Liber Aleph – За Радоста на Болката


Книга на Мудроста или Лудоста“ е достапна на македонски јазик.

DE VOLUPTATE POENARUM

„Грубиот мора да помине низ оган; финиот нека биде проверен умствено, а возвишените избраници во највисокото. Така имате ѕвезда и ѕвезда, систем и систем; нека едното не го познава добро другото!“
— Книга на Законот, I:50

Појди, сине мој, син на Сонцето, весели се во својата сила, како Воин, како Младоженец и уживај во задоволствата на Земјата, и во секоја Палата на Умот, секогаш одејќи од просто кон посуптилно, од грубо кон фино.
Победи ја секоја одбојност во себе, совладај ја секоја аверзија.
Асимилирај го целиот Отров, затоа што само тоа е корисно.

Затоа постојано настојувај да спознаеш што е болно и продри во него, затоа што преку болката доаѓа вистинското Задоволство.
Оние кој ја избегнуваат физичката или менталната болка, остануваат мали луѓе и во нив нема Доблест.

Сепак биди претпазлив и немој да западнеш во онаа ерес која прави од Болката и самопожртвуваноста, мито за расипаниот Бог, за да си осигура некое идно Задоволство во еден замислен живот после смртта.

„Стравот е неуспех, и претходник на неуспехот: а храброста е почеток на доблеста.“
Книга на Рамнотежата

Од друга страна, немој да се плашиш да ги разрушиш своите Комплекси, мислејќи со ужас, дека со тоа ќе ја изгубиш силата за создавање Радост на нивната одвоеност.

А сепак во секое Венчавање биди храбар да ја потврдиш спиритуалната ревност на Оргазмот, фиксирајќи ја во некој Талисман, без разлика дали е тоа Уметност, Магика или Теургија.

Advertisements