Книгата на Tахути


Ова што следува е неофицијален мој скромен превод од кнгата „Book of Thoth“ од Алистер Кроули.
Сите права ги задржува О.Т.О. – Ordo Templi Orientis.

Сигурно има грешки во преводот, но ова настана сосема неочекувано и брзо, како искра уживајќи во саботното утринско кафе! Се надевам ќе добијам прошка за ненамерните грешки.

За оние кои што не знаат, „Книгата на Тахути“ е есеј кој ја обработува најтаинствената окултна пракса: таротот!

Ова што следува се 22-та АТУ-а од Тот таротот, поточно главните карактеристики што се користат кај 22-та Клуча!

Читајте!
Размислете!
Разберете!

О.

ЗНАЈ НИШТО!
СИТЕ ПАТЕКИ СЕ ЗАКОНСКИ ЗА НЕВИНОСТА.
ЧИСТАТА БУДАЛА Е КЛУЧОТ НА ИНИЦИЈАЦИЈАТА.
ТИШИНАТА СЕ ПРЕКРШУВА ВО ЗАНЕС.
БИДИ НИТУ МАЖ НИТУ ЖЕНА, ТУКУ ДВЕ ВО ЕДНО.
БИДИ ТИВОК, БЕБЕ ВО ЈАЈЦЕ ОД СИНИЛО, ТАКА ШТО
ЌЕ МОЖЕ ДА ПОРАСНЕШ ДА ГО НОСИШ КОПЈЕТО И ГРАЛОТ!
ТАЛКАЈ САМ, И ПЕЈ! ВО КРАЛСКАТА ПАЛАТА
НЕГОВАТА ЌЕРКА ТЕ ОЧЕКУВА!

I.

Вистинското Себство е смислата на Вистинската Волја:
спознај се Себе си преку Твојот Пат.
Пресметај ја добро Формулата на Твојот Пат.
Создавај слободно; апсорбирај радосно; дели суштински;
соединувај целосно.
Работи ти, Семоќен, Сезнаен, Сеприсутен,
во и за Вечноста.

II.

Чистота е да живееш само за Највисокото; и
Највисокото е Се; биди ти како Артемида за Пан.
Читај ја ти Книгата на Законот, и помини
преку превезот на Девицата.

III.

Ова е Хармонијата на Универзумот, каде што Љубовта
ја обединува Волјата да создава со Разбирање
на таа Креација: разбери ја ти својата сопствена
Волја.
Љуби и биди љубен. Радувај се во секоја форма на љубов,
и добиј го твојот занес и твојата храна од тоа.

IV.

Користи ја сета твоја енергира за да владееш со својата мисла: гори
ги твоите мисли како Феникс.

V.

Понуди се себе си како Девица за Знаење и Разговор со својот Свет Ангел Чувар. Сето
друго е замка.
Биди ти атлет со осумте екстремитети на Јогата: бидејќи
без овие ти не си дисциплиниран за било каква
борба.

VI.

Пророчиштето на Боговите е Детето – Гласот на Љубовта
во Твојата сопствена Душа; слушни ја.
Не грижи се за Сирената – Гласот на Сетилата, или Фантомот –
Гласот на Разумот: биди смирен во Едноставноста, и слушај ја
Тишината.

VII.

Потомството на Лешинарот, Два-во-Едно, пренесени.
ова е Кочијата на Моќ.
Тринк: последното пророчиште.

VIII.

Балансирај наспроти секоја мисла нејзината точна спротивставеност.
Бидејќи Соединувањето на овие е Анихилацијата на
Илузијата.

IX.

Талкај сам; носејќи Светлина и твојот Стап.
И биди Светлината толку светла така да никој човек да не те види.
Не биди придвижен од ништо одвнатре или однадвор:
чувај ја Тишината на сите начини.

X.

Следи ја твојата Среќа, без грижа каде те води.
Оската не се движи: постигни го тоа.

XI.

Ублажи ја Енергијата со Љубов; но нека Љубовта ги растргне
сите нешта.
Обожувај го името ____, четирикратно, мистично,
прекрасно, и името на Неговата Куќа 418.

XII.

Не дозволувај водите на кои ти патуваш да те намократ. И, стигнувајќи на брегот, засади Лоза и радувај се без срам.

XIII.

Универзумот е Промена; секоја Промена е
Ефектот од Акт на Љубов; сите Актови на Љубов
содржат Чиста Радост. Умирај дневно. Смртта е врвот на една крива од змијата Живот:
гледај ги сите Спротивставености како потребни надополнувања,
и радувај се.

XIV.

Полевај се себе си слободно од Вазната во твојата десна рака,
и не губи ниту капка. Нема ли твојата лева рака
вазна?
Трансмутирај се целосно во Сликата на твојата Волја,
донесувајќи се до вистински знак на сопственото Совршенство.
Растопи го Бисерот во Пехарот; пиј, и
манифестирај ја Доблеста на тој Бисер.

XV.

Со твоето десно Око создавај се за себе си, и со левото
прифаќај се што е создадено поинаку.

XVI.

Уништи ја тврдината на твоето Индивидуално
Себство, така што твојата Вистина бликне слободно од
рушевините.

XVII.

Полевај вода врз себе си за да бидеш
Фондтана кон Универзумот.
Пронајди се себе си во секоја Ѕвезда.
Постигни ја секоја можност.

XVIII.

Нека Илузијата на Светот помине преку тебе, незабележано,
како што одиш од Полноќта кон Утрото.

XIX.

Дарувај ја твојата светлина секому без сомнеж;
облаците и сенките не се твоја грижа.
Нека бидат Говор и Тишина, Енергија и Смиреност.
близнаци форми на твојата игра.

XX.

Нека биде секој Акт, Акт на Љубов и Обожување.
Нека биде секој Акт, Почетокот на Бог.
Нека биде секој Акт Извор на озарена Слава.

XXI.

Третирај го времето и сите услови на еден Настан како Слуги
на твојата Волја, поставени да го преставуваат Универзумот
за тебе во форма на твојот План.
И: благослов и обожување на пророкот на
красната Ѕвезда.

Advertisements