Поезија

Вратете ме на Огнот…


Ако е Живот само она по кое што Kопнееме,
Вратете ме на Огнот!

Ако е Живот само Смртта,
тогаш вратете ме на Огнот.

Кога Времињата ќе престанат да постојат,
Kога Здивот ќе се скамени
помеѓу Смртта и Животот,
Kога Водата ќе престане да тече
и ќе бара одмор од вечното шепотење,
Kога Земјата ќе го замрази Ветрот
и неговото вечно лутање,
Kога Љубовта со нож-заблуда
ќе престане да убива,
Kога Имињата
ќе бидат само спомен на Иднината,
Kога Минатото ќе се помеша со Вечноста -Убијте ме.

Убијте ме со мисла.

Со Ветер сличен на празнина
пратете глас-самотија,
да талка, бара души самотни,
вечни талкачи низ Ништото,
да бара Заборав…

Убијте ме со Човечност, со Збор…

Но,
Вратете ме на Огнот,
Последното мое и твое почивалиште,
Тајна над Тајните.

Fra. А.

Advertisements