Харпократ во симболика и пракса


Во овој есеј би сакал да ја претставам симболиката на Харпократ (Ἁρποκράτης, Хоор – па – краат) во симболизмот на Телема и неколку начини на кои алегоријата на тие симболи би можеле да ги култивираме на нашиот Пат и извршувањето на Големото Дело. Секако искористувајќи го Вашето внимание бидејќи сме на самиот почеток на есејот би сакал да напоменам дека овие нешта се гледани лично преку мојот објектив – тоа не би требало да значи дека заинтересираниот читател истото би требало да го прифати како догма. За сега беше доволно презентирање на внимателност и нежност, затоа да преминеме на теорија, а можеби подоцна и на работа.

Формата на Харпократ, насекаде користена и позната во светот на церемонијалната магика има за цел да ја зацврсти и заштити нашата аура. Секојдневното превземање на истата била препорачана од Fra.PERDURABO во магиската работа на секој аспирант:

„Сине мој, за да би можел добро да се одбраниш од твоите призрачни Непријатели, постојано користи ги во работата Средствата што се пропишани во нашите Свети Книги.

Никогаш не занеарувај ги четирикратните Обожавања на Сонцето во неговите четири Положби, зашто преку тоа го потврдуваш своето Место во Природата и нејзините Хармонии.

Не занемарувај го Изведувањето на Ритуалот на Пентаграм и Преземањето на Формата од Хоор-па-Краат. 

Книга на мудроста или лудоста, А. Кроули

Но, за да дознаеме како да ја изведуваме или превземеме формата на Харпократ пожелно е да ги проучуваме египетските и гностичките списи согласно со симболичкиот број поврзан со него. Исто така ќе ни послужи и „Книгата на Тот“ но бидејќи е доста мала ќе оставам на вас да го откриете местото на Тишината во неа.

Истата форма веќе достапна во многу Телемитски ритуали би требала да стане Ваша алатка, а не само предмет на медитација или техника кога изведуваме истерувачки ритуал. Само на тој начин истата за Вас ќе претставува не само јајцевидна заштитна улога пред пракса, но и мистичен извор на разбирање, мудрост која ќе Ве води и кон разбирање и кон воспоставување на контакт со целиот Универзум.

Поедноставно кажано, Универзумот би требало да стане свесен за Вашето Големо Дело.

Погледни тоа е разоткриено од Аиваз, пратеникот на Хоор-паар-краат.

Liber AL vel Legis, I:7

Исто и коментарот за стихот:

„Кој го обожуваше Херу-па-краат ме обожуваше мене; погрешно, оти јас сум обожувателот.“

Liber AL vel Legis, II:8

гласи:

„He is symbolized by Harpocrates, crowned child upon the lotus whose shadow is called Silence. Yet His Silence is the Act of Adoration; not the dumb callousness of heaven toward man, but the supreme ritual, the Silence of supreme Orgasm, the stilling of all Voices in the perfect rapture.“

Old Commentary of Liber AL vel Legis, II:8

Додека новиот коментар гласи:

„Harpocrates is also the Dwarf-Soul, the Secret Self of every man, the Serpent with the Lion’s Head. Now Hadit knows Nuit by virtue of his ‘Going’ or ‘Love.’ It is therefore wrong to worship Hadit; one is to be Hadit, and worship Her. This is clear even from His instruction “To worship me” in verse 22 of this chapter.“

Законот е за Сите, популарни коментари на Liber AL

Ќе оставам на Вас да го најдете местото на Харпократ во „Книгата на Законот“ и неговата важност во Телема преку книгите во Класа А.

***

Сега би сакал да дадам една моја сугестија за пракса:

Седнати во својата асана, најдете момент кога Вашите мисли ќе бидат средени барем едно ниво погоре од кога не седите во тишина. Визуелизиррајте се себе си како дете кое седи на златен лотосов цвет, со показалецот на своите усни. Околу себе можете да визуелизирате црно јајце (1), воедно да направите астрален амбиент достоен за оваа мала инвокација; на пример можете да визуелизирате дека околу Вас се пирамидите, од небото Ве грее силно Сонце, а токму пред Вас шумоли реката Нил полна со крокодили кои не Ви наштетуваат, но гледаат кон Вас со почит. Доколку Ви е по Волја можете и да го вибрирате името на Хоор-пар-Краат.

Воедно ја визуелизирате експанзијата на Вашата аура и како таа станува се посилна, доколку Ви е по Волја, допрена од Светлината на Кетер создавајќи една алхемиска реакција на црното јајце и Бесконечната Светлина. По будењето од дваесет минутната асана (временски кај секој би требало да биде индивидуално) пожелно би било да тропнеме 333-55555-333 со цел звукот да не „разбуди“ и да ни даде безбедно враќање во реалноста.

***

Доколку истражуваме повеќе за настанокот на светот според Таоизмот ќе забележиме дека и кинезите имале своја теорија за настанување на Сè од празнина, а согласно со Ведската Татва за Дух – Црното Јајце кое настанало како резултат на Вечниот Хаос по 18.000 годишна љубов помеѓу елементите и гасовите на небото и Земјата. И од овде по се изгледа дека на почетокот за да биде Зборот, неопходно беше да постои вечната празнина во од која ќе насатане и во која истиот ќе се врати. Можеби затоа:

Aleph = Харпократ = Будала (АТУ O)

Како близнак на Хорус и почетокот на Новиот Еон, плод на Озирис и Изида, како симбол на Силата и Тишината, како Будала која ќе се фрли во Оганот на самоспознавањето.

„For two things are done and a third thing is begun. Isis and Osiris are given over to incest and adultery. Horus leaps up thrice armed from the womb of his mother. Harpocrates his twin is hidden within him. Set is his holy covenant, that he shall display in the great day of M.A.A.T., that is being interpreted the Master of the Temple of A∴A∴, whose name is Truth.“

Liber A’ash vel Capricorni Pneumatici sub figurâ CCCLXX , A∴A∴ Publication in Class A

Fra. S.S

P.S. Со скромно надополнување со цитати од страна на Fra. A.


(1) Црно јајце како татвата за Акаша или симболот на Дух кај хиндусите (доколку сте спремни да откриете други бои и симболики на аурата, би требало да го замените тоа во Вашата индивидуална пракса)

Advertisements