Абрасакс или Абраксас – Богот кај Гностиците


Се надевам дека се повеќе читатели на овој есеј до сега се слушнале за Абраксас како поим во раниот Гностицизам и дека овој текст само ќе ги прошири нивните хоризонти и ќе им даде нови идеи и правци, како и информации за што Абраксас би можел да значи и гледано од Телемитски аспект, кое би можело да биде неговото место или пак поврзаноста со неговата симболика во Новиот Еон.

За почеток, би сакал да ги нагласам неговите атрибути со цел читателот да добие една умствена слика за самиот предмет кои ќе го анализираме во следниот есеј.abraxas1Абраксас се појавува како суштество со човечко тело, глава на петел, во едната рака држејќи меч, а во другата штит. Место нозе тој стои на две змии, а најважно од се е да забележиме дека на неговиот штит стои изгравирана формулата IAO, а во некои случаи и SABAOTH.

На почетокот на Гностичката Миса, Ѓаконот го прогласува почетокот со овие зборови:

„Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон. Го прогласувам Законот на Светлина, Живот, Љубов и Слобода во името на IAO.“
Liber XV, Гностичка Миса на E.G.C.

За да би доловил малку повеќе за Abraxas ќе се обидам да употребам нумерологија, но повеќе значење ќе и дадам на гематријата како поверодостојна алатка.

Напишано на латински името на Abraxas содржи седум букви исто како што постојат и седум свети планети според Кабалата и Дрвото на Животот. Денес во Телема тоа значење го даваме на Бабалон гледајќи по некои нумеролошки и геометриски методи доколку го земеме хептаграмот како Нејзин симбол.

Земајќи го во обзир латинското, грчкото и египетското потекло на зборот Abraxas несомнено можеме да се обидеме со гематриски пресметки и ќе забележиме дека и самата историја на Abraxas и самата практичност во неговото гематриско пресметување ќе не однесе до грчката гематрија како метода да го осознаеме значењето на неговото име.

Α = 1, β = 2, ρ = 100, α=1, ξ = 60, α=1, σ = 200
значи
Α
βραξασ
1+2+100+1+60+1+200 = 365

На Земјата и се потребни 365 денови во годината да направи цел круг на нејзината оска околу Сонцето. Но значењето на бројот 365 во овој случај е поврзано со тврдењата на Гностичкиот и католички светец Иранеус1 дека светот бил создаден заедно со 365 неба во чест на Abraxas и дека самиот Христос бил испратен од него.

Бројот 365 ќе го добиеме ако одиме и со хебрејска гематрија и според Sepher Sephiroth вредноста е еднаква на:

Земја од Тифарет נשיה
Откривање, разоткривање/изложување – פריעה

Постојат и други значења кои ќе оставам да ги откриете сами бидејќи се помалку важни во исполнувањето на целта на овој есеј – да се најде постоечка поврзаност на Abraxas со Телема.

Пред да го дадам своето мислење во врска со Телема и симболиката на Abraxas би сакал да ги нагласам атрибутите на малку по детално ниво.

Глава на петел – птицата го означувала интелектот и доаѓањето на светлината.
Човечко тело со римски штит – самиот човек кои ја прима духовната светлина.
Секирата и штитот2секирата ја претставува моќта, а штитот мудроста.
Змиите како нозе – ја симболизираат иницијацијата односно воведот во сето ова.

Според сето ова Abraxas всушност претставувал интелигеција со која секој гностички аспирант би требало да се стреми во соединување со истата во својот живот на Земјата.

Самото учење на многу духовни движења во минатото било насочено кон моќ која што би можела да се достигне само при врвен напор и иницијации при што човекот би можел да завладее со своето себство и да ја открие својата судбина. Нешто слично како во Телемитското трагање кон Знаење и Разговор со Светиот Ангел Чувар. Многу од духовни движења и нивните врховни религиозни водачи тврделе дека веќе имаат успеано во тоа и сите тие користеле некоја форма на Иницијации.

Кај Гностиците се верувало дека соединувањето со тие сили ќе предизвикаат големи промени и зрелост кај колективната свест, но дека аспирантите мораат да ги отфрлат пред се сите догми, да го очистуваат своето тело, ум и дух пред да бидат изложени на Иницијациските патеки. Нивните Иницијациски практики биле од голема важност на нивниот духовен пат, а најинтересно е тоа што верувале дека постојат луѓе кои ќе се ослободат од канџите на незнаењето и темнината и оние кои што ќе останат приврзани за своите ниски страсти и догмите. Нешто што ме длабоко потсетува на стих од нашата Книга на Законот:

Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат.
– Книга на Законот II:58

Но сепак мојата цел не беше наоѓање на сличности помеѓу Гностицизам и Телема бидејќи такво нешто е невозможно, туку наоѓање на симболичките сличности помеѓу овие две доктрини од два сосема различни Еони.

Abraxas и Телема

Во централниот ритуал на O.T.O.,  односно Гностичката Миса на E.G.C., постои дел каде што Свештеникот ги вибрира името на Abraxas и горенаведените формули IAO и SABAOTH односно:

„IO IO IO IAO SABAO KURIE ABRASAX KURIE MEITHRAS KURIE PHALLE. IO PAN IO PAN PAN IO ISCHURON IO ATHANATON IO ABROTON IO IAO. CHAIRE PHALLE CHAIRE PAMPHAGE CHAIRE PANGENETOR. HAGIOS HAGIOS HAGIOS IAO.“
Liber XV, Гностичка Миса

Следното вибрирање на Свештеникот ја претставува неговата реакција гледајќи ја Свештеничката откако таа ја има превземено Боженствената форма после изговарањето на зборовите на Нуит од првото поглавје од Книгата на Законот.

Останатите значења на овие нешта во Мисата ќе оставам да ги откриете самите, а за тоа ви е неопходно студирање на Гностичката Миса.

Централниот предмет на обожувањето на Темпларите, Божеството илустрирано и објаснето од Елифас Леви и превземањето на неговото име од страна на Алистер Кроули, станувајќи Надворешен Водич на Редот односно (O.H.O) на О.Т.О, кое исто така добива место во Гностичката Миса и во Гностичкото Кредо каде што гласи

„ … и верувам во Змијата и Лавот, Тајна над Тајните, во Неговото име Бафомет.
Гностичко Кредо, Liber XV

исто така можеме да го поврземе со Abraxas не само со оглед на тоа што се вплотени во едно во Гностичката Миса во горенаведениот дел во однос на Abraxas и на PAN, Се-содржател, чии што симболи се изводливо поврзливи со атрибутите на Бафомет како Јарец. Но и самата идеја дека Бафомет претставува „симбол на иницијација“ исто како што тоа бил Abraxas во стариот еон кај раните-Гностици.

Елифас Леви, во својата книга „Догма и Ритуал на Високата Магика“ за Абраксас вели:

„ … let us affirm without evasion that the Great Magical Agent – the double current of light, the living and astral fire of the earth – was represented by the serpent with the head of an ox, goat or dog, in ancient theogonies. It is the dual serpent of the caduceus, the old serpent of Genesis, but it is also the brazen serpent of Moses, twined about the Tau, that is, the generating lingam. It is, moreover, the Goat of the Sabbath and the Baphomet of the Templars; it is the Hyle of the Gnostics; it is the double tail of the serpent which forms the legs of the solar cock of Abraxas. In fine, it is the devil of M. Eudes de Mirville and is really that blind force which souls must overcome if they would be freed from the chains of earth; for, unless their will can detach them from this fatal attraction, they will be absorbed in the current by the force which produced them, and will return to the central and eternal fire.“
„Dogma et Rituel de la Haute Magie“, Е. Levi

lion-serpent.jpgЗаедно Abraxas и Бафомет ја симболизираат астралната светлина и ист е квалитетот на нивната практичност кај магичарот кои се стреми кон висините прифаќајќи ја неопходноста на втемелувањето во ниските состојби под формулата Solve et Coagula.

Велат дека Аbraxas е самиот човек кои го создава и уништува својот свет, а Бафомет исто така неоделив субјект од човештвото доколку се водиме по прописите на нашите ритуали во Телема. Свештеникот:

„О Лаву и О Змијо, кој го уништуваш уништувачот, биди моќен помеѓу нас“
Liber XV, Гностичка Миса

Исто така важно е да се нагласи дека зборот на Еонот, ABRAHADABRA, кој што е даден во „Книгата на Законот“, а објаснет на многу места низ нашите свети книги, има историска поврзаност со зборот Abraxas.
Во Телема оваа теза можеме да ја забележиме во ритуалот даден во Liber Samekh, каде што е Абраксас, или Абрасакс е едно од „Варварските Имиња“ кои се призиваат во ритуалот.

Abrasax           “……of the Father, the Sun, of Hadith, of the spell of the Aeon of Horus!”
– Liber Samekh

Fra. Sapientia Solis


1.Во овој случај важно е да се нагласи дека Иранеус не е еден од светците во EGC.
2. Да не заборавиме дека на штитот може да биде изгравирана формулата IAO и SABAOTH.

 

Advertisements