Индивидуалноста на аспирантот и Редот

Многумина ме имаат прашано ако не ти се потребни догми, ако не ти се потребни туѓи искуства и вредности, зошто ти е потребно да припаѓаш на организација како што е О.Т.О?

Одговорот е:

Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму.

Мојот став за тоа е дека потребата да се припаѓа на колектив има две насоки:

  • кога ги присвојуваш вредностите, ставовите и интересите на истиот како свои,
  • кога своите вредности, ставови и интереси ги препознаваш во одреден систем.

Обично мнозинството се пронаоѓа себе си во првиот случај. Индивидуата неможејќи сама да си го пронајде сопствениот идентитет, го присвојува оној на колективот. Во таа ситуација, вредностите на колективот поединецот ги доживува како сопствени, исто е и со успесите и поразите, па и со моралните стандарди.

Најекстремниот случај на асимилација на индентитетот е кога на поединецот за да функционира како човек му стануваатtumblr_maagryjvz41qi7kaao1_500 неопходни ограничувањата или забраните на општеството или религијата. Во таа ситуација неговите потсвесни нагони и потреби се манифестираат на сличен начин како и хомофобијата кај латентните хомосексуалци. Кога врзано куче ќе го ослободиш од синџирот после подолго време, тоа по дифолт почнува да трча иако никој не го приморал на тоа. Така и оној што смислата на своето постоење ја гледа само преку дозволи и забрани – оној што мора да биде тепан и врзан за да не излезе од контрола, во ситуација кога ќе му кажат прави што ти е Волја, тоа го гледа како заповед да ги прави токму оние нешта кои ги потиснувал и му биле забранети.

Телемитот е свесен дека неговата природа е уникатна, посебна и неменлива. 

Неговата аспирација да биде дел од Редот е групирање со кое орбитата на ѕвездата се доближува (ги препознава сличностите во принципите и ставовите) до орбитите на останатите ѕвезди. Секој друг мотив или цел е загадување на чистата вистинска Волја со страст за резултат.

Зарем не е запишано во „Книгата на Законот“:

За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.

Многу злонамерни луѓе ги занемаруваат овие принципи и даваат погрешни интерпретации за природата на мотивите, намерите и целите на иницијантите.

Таблоидите се посебно вредни во таа насока, барајќи жртва за ставање на тапет. Со единствена цел да се предизвика сензационалност на написот и да се добие што поголема читаност, се обидуваат Редовите како О.Т.О да ги претстават како “секта” со опасни и зли намери. Таквата деструктивна тенденција да се уништи и демонизира непознатото, многупати носела декаденција и страдање на цели општества.

Сепак колку и да звучи контрадикторно, сметам дека овие ситуации се неопходност во созревањето, бидејќи тие се предизвикот со кој растат и осознаваат иницијантите. Еден вид колективна рефлексија за поединечните индивидуални искушенија низ кои поминува иницијантот.

Универзумот не би опстоил без парадоксите.

Еден од тие парадокси е неопходноста од ситуациите кои ги перцепираме како штетни, бидејќи преку нив осознаваме. Тие се како контрастот на таблата кој и овозможува на белата креда да дојде до израз и да ја пренесе пораката. Таа неопходност е парадоксот кој како алхемиска реакција од штетноста прави корисност, а од проблемот предизвик.

На некој начин тоа и е одговорот зошто сме во Редот, да бидеме “железото” кое ќе се трансформира во благороден метал.

„Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“ – Liber AL vel Legis

Fra. Ignis

Advertisements

Под Бајракот на Волјата

Несомнено, мораме да признаеме дека на секој од нас му недостасува некоја способност.

Меѓу бескрајните можности на Нуит секогаш постојат некои кои немаат аналогни точки на контакт со секој даден Ку.

На пример, Ку на машкото тело неможе да се оствари преку квалитет на мајчинство. Секоја таква празнина мора да се прифати како нужно ограничување, без жалење и залудно стремење по неможното.

Но, ние мораме да внимаваме, предрасудата или некоја друга лична склоност да не исклучат некој вид на самореализација, кој е природен за нас. Во нашата иницијација искушенијата мораат да бидат темелни и исцрпни. Запоставувањето на развојот на една единствена моќ може да резултира со деформација.

Колку и да изгледа тоа незначително, сепак може да доведе до фатални последици; древните адепти го поучуваа тоа преку параболата за петиците на Ахил.

Од суштинска важност за Аспирантот е да направи систематска студија на секоја можна желба, мртов ладен кон секоја од нив, и да ги распореди своите армии во борбени редови под Барјакот на неговата Волја, откако совршено ја проценил можноста на секоја единица и се осигурал во нивната лојалност, дисциплина, храброст и ефикасност. Но, тешко на оној, кој остава празнина во својот живот или една рака неподготвена да ја исполни целосно должноста во состојба, која е соодветна на неговите својствени можности.

Извадок од – “Законот е за сите” од Алистер Кроули.

