Ритуали, Телема

Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста


Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Во Liber AL vel Legis svb figura CCXX се запишани овие стихови:

„Но вие, о мој народе, дигнете се и разбудете се!
Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
Постојат ритуали на елементите и прослави на времињата.
Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
Прослава за Тахути и детето на Пророкот – тајна, О Пророку!
Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Рамноденицата на Боговите.
Прослава за оган и прослава за вода; прослава за живот и уште поголема прослава за смрт!
Прослава секој ден во вашите срца во радоста на мојот восхит!
Прослава секоја ноќ за Ну, и задоволство на крајниот занес!
Навистина! празнувајте! радувајте се! нема страв од сега натаму. Разложувањето, и вечната екстаза се во бакнежите на Ну.
Смртта е за пците.“
Книга на Законот, II:34-45

Должност ми е да те потсетам дека на на 12 август, далечната 1903, Алистер Кроули ја зема за жена Роуз Кели, жената преку која ќе дојде Новиот Еон, првата ноќ на Пророкот со неговата Невеста!
Розата на Светот, како што ќе ја нарече Кроули, предвесникот на Новиот Еон!
Да, преку Жена дојде новото време!

Во „Еквинокс на Боговите“ можете подетално да ја проследите историјата испреплетена помеѓу „Книгата на Законот“,Ѕверот и Скерлетната Жена, целта на овој есеј е сосема друга.

Ме прашуваа неодамна многумина, што улога имала жената во Новиот Еон, под Законот на Телема!
Па освен слобода и рамноправност со мажот и во земските и во божествените работи (да биде Свештеничка во Храмот на Животот), еве што друго направи Жената за Новиот Еон!

„На 16 март Кроули се обидел да го повтори неуспешниот експеримент со инвокацијата на Силфите. Немало Силфи. Наместо тоа Роуз паднала во транс пеејќи „Тие те чекаат тебе“…

Тоа било почетокот на примањето на Книгата на Законот.

Оваа сторија е прераскажана на многу места затоа ќе ги дадам само најкратките детали. Роуз блебетала „Се работи за детето“ и „Тоа е сиот Озирис“ итн. Кроули бил вознемирен. Подоцна таа му открила дека оној што го чека е детето, Хорус.

flat,800x800,070,f.u1
Aleister Crowley and Rose Kelly, 1904
Mitchell Nolte

Некое време пред 23 март 1904 е.в. тие го посетиле музејот Булак и Роуз му се приближила на одреден надгробен споменик, Стела, која ја означила дека е поврзана со сето тоа. Забелешките се штури во овој период. Она што го знаеме е дека:

На 20 март 1904 е.в. Кроули извел инвокација на Ра-Хоор-Куит.

Роуз била облечена во сошиена сина одежда со златен вез. Кроули носел слична црвена одежда со златен вез.
Ништо не се случило. Ритуалот повторно бил изведен на полноќ и ним му било кажано дека Еквиноксот на Боговите зазорил.

Во периодот меѓу 23 март и 7 април била преведена Стелата. На 7 април Роуз му кажала на својот сопруг што треба да прави во текот на 8, 9 и 10 април – времето кога била примена Книгата на Законот.

Роуз Кели, Кратка историја

Ќе го завршам ова потсетување за големиот празник на Ѕверот и неговата Невеста, со стихови од Првото поглавје на Liber AL vel Legis:

„Излезете, о деца, под ѕвездите и исполнете се со љубов!
Јас сум над вас и во вас. Мојата екстаза е во вашата. Мојата радост е да ја гледам вашата радост.
Горе, бисерниот азур е
Голиот сјај на Нуит;
Таа се наведнува во занес да ги бакне
Тајните жештини на Хадит.
Крилестата топка, ѕвезденото синило
Се мои, О Анк-аф-на-консу!
Знајте сега дека избраниот свештеник и апостол на бесконечниот простор е принцот – свештеник Ѕверот; и во неговата жена наречена Скерлетна Жена е дадена сета моќ. Тие ќе ги соберат моите деца во нивната прегратка: тие ќе ја донесат славата на ѕвездите во срцата на луѓето.
Зашто тој секогаш е сонце, а таа луна. Но за него е крилестиот таен плам, а за неа надвиената ѕвездена светлина.“
Книга на Законот, I:12-16

Одете, празнувајте!
Како Ви е волја, со кого Ви е волја, но не заборавајте – секогаш за Неа!

Љубовта е закон, љубов под волја

 

Advertisements