Магика, Ритуали

Богот на магиката Хека и активирање на Ка


Објавено со дозвола на fra. HEKAU

„Благородни, кои сте пред Господарот на вселената (“Сите”),
Еве, јас дојдов пред вас.
Почитувајте ме во согласност со она што знаете.
Јас сум тој кого Единствениот Бог го направи,
уште пред двете работи (“Дуалноста”) да дојдат во битие на оваа земја,
со испраќање на Своето уникатно око кога беше сам, испраќајќи го од устата …

Кога тој ја стави Ху (“Логос”) на устата.
Јас навистина сум син на оној што го роди универзумот,
кој беше роден пред неговата мајка сеуште да постои.

Јас сум заштитата на она што Единствениот Бог го ракоположи.
Јас сум тој кој предизвика Енеадот () да живее.
Јас Се сместив, О Бикови Небесни,
во ова мое големо достоинство како господар на Ка,
наследник на Ре-Атум.

Јас дојдов за да можам да го земам моето место
и дека би можел да го добијам моето достоинство,
затоа што мене ми припаѓаше Универзумот уште пред вие богови да дојдете во битие.

Симнете се вие, кои дојдовте на крајот.
Јас сум Хека.“

Ова е текст кој што стои на најдолниот капак на секој саркофаг и е инвокација на богот Хека, испишан со надеж да починатиот успее да ја активира својата Ка, аспект на душата кој патува над овој свет и чија моќ е Магиката. Богот кој владее со овој аспект е Хека чие и име означува активирање на Ка или за Eгипјаните – Магика.

Почетната приказна за овој бог чии храм се наоѓа во Есна, е дека тој е производ на врховниот бог Атум, од кого почнува целата креација на универзумот, и Менхит, богинка на војните чие име значи онаа која уништува. За она што малку знаеме за овој бог е дека за живите бил поврзан со лечењето, па затоа и обожуван од докторите, всушност и секој оној кој изучувал и практикувал каква и да е форма на лекување добивал прекар, свештеник на Хека.

Но, за животот после смртта ова божество добива сосема поинаква функиција.

За да ја разбереме неговата фукнција, најпрво треба да го погледнеме концептот како старите Египјани ја разбирале душата.

Постојат три концепти или три аспекти на душата:

  • S34 Анк, есенцијата на самата душа, симболот кој во египетскиот уметнички канон означува божество, боженственост, па и затоа ги придружува сите богови во нивните претстави.
  • G53 Ба, аспект на душата кој се врзува со личноста, индивидуалноста, поминатиот живот на земјата. Oва e аспект особено битен за египетските фараони, кои верувале дека повторно ќе се вратат и повторно ќе служат како фараони.
  • D28 Кa, самата душа, оној аспект кој патува во највисоките светови, кој се прочистува себеси заедно со својата друга половина БА и му овозможува на фараонот повторно да го искуси земскиот живот.

Ова можеме најсоодветно да го анализираме преку ритуалот на отварање на устата. Овој ритуал првично потекнува од приказната за Хорус, кој одкако го одмаздува својот татко, го поразува својот непријател Сет и е назначен од Атум за фараон. Хорус се враќа и со помош на својата мајка Изида го издига својот татко Озирис и го воскреснува преку исполнување на татковата уста со сопствениот здив. Египјаните верувале дека ова се случува со секој од фараоните кои успеале да ги поминат истите препреки како и Хорус.
Но она што ни е нам интерес во овој есеј е тоа дека во одреден дел од овој ритуал, кој во египеските ритуали не бил изведуван само како сакраментален ритуал, како ритуал за да починатиот ја достигне својата цел, туку бил изведуван секојдневно од страна на живите, каде што Ба се прочистувал, чие што пак прочистување бил аспектот на Ка.
Низ целиот ритуал не се споменуваат ниту Хека, ниту дирекно Ка.

1
Скулптура на богот Хека

Она што можеме да го согледаме е дека клучниот момент на активирање на аспектот на Ка и постигнување на магиски моќи над сите божества е прочистувањето на Ба. За какво точно прочистување се зборува, можеби можеме да согледаме преку канонското претставување на богот Хека заедно со неговите хероглифи.

Една од тие претстави која најчесто е во форма на скулптура, е богот Хека претставен во преден план со сите карактеристики за бој, а на неговата глава носи круна од чии страни се издигаат две раце, под прав агол исправени нагоре. Додека хероглифот на Хека, ги претставува истите тие раце, со интересна спирала која почнува од дното и се испреплетува меѓусебно три пати и повторно завршува на дното.

heka-
Хиероглиф на богот Хека

Она што е интересно е дека оваа формација на рацете е безмалку несоодветна за машкиre богови или богови чии делувања се над материјалното. Тоа е често формација која ја среќаваме кај женските божици, поточно, божиците кои претставуваат земја, или се самите земја, големите мајки, божици поврзани со раѓање, земјоделство. И оваа формација е во голем дел претстава на големата мајка која се моли на врховниот бог да и го даде својот благослов, да ја оплоди за да таа си ја изврши својата функција како божество.

Овој интересен концепт можеби можеме да го разбереме и преку мајката на Хека, Менхит, иако претставувана како божица на војната, таа често е споредувана со големите мајки божици како Изида, Неит, Тефнут.

Од овој концепт, вклучително и спиралата која претставува победата на Хека врз двете змии, можеме да заклучиме дека ова божество дирекно ги поврзува највозвишеното со најниското и неговата моќ делува како на профаниот, така и на спиритуалниот свет и во голема мера негова работа е да ги симне (извади од темнината) тие моќи и така да го прочисти материјалниот свет за да на тој начин бидат ослободени моќите над Боговите.


Енеада (Ἐννεάς: Деветмината) – Голема Енеада (наречена уште и Енеада од Хелиополис) во која се вклучени Атум, првиот бог, неговите деца Шу и Тефнут и нивните потомци Геб, Нут, Озирис, Изида, Сет и Нефтида.

 

Advertisements