За Вистината

Таа иста Вистина, која е Светлина, која се подразбира во секоја искра на Разбирливото, што е таа ако не Себството на Секој Човек? Таа е она кое го одредува секоe негово движење, она кое лежи најблиску до неговото срце и душа, и навистина претставува нивна главна пружина и бројчаник, принцип на одделување и на мерење.

Иницијацијата, етимолошки, е патување навнатре, Патешествие на Откривање (О Прекрасен Свет!) на сопствената Душа. И тоа е Вистината која стои на клунот од бродот, секогаш на готовс, тоа е Вистината која бдее и со силната рака ја крепи крмата!

Вистината е нашиот Пат и Вистината е нашата Цел, Да! Ќе дојде за сите момент на голема Светлина кога ќе се покаже дека Патот е самата Цел, и во тој час секој од нас ќе извика:

“ЈАС СУМ ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ!”

Да, и Животот исто така, Вечен Живот во безграничен Простор, оти што е животот ако не продолжено разрешување на различните спротивности преку грчот на Љубовта под Волја, т.е преку постојана, експлозивна, оргијастична перцепција на Вистината, растворање на подвоеноста во една блескава ѕвезда на Вистината која вечно се врти и се движи, исполнувајќи го Небото со Светлина?

Извадок од книгата: “Мали есеи за Вистината”  – А. Кроули.

Препород на Магиката – За Телема

Универзумот е исполнување и вкупен збир на сите можности. Навистина може да се каже дека тоа е така по дефиниција.

Свесното суштество, т.е. еден индивидуален центар на свесност, Монада – неможе да поседува квалитети по себе. Нејзината идеја за постоењето не само на Универзумот туку и на самата себе очигледно зависи и се совпаѓа со оние серии на можности кои таа самата ги има искусено. Оној дел од Универзумот, кој сеуште не влегол во сверата на нејзиното искуство за неа не постои. Тоа е како нов свет – универзум кој чека да биде откриен.

Секое свесно суштество оттука мора да се разликува од секое друго поради својата положба во универзумот, но не изразена во должина и ширина, ниту пак во време и простор, туку повеќе преку степенот или состојбата на свесност, или точката на гледање. Неговиот идентитет, исто така, нужно мора да биде чиста негација.

Вредноста на секое суштество се одредува преку квантитетот и квалитетот на оние делови од универзумот, кои ги има откриено и кои оттука ја сочинуваат неговата сфера на искуство. Таа расте преку проширувањето на ова искуство, по пат на зголемување на оваа сфера. Во случајот на две суштества кои поседуваат мало или никакво заедничко искуство, взаемното разбирање очигледно е невозможно.

Оттука се гледа дека симпатијата е повеќе прашање на искуство кое приближно се совпаѓа, или барем коинцидира со поголемиот дел од искуствата кои имаат посебна вредност за двете единки.

Вистинската вредност на секое ново искуство се одредува преку неговата погодност за зголемување на вкупниот збир од знаењето или преку степенот на разбирање и просветлување кое тоа го фрла врз предходните искуства.

Како општо правило, значи колку е поголем збирот на истовремени искуства на кои било две суштества, поголема е веројатноста за нивно општо согласување.

Оттука, во одреден момент од развојот многу веројатно е дека едно суштество ќе го разгледува секое несогласување со себе како дефинитивна грешка, а тоа е крајно важен стадиум во напредокот да се заземе навикнат став на умот кој сваќа дека секое различно гледиште на дадено прашање не се должи на морално застранување, туку на поголема разновидност од усвојливи искуства. Таквите личности растат на многу посебен начин кога ќе научат да ги пречекуваат различните гледишта и спротивставени искуства и кога ќе бараат да ги асимилираат, разбирајќи дека ова е најдобриот можен начин со еден удар да се стекнат многу нови искуства наместо да се поминува детално низ нив.

Извадок од книгата: “Препород на Магиката” од Алистер Кроули, достапна и на македонски јазик.

 

Мали есеи кон вистината – Љубов

 “Мали есеи кон вистината” од Алистер Кроули

Формулата на Тетраграматонот е совршен математички израз за Љубовта. Нејзината суштина е следнава: секои две работи се соединуваат со двоен ефект; првин уништување на двете, проследено со екстаза која се должи на олеснувањето од напорот на одвоеност; потоа создавање на трето нешто, проследено со екстаза на оствареното постоење, која е Радост се додека со развојот не стане свесна за сопствената несовршеност и љубов.

Оваа формула на Љубовта е универзална; сите закони на Природата се нејзини слуги. Оттука гравитацијата, хемиската валенца, електричниот потенцијал и останатите – и овие се само аспекти на општиот закон – се многубројни (различно набљудувани) потврди на ова единствено тежнеење.

Универзумот се одржува преку двојното дејство што е вклучено во формулата. Исчезнувањето на Таткото и Мајката прецизно се надополнува со појавата на Синот и Ќерката. Затоа тоа може да се разгледува како perpetuum mobile машина, која континуирано развива восхит во секоја од нејзините фази.