Ритуали, Телема

Liber XXV-Рубинова Ѕвезда


Ритуал на Рубиновата Ѕвезда

A.’. A.’. Издание во Класа D .

Подобрена верзија на Малиот Ритуал на Пентаграм, Liber CCCXXXIII, Книгата на Лаги. Исто така Додаток VI од Liber IV vel ABA – Магика.

Кроули за овој ритуал вели:

Дваесет и пет е квадрат од пет, и Пентаграмот ја има црвената боја на Гебурах (петтата сефира на Дрвото на Животот). Поглавјето (се мисли на Книга на Лаги) е нова и поразработена верзија на Истерувачкиот Ритуал на Пентаграмот.

* * * * *

Текстот не се чита исто ако го користиме модерниот грчки јазик! Потребно е да се користи старо-грчкиот јазик.
Со текот на времето H кога се изговара преминало од Е во И. На пример ΣΤΗΛΗΙ нема да се чита СТЕЛЕИ ами СТИЛИ(и на друг начин се пишува во тој случај), со акцент на првото И! Знаеме дека ΣΤΗΛΗ = СТЕЛЕ = СТЕЛА! 
Исто така ΑΙ сега (се мисли на модерниот грчки) не се чита АЈ (АИ), ами дифтонзите се изедначуваат во Е! Така на пример ΤΕΛΕΤΑΡΧΑΙ не се чита ТЕЛЕТАРХАЈ, ами ТЕЛЕТАРХЕ!
ΕΙ исто така од ЕЈ, преминало во И! И ако читаме на старо-грчки ΣΥΝΟΧΕΙΣ e СУНОХЕЈС, но на модерен грчки е СУНОХЕС!

Свртен на Исток, во центарот, вовлечи го длабоко длабоко длабоко здивот затворајќи ја устата со десниот показалец притиснат на долната усна. Потоа спуштајќи ја раката надолу со силен замав наназад и нанадвор, испуштајќи го силно здивот, викни:

ΑΠΟ ΠΑΝΤΟΣ ΚΑΚΟΔΑΙΜΟΝΟΣ
(АПО ПАНТОС КАКОДАJМОНОС)

Со истиот показалец допри го твоето чело, и кажи:

ΣΟΙ
(СОИ)

твоите препони, и кажи:

Ω ΦΑΛΛΕ
(О ФАЛЕ)

твоето десно рамо, и кажи:

ΙΣΧΥΡΟΣ
(ИСХУРОС)

твоето лево рамо, и кажи:

ΕΥΧΑΡΙΣΤΟΣ
(ЕУХАРИСТОС)

потоа склопи ги твоите раце, испреплетувајќи ги прстите, и викни:

ΙΑΩ
(ИАО)

Движи се на Исток. Силно замисли Пентаграм, правилен, во твоето чело. Повлекувајќи ги рацете до очите, исфрли ги нанапред, правејќи го знакот на Хорус и грмни:

ΘΗΡΙΟΝ
(ТЕРИОН)

Повлечи ги рацете во знакот на Хоор-Пар-Краат.
Кружи кон Север и повтори; но кажи:

NUIT
(НУИТ)

Кружи на Запад и повтори; но шепни:

BABALON
(БАБАЛОН)

Кружи на Југ и повтори; но повикај:

HADIT
(ХАДИТ)

Завршувајќи го кругот во насока спротивна од стрелките на часовникот, повлечи се во центарот и крени го својот глас во радосен крик, со овие зборови:

ΙΩ ΠΑΝ
(ИО ПАН)

и со знаците на N.O.X1.

Рашири ги рацете во форма на Тау крст и кажи тивко, но јасно:

ΠΡΟ ΜΟΥ ΙΥΓΓΕΣ
(ПРО МУ ЈУНГЕС)

ΟΠΙΣΩ ΜΟΥ ΤΕΛΕΤΑΡΧΑΙ
(ОПИСО МУ ТЕЛЕТАРХАJ)

ΕΠΙ ΔΕΞΙΑ ΣΥΝΟΧΕΙΣ
(ЕПИ ДЕКСИА СУНОХЕЈС)

ΕΠΑΡΙΣΤΕΡΑ ΔΑΙΜΟΝΕΣ
(ЕПАРИСТЕРА ДAJМОНЕС)

ΦΛΕΓΕΙ ΓΑΡ ΠΕΡΙ ΜΟΥ Ο ΑΣΤΗΡ ΤΩΝ ΠΕΝΤΕ
(ФЛЕГEЈ ГАР ПЕРИ МУ О АСТЕР ТОН ПЕНТЕ)

ΚΑΙ ΕΝ ΤΗΙ ΣΤΗΛΗΙ Ο ΑΣΤΗΡ ΤΩΝ ΕΞ ΕΣΤΗΚΕ
(КAJ ЕН ТEИ СТЕЛEИ О АСТЕР ТОН ЕКС ЕСТЕКЕ)

Повтори го Кабалистичкиот Крст, како горе, и заврши како што си започнал.

Објаснување:

1. “… нека ги даде знаците… ако ги знае, ако има волја, ако се осмели и ако може да молчи за нив…” – Liber XXXVI

Advertisements