Only one fish-hook can draw me out

Жешка ноќ.
Легнуваш да спиеш, не бидува.
Жештини. И однадвор и одвнатре – мисли бесконечни.
Бесконечни се и превртувањата на телото да најде положба која ќе го задоволи за да одмори. Внатрешниот вулкан од мисли полни со електрицитет не мирува ниту за миг!
Ете што произлезе од сето тоа едночасовно мачење да се заспие на сила.

За чистата волја, ослободена од страста за резултат

„За чистата волја, неослабена од причина,
ослободена од страста за резултатот,
секој пат е совршен.“
Книга на Законот, I:44

 

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

 

Цитатите што следуваат подолу, искористени како доказ на тезата која мислам да ја презентирам пред вас, не се на македонски јазик, а и подобро е понекогаш да се сподели размисла во оригинална форма, за да не се загуби нешто при преводот. Извадоците што следуваат се мали, од неколку коментари на „Книгата на Законот“, пишувани во различни временски периоди, од „Багавад Гита“, од „Законот е за Сите“, коментари на „Книгата на Законот“ од страна на Кроули (достапна на македонски јазик).

Continue reading “За чистата волја, ослободена од страста за резултат”

Харпократ во симболика и пракса

Во овој есеј би сакал да ја претставам симболиката на Харпократ (Ἁρποκράτης, Хоор – па – краат) во симболизмот на Телема и неколку начини на кои алегоријата на тие симболи би можеле да ги култивираме на нашиот Пат и извршувањето на Големото Дело. Секако искористувајќи го Вашето внимание бидејќи сме на самиот почеток на есејот би сакал да напоменам дека овие нешта се гледани лично преку мојот објектив – тоа не би требало да значи дека заинтересираниот читател истото би требало да го прифати како догма. За сега беше доволно презентирање на внимателност и нежност, затоа да преминеме на теорија, а можеби подоцна и на работа. Continue reading “Харпократ во симболика и пракса”

Вратете ме на Огнот…

Ако е Живот само она по кое што Kопнееме,
Вратете ме на Огнот!

Ако е Живот само Смртта,
тогаш вратете ме на Огнот.

Кога Времињата ќе престанат да постојат,
Kога Здивот ќе се скамени
помеѓу Смртта и Животот,
Kога Водата ќе престане да тече
и ќе бара одмор од вечното шепотење,
Kога Земјата ќе го замрази Ветрот
и неговото вечно лутање,
Kога Љубовта со нож-заблуда
ќе престане да убива,
Kога Имињата
ќе бидат само спомен на Иднината,
Kога Минатото ќе се помеша со Вечноста -Убијте ме.

Убијте ме со мисла.

Со Ветер сличен на празнина
пратете глас-самотија,
да талка, бара души самотни,
вечни талкачи низ Ништото,
да бара Заборав…

Убијте ме со Човечност, со Збор…

Но,
Вратете ме на Огнот,
Последното мое и твое почивалиште,
Тајна над Тајните.

Fra. А.