кој што крие многу тајни и пракси.

Исто пак ако се обидеме преку кабалистичкиот метод на „Деветте Тајни комори“ бројните вредности на буквите кои го сочинуваат името БАБАЛОН е 21.
Слободно посетете ја Алатката 777 и видете што се има за бројот 21. И истражувајте понатаму.

И секако, ако достигнавте до дното на овој есеј, ќе морам да додадам дека ова се само мои размисли во врска со цитираниот текст од „Книгата на Лаги“. Ова е само показател какви се методи постојат за истражување на буквите и броевите и нивно комбинирање, со една цел.
И не заборавајте ова се само мои Руах-размисли за еден вид на формули како да се надмине лудоста на разумот (оптоварувајќи го со симболи и значења), кој што ја дели светлината на Едниот на безброј нијанси во светот на Лушпите.

Работете, истражувајте!

Љубовта е закон, љубов под волја

Advertisements