Есеи – Тема Телема

Листата подолу содржи 100 есеи до овој момент на блогот (подредени од најновиот па до најстариот), кои на некој начин се поврзани со философијата и учењето на Телема, без разлика дали содржат директно објаснување на поими и учења во системот познат како Законот на Телема или пак се на „таен“ начин поврзани со овој Закон или повлекуваат знаење од овој систем.

Прочитајте, истражувајте, спознајте – повеќе!

Continue reading “Есеи – Тема Телема”

Advertisements

За чистата волја, ослободена од страста за резултат

„За чистата волја, неослабена од причина,
ослободена од страста за резултатот,
секој пат е совршен.“
Книга на Законот, I:44

 

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

 

Цитатите што следуваат подолу, искористени како доказ на тезата која мислам да ја презентирам пред вас, не се на македонски јазик, а и подобро е понекогаш да се сподели размисла во оригинална форма, за да не се загуби нешто при преводот. Извадоците што следуваат се мали, од неколку коментари на „Книгата на Законот“, пишувани во различни временски периоди, од „Багавад Гита“, од „Законот е за Сите“, коментари на „Книгата на Законот“ од страна на Кроули (достапна на македонски јазик).

Continue reading “За чистата волја, ослободена од страста за резултат”

Харпократ во симболика и пракса

Во овој есеј би сакал да ја претставам симболиката на Харпократ (Ἁρποκράτης, Хоор – па – краат) во симболизмот на Телема и неколку начини на кои алегоријата на тие симболи би можеле да ги култивираме на нашиот Пат и извршувањето на Големото Дело. Секако искористувајќи го Вашето внимание бидејќи сме на самиот почеток на есејот би сакал да напоменам дека овие нешта се гледани лично преку мојот објектив – тоа не би требало да значи дека заинтересираниот читател истото би требало да го прифати како догма. За сега беше доволно презентирање на внимателност и нежност, затоа да преминеме на теорија, а можеби подоцна и на работа. Continue reading “Харпократ во симболика и пракса”

Опасности од Мистицизмот

Преземено од официјалната страница на
О.Т.О. Македонија

“Срдечно Посветено На Артур Едвард Вејт”[1]

НЕОБИЧНА идеја упорно се шири, и се чини добива поддршка, дека мистицизмот е “Безбедна” Патека до Највисокото, а пак магиката е опасниот пат кон најниското.

Треба да се дадат неколку коментари по повод ова тврдење. Може да се сомневаме дали воопшто некоја вредна работа е безопасна, и може да се чудиме каква опасност може да му се закани на човекот чија цел е неговото сопствено и целосно уништување. Може, исто така, малку заканувачки да се насмевнеме на интегритетот од оние, кои се обидуваат да ја вклучат сета Магика под Црна Магика, каков што е тековниот трик на Мистичниот Милитант овде на земјава. Continue reading “Опасности од Мистицизмот”

Голема чест ми е да Ве известам дека со задоцнување излезе новиот број на весникот САМЕК.

САМЕК е периодичен е-весник на О.Т.О. Оазата „Secret Fire“ од Скопје, во кој се обработуваат теми поврзани со Законот на Телема, Ordo Templi Orientis, А.’.A’., размисли од Телемити за теми како астрологија, кабала, магика…

САМЕК е весник во кој што може да најдете интересни размисли со кои ќе Ви се доближи Законот на Телема подобро, весник во кој можете да најдете многу патокази кои ќе Ви помогнат по Вашиот пат.

asd

Повелете, новиот број на САМЕК.