Без Наслов

– од братот O.

Ако некогаш успеам да ја најдам Мислата која секогаш ќе ме враќа кон Tвоите човечки пусти патишта, твоите бледи мисли кои никогаш не беа мои, твоите празни зборови накитени со најтаинствените шепоти кои може да ги состави ветрот на земјата, тогаш ќе се убијам. Ќе се убијам на најкрвавиот можен начин, бидејќи не ја сакам Крвта. Ќе се убијам кога Месечината ќе биде на пола пат за да се сретне со Сонцето.

Ќе се убијам на начин кој нe можеш ни да го замислиш ниту насетиш.

Ќе се убијам во зората на Ѕвездата Деница, исто како и во времето кога те сретнав на пустата раскрсница на Животот, каде се вкрстуваа две патеки, кои не водеа никаде, каде Ѓаволот ги чекаше своите први муштерии, кога кучињата лаеа на последната ѕвезда бркајќи ја назат во својот пекол на битисување, а злото договараше кладба со времето за да си ја измери силата во Универзумот.

Во тој миг, ако е миг, ќе си го распорам умот-мешина и ќе го удавам во илјадници идеи кои ќе ја загадат таа мисла за Тебе. Во тој миг ќе се изгубам во себе самиот, во своите лавиринти, како Пан – Се уништувачот, Кругот на Ништото, бидејќи од секогаш сум ја сакал Најголемата Тајна на Внатрешноста на Земјата.

*        *       *

Знам дека ќе ме бараат мислите на сегашноста да се вратам и да заборавам каде сум бил и што сум бил, бидејќи не знам да заборавам. Да се ослободам од тие мрачни коридори на веќе видени идни, сегашни и минати настани? Зарем ќе се ослободам? Зарем сакам да се ослободам од минатото?

Но, секако, ќе победам на мој начин. Ќе се раскажувам бескрајно во иднината за да не заборавам кој сум бил, кој сум и кој ќе бидам. