Телема

Гностичка Католичка Црква


Превел Fra. Meithras

По кратко време студентите на Телемата и Liber AL склопуваат неблагодарно примирје со Христијанството. Христијанството е како стара шапка.
Тоа е исказ на последниот Еон.
Тој култ се спротивставува на своите многубројни ограноци како лоза чии што корени се мртви. Некои облици останале и се уште ја содржат опивката на христијанското грозје. Се чини дека постепено се појавуваат пагански елементи од гроздот на Озирискиот раст. Времето ќе ја доврши работата.

Гностичката Католичка Црква (Е.G.C.) е религиозна страна на О.Т.О.. [1] [2]

Тешко дека било кој ќе погреши, во мислењето дека “Гностичката” “Католичка” “Црква” означува некој пооддалечен облик на христијанството!

Многу од ритуалните обичаи на Гностичката Католичка Црква личат на христијанските навики. Всушност сржта на ритуалите на E.G.C. е предхристијанска, како и на слични христијански ритуали. Мистеријата Озирис – Христос помина, а мистеријата на Телемата и Хорус започна.

Христијанската историја долго време ги прикажуваше гностиците како христијанска група еретици. Тоа е бесмислено. Гностицизмот е древна филозофија на Илуминизмот.

Гностиците не зависат од слепа вера, гностицизмот се базира на рационално откривање на долните работи и визионерско разоткривање на горните работи. Тоа било вештина на мудреците пред да биде поставен каменот на камен.

Неколку векови пред Еонот на Озирис (исто така наречен и Христијанска Ера) гностичките заедници биле бројни. Кога Митраизмот стана главна одлика на популарното религиско однесување, гностиците веќе беа свесни за месијанскиот карактер на времето. Во својот систем го воведоа “Христос” – грчки збор за месија.

Кога политичкото христијанство се прошири, Римската власт во почетокот реагираше негативно, но на крајот одлучи да завземе сопственички став кон тоа движење. Тогаш вистинскиот гностички метал е фрлен во пламен. Некои беа доволно брзи со своите теории и објаснувања да ги заматат садовите на Римската држава. Почувствителните се стишаа. Наскоро римската машина ги собори сите, чии што гласови изразуваа различни гледишта од произволното владеење на царските теолози. Остатокот од еонот помина во овца-овчар стилот. Воопштено резултатите на жените и на другите интелигентни единки беа сурови но изгледаше дека тоа ги развеселува татковците. Гностичките браќа и сетри се снаоѓаа и цело време своите делувања ги изведуваа прилично тивко. Кога работите тргнаа кон подобро, некои станаа безгрижни, така дознаваме за повремените мачеништва низ вековите, до денешни денови.

Која е разликата помеѓу гностичката и христијанската вера?

Повторно просторот не овозможува потполно објаснување. Можат да се наведат неколку позначајни разлики.
За гностиците Христос не е човечка личност. Христос е полубог. Исус Христос е човек кој може, но и не мора да имал посебна врска со полубогот. Некои од старите гностици го нарекувале наметливец. Во секој случај, улогата што обично се поврзува со Исус Христос е правило (стандард) за било која личност која го (постигнала) извела Големото Дело. Единствената разлика тука е таа што некои од нас се нешто повеќе изложени на јавноста.

За време на последниот Еон, често се сметало дека Логосот или Зборот на Еонот секогаш е “Христос”. Гностиците сфаќаат дека името на Логосот се менува со Еонот – така Liber AL ни препорачува дека денешниот (тековниот) Логос е “АБРАХАДАБРА”.

Следната разлика: за христијаните обично се смета дека го мразат светот и месото (телото). Спасот на секој начин треба да се бара на небесата. Изгледа дека тоа е својствено за Озирисовиот Еон. Во времето на претходниот Еон на Изида, гробовите се градени слично на земските дворци; и превземани се разумни мерки за да се обезбеди физички комфор на мртвите.

Сега е Еонот на Хорус. И физичкото и духовното е наше. Гностиците повторно се спремни за промена на Еонот: додека култовите, без оглед на тоа колку се раширени, кои се формирани стриктно по линија на (минувачкиот) Еон тежнеат кон тоа да паднат во стапица на патиштата на тој одреден Еон. Така Гностичка Католичка Црква повеќе не припаѓа под христијанството. Ние кои учествуваме во религиската страна на О.Т.О. (не му одговара на секој иницијант тој религиозен трип). Тука (вреди слобода на изборот) сме на подеднаков начин заинтересирани за земските задоволства како и за духовниот восхит. Нема да биде прекумерно да се каже, дека во ова време идеален начин за искуство на Визија на Убавината би можело да се постигне со помош на полов однос во согласност со единка од омилениот пол. Всушност тоа е непосредно “ритуално”.

Во случај да обожаваш со помош на “AL II:22, многумина ќе речат – “колку понепознато (понеобично “strange”) толку подобро.” – но мудро е да се делува внимателно со тврдата стока. Запомни дека физичкото ниво мора да се држи во рамнотежа со духовното. Ако те разболува, значи си го злоупотребил. Слично ако ја изгубиш способноста да се вратиш во светот во кој си роден тогаш не се однесуваш како телемит, туку како настран христијанин.

Што се однесува до легалните работи, ако си притворен поради тоа што си го направил, имај во предвид дека твојата волја не може да биде фрустрирана – зафати се со лекцијата за значењето на Твојата Волја. Сето тоа за Гностикот е смислено.

Христијанинот кон несреќата се однесува сосема различно. Христијаните се обидуваат да те заштитат прво од самиот тебе. Телемитите прво се грижат за себе. Како второ, христијаните ќе бараат заштита од злото на оваа одвратна штетна дупка од светот. Телемитите ќе ги заобиколат непотребните тешкотии и ќе се забавуваат.

O.T.O. Newsletter Vol. II No.
1 jun 1978 e.v.

На овој [линк] може да го прочитате Гностичкото Кредо на E.G.C., религиозната компонента на О.Т.О. .


[1] Во О.Т.О. е вклучен специфичен литургиски оддел наречен Ecclesia Gnostica Catolica (E.G.C.) Гностичка Католичка Црква која стана поврзана со О.Т.О. преку Д-р Жерар Анкос (Папус) во 1908 г. е.в. Основниот ритуал на E.G.C. е Гностичка Миса. Членувањето во E.G.C. e можно преку заредување и крштевање. Многу локални О.Т.О. тела редовно ја прославуваат Гностичката Миса и кај повеќето е можно присуство.

[2] E.G.C. – Ecclesia Gnostica Catholica, Secret Fire Oasis

 

Advertisements