Без Наслов


– од братот O.

Ако некогаш успеам да ја најдам Мислата која секогаш ќе ме враќа кон Tвоите човечки пусти патишта, твоите бледи мисли кои никогаш не беа мои, твоите празни зборови накитени со најтаинствените шепоти кои може да ги состави ветрот на земјата, тогаш ќе се убијам. Ќе се убијам на најкрвавиот можен начин, бидејќи не ја сакам Крвта. Ќе се убијам кога Месечината ќе биде на пола пат за да се сретне со Сонцето.

Ќе се убијам на начин кој нe можеш ни да го замислиш ниту насетиш.

Ќе се убијам во зората на Ѕвездата Деница, исто како и во времето кога те сретнав на пустата раскрсница на Животот, каде се вкрстуваа две патеки, кои не водеа никаде, каде Ѓаволот ги чекаше своите први муштерии, кога кучињата лаеа на последната ѕвезда бркајќи ја назат во својот пекол на битисување, а злото договараше кладба со времето за да си ја измери силата во Универзумот.

Во тој миг, ако е миг, ќе си го распорам умот-мешина и ќе го удавам во илјадници идеи кои ќе ја загадат таа мисла за Тебе. Во тој миг ќе се изгубам во себе самиот, во своите лавиринти, како Пан – Се уништувачот, Кругот на Ништото, бидејќи од секогаш сум ја сакал Најголемата Тајна на Внатрешноста на Земјата.

*        *       *

Знам дека ќе ме бараат мислите на сегашноста да се вратам и да заборавам каде сум бил и што сум бил, бидејќи не знам да заборавам. Да се ослободам од тие мрачни коридори на веќе видени идни, сегашни и минати настани? Зарем ќе се ослободам? Зарем сакам да се ослободам од минатото?

Но, секако, ќе победам на мој начин. Ќе се раскажувам бескрајно во иднината за да не заборавам кој сум бил, кој сум и кој ќе бидам. Ќе си раскажувам од каде сум тргнал и каде одам, за да не исчезнам, и не залутам по Патот на Сонцето.

Знам дека Нема да се предаде Умот. Тој стар воин кој иако го има во своја сопственост најостриот меч со кој се сече и мислата, не знае како е искован тој Меч. Како да се победи таков воин, кој во едната рака го држи мечот на Разумот а во друга Светлината на Мракот?

Сепак сме Луѓе!

Но, колку и да сум изморен, и заборавен, оставен сам во себе, сам за себе на Прашливиот Друм на проклетото животарење, Другиот е секогаш спремен за наредната битка во Зората на Денот, со изгравирани зборови на неговиот златен штит:

За чиста волја,
неослабена од причина,
ослободена од страста за резултатот,
секој пат е совршен.

За да ме потсети на Минливоста, на Последицата, на Крајот, на Патот кој се изминува и кој е поважен и од самиот Крај кон кој сум тргнал!!!

Advertisements