Магика, Телема, Философија

МАГИКАТА НА ТЕЛЕМА – АЛЕФ


Голема чест ми е да споделам со Вас информација за едно идно несекојдневно предавање, посебно за овие простори.

Луѓето кои стојат зад ова предавање и во минатото се обидувале да организираат вакви оригинални и поучни предавања, преку кои се обидуваат да споделат многу од она што од обичниот човек се смета за далечно, тајновито, полно со сказни на кои не може туку така да им се верува.
Но ние знаеме од искуство дека тие магливи размисли исчезнуваат само со јавно зборување за истите, без преувеличувања, без намигнувања и без хиероглифи, нормално, за оние кои навистина ги интересираат овие работи.

Затоа, чести ми е да Ви го преставам следното предавање на

АЛЕФ Скопје

најавува

МАГИКАТА НА ТЕЛЕМА



9-ти ноември (среда)

19:30 часот: Стојан Николиќ – Телемитски Редови
19:50 часот: Shiva Xº – Aspiring to the Holy Ordеr I
21:00 часот: Вера Николиќ – Улогата на Жените во Телема

10-ти ноември (четврток)

19:30 часот: Shiva Xº – Aspiring to the Holy Ordеr II
20:50 часот: Tau Merlin – My Magical Life


Билет за еден ден: 200 ден.
Билет за двата дена: 300 ден.

7a78d4_631870d59d5122089b6c7f19b93eec27
Shiva Xº членува во О.Т.О. веќе 28 години, а ја извршувал службата Frater Superior’s Representative (FSR) за Австралија од 1990 e.v.. Од основањето на Австралиската Голема Ложа во 2006 e.v., Shiva Xº ја извршува службата О.Т.О. Национален Голем Сеопшт Мајстор. Во моментов тој го уредува за печат новото авторизирано издание на “Магика Без Солзи” од Алистер Кроули за О.Т.О. Меѓународната Централа.

http://www.otoaustralia.org.au/

Tau Merlin е член на О.Т.О. веќе 22 години. Тој е Бискуп на Гностичката Католичка Црква од Норвешка кој има широко практично искуство во поглед на Магика, комбинирајќи разновидни извори и системи.

http://www.oto.no/

Advertisements