Философија, Телема

Размисли од едно време


Ова што следува се мои размисли настанати во минатото, во временски период од пет години, напишани како одговор на прашањата на најразлични видови на луѓе во врска со Законот на Телема или пак Редот (О.Т.О.).

Ова нормално се извадоци од многу поопширни одговори, но сметам дека ова е сосема доволно за ревносниот истражувач да разбере што е кажано во врска со Законот и Редот! Не би било мудро овие размисли да ги толкувате како официјални размисли на Редот ниту пак дека содржат било каква апсолутна вистина во бесконечноста. Времето ќе покаже…

Извадоци

  • Законот не е праведен, како што не е праведна ниту природата. Но, Законот е точен, како што е точна и природата. И тука не можеш ништо.
  • Не можеш да „заразиш“ некој да бара Иницијација и да биде дел од таен Ред како О.Т.О.!
    Тоа е внатрешен повик, не надворешен!
  • Нашето учење нема прав или крив пат! Се зависи од поединецот. Ние нудиме методи! Ние не сме „учење“ ние сме иницијаторски систем на кој се напредува со работа.
  • Секој телемит е ѕвезда, со своја орбита која навидум се доближува и групира со други ѕвезди и имаат навидум заеднички патишта додека има потреба од тоа.
  • Секоја заклетва носи обврски,ако ме мене прашувате. Ако обврските ве плашат, значи и животот ве плаши.
  • Апослутна слобода бара апсолутна одговорност.
  • Ако за вас е догма и религија да ја извршувате и исполнувате вашата највнатрешна суштина – нека ви биде. За некои тоа е наука, за други философија.
  • Кој се плаши да биде крал, ете му ја другата страна, нека биде роб. Кој му брани?
  • Ако прифаќате да ја следите и подржувате слободата од Liber Oz ќе мора да прифатите дека тоа важи и за другите кои го прифатиле Законот!
  • Без разлика дали ти веруваш или не – дали постојат ентитети или арханѓели или магнетни сили или како сакаш ги нарекувај – постојат методи со кои може да се влијаае врз тие сили. Sекој што се сомнева, прво нека научи да пишува наназад и да зборува наназаад – ако успее во тоа – ќе успее да влијае и врз тие сили „кои што не постојат“.
  • Подобро жената да биде курва по нејзина волја отколку тепана ко стока од некој муслиман!
  • О.Т.О. не е место за да некој си задоволува фантазии. Редот е сериозна организација која тајно постои многу одамна под различни имиња.
  • Телемата учи да го најдеш најдоброто кај тебе, твојата причина за животот на Земјата и да го работиш тоа. И ако прифаќа човек дека има право да ја исполнува оваа обврска непречено, треба да сфати дека тоа важи и за секој друг. Ако ти прифатиш дека си ѕвезда мора да одиш по законите на природата и да се движиш по патека која е во совршен сооднос со другите ѕвезди.
  • Небитно е каков е Кроули, Исус или Мухамед или Лао-Це! Битна е философијата и праксите и како може да станете подобри и за себе а и за човештвото! Законот не вели: Прави што му е волја на Кроули, ами Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон. Јасно и гласно!
  • Дрвото на животот не стои на два столба ами на три! Ако повлече човек на лево ќе го испушти десниот, ако замине десно – ќе му избега левото. Во секој случај ќе му избега рамнотежата која е НАЈБИТНА.
  • Младите се сила која не смее да потпадне под ничиј калап! НИЧИЈ! Апсолутна слобода, апсолутна одговорност! Далеку од идеите за грев, казна и слично – познато од догматските проповеди на ценетите „пресвети“ владики и имами!
  • За да се иницира човек му треба ХРАБРОСТ – не пресметување математики дали ќе биде во + или – и како да намали било каков ризик кој што постои во неговиот мозок како фантоми-демони кои му ја јадат душата и не знае на каде да фати! Кој се плаши од опасности, ете им ги црквите и нека се молат да ги одмине чашата! Ете им јагниња со чија крв ќе си ги означат портите на животот за да ги одбегне смртта од пустиот страв. А смртта што беше според „Книгата на Законот“?
  • Нема поделби во О.Т.О. освен по искуство! Ако сакаш да се рамниш со сите, ќе умреш изгубен и нереализиран… но ако тоа му е волја на некој – ќе мора да го прави тоа.
  • Ако ти кажам дека после 66 мин седење во асана потполно мирен без прекини може да го сопреш срцето, ако ти е волја нормално? Ќе ми веруваш или ќе одиш да си пробаш силите на твојот ум?
  • Да дрдориш за Телемата – а не ја практикуваш ниту изучуваш философски барем, ништо не добиваш. Ширењето на Телема е она што го зборуваш, да го правиш и во животот. Ништо друго. Не може да фатиш некој и насилно да му ја буткаш главата во „Книгата на Законот“ или да му ги кршиш рацете да го изведува Поздравот на Сонцето! Што и да е твојата волја – прави го тоа. Да се покаже што значи Телема
  • Рамнотежата не е ниту во основата ниту во врвот, ами во средината!
  • Философијата на Телемата пак вели дека Зборот на Гревот е ограничување и секако дека секој е вечен. Што е твојата награда и цел во животот? Воопшто не ме интересира, тоа е твоја работа, не e  моја. Би било злобно некој да дефинира за друг целта и наградата на нечиј живот кој што е еден, индивидуален и вечен! Наградата е бесконечните искуства, ако се дава некаков општ одговор.
  • Телемата има сешто… лабораторија! За некои може и да е тоа: нихилизам! За некои е егзистенцијализам во најчиста форма… зарем ќе убедувам некој дека не е тоа?
  • Никој не може да заинтересираш (за Редот или Телема) ако претходно сам од себе,по себе, не посакал да научи некако за Редот и Телемата !!! Може по некоја случајност (ако имаме универзуми кои ни се допираат во некои точки) да му се олесни патот за да полесно разбере и да одлучи по своја волја дали навистина Редот и Телемата се за него.
  • Луѓето не се совршени додека не ја дознаат својата чиста волја. А такви ги има многу, кои се лесен плен на Црните браќа кои сеуште се возат на големата лага: дека си роден грешен и дека гревот е големата стапица !
  • Телемата и Редот се сериозни работи. Ако некој сака да пристапи на Редот, го прифатил Законот на Телема – очекуваме сериозност од тој аспирант и работа и надминување.
  • Може да сте што Ви е Волја, Редот НЕ СЕ МЕША во изборот на луѓето што се и што сакаат да бидат ! Без разлика дали тоа се однесува на религиска определеност, политичка, философска, сексуална итн итн…
  • За да опстане Редот потребно е да биде Ред. Ништо друго. Тајноста на еден Ред се состои од тајни иницијации, симболи и пракси кои не е дозволено да ги знае друг. Тајноста доаѓа од Светилиштето кое се чува од раката на профани и нивното „разбирање“ на симболите и уредувањето.
    Од друга страна Редот е „таен“ само ако така одлучил иницијантот.
    Да објаснам: Јас знам луѓе кои јавно кажуваат дека се Телемити и иницијанти во Редот… Но истите тие може да зборуваат само за себе, не смее во никој случај да зборува за друг, посебно ако тој друг рекол дека сака да биде таен. Така Редот е полу-таен во однос на иницијантите, но е таен во однос на теоријата и праксата !
  • Вo О.Т.О. управувањето на Редот значи служење! И запишано е дека Човекот на Земјата не е повикан да управува со Редот!
    И обврска е исто така, бидејќи Редот е синџир непрекинат со еони!
Advertisements