Света Телемитска Сезона

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Како што знаете, ние, Телемите, секоја година, за време на пролетната рамнодневница го прославуваме „Еквиноксот на Боговите“ во чест на големата промена на Магиската Формула која го донесе Новиот Еон.
Кроули за „Еквиноксот на Боговите“ вели:

„Еквиноксот на Боговите е израз кој што се користи за да се опише Почетокот на Нов Еон, или Нова Магиска Формула. Треба да се празнува на секоја Рамнодневница…“
– Нов Коментар на Liber AL, II:40

Оваа промена на Еоните следуваше по Врвниот Ритуал (Призив на Хорус) кој што го изведе Кроули во Каиро, 20 март, далечната 1904 година. Во „Еквинокс на Боговите“, Дел IV од „Магика, Книга  4“ има дел од дневникот на Кроули во кој што е запишано:

„March 16
Began INV. (invocation) IAO (Given in Liber Samekh: see “Magick.”)
March 17
THOTH [in Greek] appeared. (Thoth, the Egyptian God of Wisdom and Magick.)
March 18
Told to INV. (invoke) HORUS [in Greek] as the sun [drawn] by new way.
March 19
Did this badly at noon 30.
March 20
At 10 p.m. did well–Equinox of Gods–Nov–(? new) C.R.C. (Christian Rosy Cross, we conjecture.) Hoori now Hpnt (obviously “Hierophant”).

Book of Results:
20 March
Revealed (We cannot make out if this revelation comes from W. or is a result of the ritual. But almost certainly the former, as it precedes the “Great Success” entry) that the Equinox of the Gods is come, Horus taking the Throne of the East and all rituals, etc., being abrogated.
(To explain this, the analogy is between the “new formula” given by the “Word” every six months in the Order, and that given every couple of thousand years (more or less) by the Word of a Magus to the whole or part of Mankind. The G.D. ritual of the Equinox was celebrated in the spring and autumn within 48 hours of the actual dates of Sol entering Aries and Libra.)
Great success in midnight invocation.\\
(The other diary says 10 P.M. “Midnight” is perhaps a loose phrase, or perhaps marks the climax of the ritual.)\\
I am to formulate a new link of an Order with the Solar Force.
Магика, Книга 4, Дел IV, Еквинокс на Боговите

Овие два настани Врвниот Ритуал или Инвокација на Хорус, како и Промената на Еонот – Еквинокс на Боговите се прославува од страна на Телемитите, како што е запишано и во „Книгата на Законот“:

„Но вие, о мој народе, дигнете се и разбудете се!
Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
Постојат ритуали на елементите и прослави на времињата.
Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
Прослава за Тахути и детето на Пророкот – тајна, О Пророку!
Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Рамноденицата на Боговите.
Прослава за оган и прослава за вода; прослава за живот и уште поголема прослава за смрт!
Прослава секој ден во вашите срца во радоста на мојот восхит!
Прослава секоја ноќ за Ну, и задоволство на крајниот занес!
Навистина! празнувајте! радувајте се! нема страв од сега натаму. Разложувањето, и вечната екстаза се во бакнежите на Ну.
Смртта е за пците.“
Книга на Законот, II:34-45

Помеѓу примањето на „Liber AL vel Legis“ на 8,9 и 10-ти Април и Еквиноксот на Боговите, 20 Март – има точно 22 дена!

Овие 22 дена, од 20 март кога е изведен Врвниот Ритуал, па до 10 април, кога е и третиот ден од примањето на „Книгата на Законот“ во Каиро, се нарекува „Света Телемитска Сезона“.

Ако се сеќавате, на Дрвото на Животот има точно 22 патеки, толку хебрејски букви, исто и толку Големи клучеви од Тот таротот!
Подолу ќе видите листа каде што на секој ден од 20 март па до 10 април му е препишана една буква од хебрејскиот јазик (една патека од Дрвото на Животот), една карта од Тот таротот и на крај соодветен текст од нашите Свети Книги!

