Учење, The Path Within


Не мисли дека секогаш ќе бидеш среќен на овој пат.

Те грабнал лав, драги мој.
Пријателот ти фрла куп малтер на глава.
Гледај го ко да е скап парфем.

10527674_921362561213342_5928627002076286700_n
„Книга на Лаги“, А. Кроули

Во тебе е едно чудовиште кое мора да се врзе и камшикува.

Види како човек тресе тепих.
Не му е лут на тепихот.
Само сака со тепалката да ги разлабави калливите наслаги од нитките.
Наслагите на сопството не се разлабавуваат со само еден удар.

Постојана работа треба, дисциплина.

На соне, дури и на јаве,
ќе го слушаш љубениот како вика по тебе.

Дрводелецот сече и резба парче дрво,
оти знае токму како сака да го употреби.
Додека ја штави кожата,
кожарот втрива киселина во неа и секакви нечистотии.

Вака се прави убава мека кожа.

– Мевљана Џалалудин (Џалал ад-Дин) Мухамед Руми

Advertisements