Јога, Астрологија, Кабала, Магика, Тарот, Телема

Петте татви, нивно комбинирање и другите системи


Во секој систем на иницијација познат на Земјата, постои оваа поделба во кој преку елементите, се расчленува истиот за да полесно се практикува истиот во секој сегмет од животот на човекот.

Како што знаеме, постојат четири елементи и тоа: земја, вода, воздух и оган. Со нивно правилно мешање во соодветни пропорции во дадени ситуации, може да се создаде петти елемент, познат како Дух, кој што е симбиоза, последица од тоа правилно мешање на четирите елементи.

Овде нема да зборуваме премногу за елементите и нивните карактеристики, туку ќе направиме паралела помеѓу повеќе системи, задржувајќи се повеќе на петте татви од источните школи.

Оваа таканаречена четириделна поделба постои во многу навидувм различни учења и философии. Историски гледано, таа е стара колку и самото човештво. Некои го бараат коренот во античка Грција, други во хебрејските записи, некои во египетските мистерии, па дури и во сумерските епови. Но, целта на овој есеј е многу кратко објаснување на поврзаноста на татвите со западните учења за елементите.

Да започнеме…

Како прво ќе го прикажеме Пентаграмот, како прв од симболите кој во езотериските учења ги поврзува овие елементи во единство градејќи го петтиот елемент, духот. Но тоа е само површна слика на целиот универзум кој што се крие зад четирите, поточно петте елементи.

Оваа четириделна поделба може да ја најдете во хебрејскиот мистицизам при изучување на Кабалата каде што, на пример, Дрвото на Животот е поделено на четири светови (кои содржат по едно цело Дрво на Животот) кои што коренспондираат на четирите елементи, исто самите сефироти одговараат на некој елемент, многу свети зборови и имиња на богови содржат четири букви кои одговараат на четирите елементи, од хебрејската азбука алеф е препишан на воздухот, мем на вода, шин за огнот и тав за земја. Но исто така и Бет, која е Меркур е поврзана со елементот воздух, како што и Хокма е поврзан со елементот оган.
Петтиот елемент е целосно разбирање на Дрвото на Животот и тајните учења на Кабалата.

Исто во Таротот може да ги поделите малите карти на четири групи кои одговараат на четирите елементи: стапови за Оган, пехари за Вода, мечеви за Воздух и дискови за Земја, исто и Дворските карти се поделени на уште покомплексно за да ја дадат поцелосно сликата за елементите. Петтиот елемент е правилно толкување и разбирање на целата низа од карти во таротот.

Во Астрологијата знаците се поделени според елементите, планетите може да се поделат според оваа универзална четворност. Правилното разбирање на знаците го градат петтиот елемент, целосната слика на небото и земјата.

Во Церемонијалната магика четворноста изразена преку елементите игра огромна улога при изведувањето на различните ритуали кои секако, се под влијание на оваа поделба на четири елементи. Петтиот елемент е самиот практикант во кој и преку кој што се манифестира петтиот елемент.

Во енохијанскиот систем се е подредено преку ова свето четворство, до најмалите елементи во универзумот, како што ќе видиме подолу.

Нормално, ниту истокот не е одземен од ова универзално правило. Во источните учења постојат 5 татви (кои одговараат на петте елементи на западната школа).

Во табелата се дадени петте татви поврзани со петте елементи од западните школи:

Татва Симбол на Татвата Елемент Симбол на елементот
Притви eartshape2 Земја Earth-300x278
Апас water-tattwa Вода download
Вају airmed3 Воздух Air-300x278
Теџас firemeditation1 Оган triangle-300x278
Акаша ether4 Дух download

Како што гледаме елементот Земја е жолт квадрат, елементо Вода е сребрена полумесечина, елементот Воздух е плав круг, елементот Оган е црвен триаголник и елементот Дух е темно-виолетово или црно јајце.

Ако ја погледнете Вашата Liber 777 ќе може да поврзете многу различни системи дадени во табелите на книгата и да создадете Ваш универзум во разбирањето на елементите и нивното влијание.

Ниту еден од овие елементи не е целосно чист и ослободен од влијанието на другите елементи. Во огнот може да најдете траги од елементот вода, воздух и земја. Истото важи и за елементот вода, во кој што има траги од огнот, земјата и воздухот. Истото важи за сите елементи.

Во енохијанскиот систем на магика, во таротот, во астрологијата – насекаде ќе најдете траги од ова знаење.

Во овој систем, огнениот дел на вода на пример е керубичкиот архангел од огнениот под-квадрантот на керубичкиот крст во Елементалната табела на Вода,  чие име е HNLRX преку кој се добиваат карактеристиките на огнениот дел од елементот вода.

waterНа сликите е дадена Елементалната таблица на Вода, каде што десниот долен квадрант е огнениот дел на вода. Над крстот во тој квадрант се наоѓаат четири квадрати, кои заедно со буквата од Табелата на Единството за елементот Вода, се добива името на керубичкиот архангел кој што владее со четирите архангели под кракот на крстот. Гледаме дека дури и самиот квадрант од Табелата на Вода се дели на уште 16 нови под-сили кои го дефинираат огнениот дел од елементот Вода. Подетално проучување на овие сили побарајте во енохијанскиот систем на магика даден од Џон Ди.

Исто така и во таротот може да се најде ова својство на четирите елементи ако ги разгледаме Дворските карти од Тот таротот. Како пример ќе го земеме Витез на Пехари. Исто како и во енохијанскиот систем и оваа карта го преставува огнениот дел на елементот земја, за чии атрибуции може да прочитате подетално во „Книгата на Тот“.

После оваа  потребна дигресија, да се навратиме на татвите како еден од начините за преставување на елементите.

*      *       *

Исто како и во другите системи и преку татвите може да се прикаже претопувањето и мешањето на елементите еден во друг и еден со друг.

Во Liber E се дадени пракси во кои се користат татвите како начин за вежбање на умот да се задржи на одредена ментална слика. Во тие пракси се вели умот да се држи насочен кон една од татвите. Откако тоа ќе се усоврши, да се проба со мешање на истите. Тоа сепак не е бесцелно дадено така. Можело да се даде било кој објект или објекти за да се користат при оваа пракса, но сепак магичарите се одлучиле за татвите. Зошто?

Ако поглене погоре во табелата каде што се дадени татвите и нивните симболи, ќе видиме дека жолт квадрат е елементот земја, а црвениот триаголник е оган. Како што видовме погоре, ниту еден елемент не е апсолутно изолиран од другите елементи. Како и во другите системи, така и овде, во источните школи може да се прикаже таа врзаност на елементите.

Жолтиот квадрат во црвениот триаголник го прикажува земјениот дел од елементот оган.

Исто така ако се визуелизира сребен полумесец во жолт квадрат, кој елемент или кој дел од елементот го визуелизираме? Нормално, тоа би бил водениот дел од елементот земја, кој што може да го поврзите со било кој систем кој што е близоко на Вашето проучување.

Визуелно прикажување на елементите со сите нивни составни делови може да го погледнете во следната табела, која може да ја искористите во Вашите пракси или да изградите Ваши по свое разбирање.

table

Откако доволно долго сте ги практикувале вежбите, користејќи ги овие татви, слободно пробајте со симболите од други системи за да ја проверите способноста на Вашиот ум. Може да ги искористите Дворските карти од Тот таротот на пример, кои содржат многу поголем број на симболи во нив самите и ќе видите до кои граници може да достигне Вашиот ум, за кој ќе утврдите колку може да биде лош слуга, а уште полош господар.


Advertisements