  • Март 19 – Liber VII, “Пролог на Неродениот”
  • Март 20 – ת Тав, Универзумот: Liber LXV, Глава I
  • Март 21 – ש Шин, Еонот: Liber LXV, Глава IV
  • Март 22 – ר Реш, Сонцето: Liber VII, Глава IV
  • Март 23 – ק Коф, Месечината: Liber VII, Глава VI
  • Март 24 – צ Цади, Императорот: Liber Tzaddi vel Hamus Hermeticus
  • Март 25 – פ Пе, Кулата: Liber VII, Глава I
  • Март 26 – ע Ајин, Ѓаволот: Liber A’ash vel Capricorni Pneumatici
  • Март 27 – ס Самек, Уметност: Liber ARARITA, Глава VII
  • Март 28 – נ Нун, Смрт: Liber Arcanorum
  • Март 29 – מ Мем, Обесениот Човек: Liber LXV, Глава III
  • Март 30 – ל Ламед, Прилагодување: Liber Libræ
  • Март 31 – כ Каф, Среќа: Liber VII, Глава III
  • Април 1 – י Јуд, Пустиникот: Liber VII, Глава V
  • Април 2 – ט Тет, Страст: Liber Stellæ Rubeæ
  • Април 3 – ח Хет, Кочијата: Liber Cheth
  • Април 4 – ז Зајин, Љубовниците: Liber LXV, Глава II
  • Април 5 – ו Вав, Хиерофантот: Liber LXV, Глава V
  • Април 6 – ה Хе, Ѕвездата: Liber ARARITA, Глава VI
  • Април 7 – ד Далет, Царицата: Liber VII, Глава VII
  • Април 8 – ג Гимел, Свештеничктата: Liber Legis, Глава I (Нуит)
  • Април 9 – ב Бет, Магусот: Liber Legis, Глава II (Хадит)
  • Април 10 – א Алеф, Будалата: Liber Legis, Глава III (Херу-Ра-Ха)

Љубовта е закон, љубов под волја.

AHA – Secret of the Way of Initiation

Liber AHA е една од оние книги за кои е премалку да се каже дека е одлична или пак „книга надвор од времето“, вредна за читање за секој сериозен истражувач на философијата и учењето на Телема.

Вasdо неа на суптилен, но сметам, со доволно јасен јазик, е даден Патот на Иницијацијата преку симболи предадени во форма на дијалог, помеѓу адептот и аспирантот, Continue reading “AHA – Secret of the Way of Initiation”

Only one fish-hook can draw me out

Жешка ноќ.
Легнуваш да спиеш, не бидува.
Жештини. И однадвор и одвнатре – мисли бесконечни.
Бесконечни се и превртувањата на телото да најде положба која ќе го задоволи за да одмори. Внатрешниот вулкан од мисли полни со електрицитет не мирува ниту за миг!
Ете што произлезе од сето тоа едночасовно мачење да се заспие на сила.

За чистата волја, ослободена од страста за резултат

„За чистата волја, неослабена од причина,
ослободена од страста за резултатот,
секој пат е совршен.“
Книга на Законот, I:44

 

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

 

Цитатите што следуваат подолу, искористени како доказ на тезата која мислам да ја презентирам пред вас, не се на македонски јазик, а и подобро е понекогаш да се сподели размисла во оригинална форма, за да не се загуби нешто при преводот. Извадоците што следуваат се мали, од неколку коментари на „Книгата на Законот“, пишувани во различни временски периоди, од „Багавад Гита“, од „Законот е за Сите“, коментари на „Книгата на Законот“ од страна на Кроули (достапна на македонски јазик).

Continue reading “За чистата волја, ослободена од страста за резултат”

Харпократ во симболика и пракса

Во овој есеј би сакал да ја претставам симболиката на Харпократ (Ἁρποκράτης, Хоор – па – краат) во симболизмот на Телема и неколку начини на кои алегоријата на тие симболи би можеле да ги култивираме на нашиот Пат и извршувањето на Големото Дело. Секако искористувајќи го Вашето внимание бидејќи сме на самиот почеток на есејот би сакал да напоменам дека овие нешта се гледани лично преку мојот објектив – тоа не би требало да значи дека заинтересираниот читател истото би требало да го прифати како догма. За сега беше доволно презентирање на внимателност и нежност, затоа да преминеме на теорија, а можеби подоцна и на работа. Continue reading “Харпократ во симболика и пракса”