Четирите елементи во херметизмот


Целиот овој есеј е едно систематизирање на податоците дадени во Liber 777 која веќе постои како македонски превод во две изданија: мек и тврд повез.

Во овој есеј ќе ја избегнеме историјата од кога и каде за прв пат се појавила идејата за четворноста, и како се пренела низ времето и просторот па се до денес – со целата комплексност. Ќе ја избегнеме и целата философија која стои зад елементите, бидејќи за тоа се потребни малку повеќе страници од она што имам на ум да напишам на блогот сега.

Целта на есејот е колку што можеме повеќе атрибуции (низ различни системи, кои навидум зборуваат за различни работи) поврзани преку позната работа да ги поврземе во разбирлив систем. Овој метод сигурно Ви е познат ако некогаш барем малку сте се заморувале со запознавање или проучување на кабалата, на пример.

333px-Four_elements_representation.svg (1)Да започнеме.

На самиот почеток, ќе напоменеме дека ќе зборуваме за четирите класични елементи дадени уште од Аристотел: Воздух (ἀήρ), Оган(πῦρ), Земја (γῆ) и Вода (ὕδωρ), кој што дал и атрибуции помеѓу истите, кој е нивниот резултат со „мешање“. Знаеме дека некои ќе сакаат да дознаат нешто и за петтиот елемент, но за тоа ќе зборуваме во некоја следна прилика.

За да биде појасно, атрибуциите на секој од елементите ќе ги дадам во неколку категории:

  • Езотериски
  • Кабалистички
  • Астролошки
  • Тарот

Можеби потребни се и други под-категории или објаснувања, но го имате и овој блог а и многу други на други страници. Нема да содржи расправа овој есеј, ами само „основни“ информации со кои ќе може да го градите Вашето искуство и да создавате свои врски во низата. Слично како што дете ги учи буквите – никогаш нема да дознае што се може да создаде со нив, ако не ги научи со верба истите, и да научи да ги користи! Може да се создаде прекрасно дело, нели!

*      *      *

ЕЛЕМЕНТ: Воздух Alchemy air symbol.svg

  1. Езотериски атрибуции (општи):
    1. Елемент: Топло и Влажно
    2. Пентаграм: Лев горен крак
    3. Алхемиски елемент: Жива
    4. Магиска моќ: Дивинација
    5. Моќ на Сфингата: Noscere (да Знаеш)
    6. Татва: Вају – Плав круг
    7. Животно: Човек, Орел
    8. Скапоцен камен: Топаз
    9. Бои во четирите кабалистички светови:
      1. Архетипски свет, Јуд: Светла бледожолта
      2. Креативен свет, Хе: Небесно сина
      3. Формативен свет, Вав: Сина смарагдно-зелена
      4. Материјален свет, Хе: Смарагдна попрскана со златна
    10. Богови:
      1. Грчки: Зевс
      2. Римски: Јупитер
      3. Скандинавски: Валкири
      4. Египетски: Ну
  2. Кабалистички
    1. Еврејска буква: א – אָלֶף (Алеф) – Вол
    2. Патека: ги поврзува Кетер со Хокма на Дрвото на Животот
    3. Сефирот:
      1. Кетер (Корен на Воздух)
      2. Тифарет
      3. Јесод
    4. Елементот на еврејски – רוח – Руах – Воздух
    5. Кабалистички свет: יצירה – ЈецираФормативен свет
    6. Страна на светот: מזרח – Мезра, Исток
    7. Арханѓел: רָפָאֵל – Рафаел
    8. Буква од Тетраграматонот: ו – Вав
    9. Дел од Душата: רוח – Руах – Интелект
  3. Астролошки
    1. Воздушни знаци:
      1. Водолија ♒ (Планета владетел: ♄),
      2. Близнаци ♊ (Планета владетел: ☿),
      3. Вага ♎ (Планета владетел: Venus)
  4. Тарот
    1. АТУ 0 – Будала (The Fool)
    2. Дворски карти (Воздух=Принц):
      1. Принц на Стапови (оган): 20° Рак до 20° Девица
      2. — на Пехари (вода): 20° Вага до 20° Шкорпија
      3. — на Мечеви (воздух): 20° Јарец до 20° Водолија
      4. — на Дискови (земја): 20° Овен до 20° Бик
Следно: Елемент: Оган
Advertisements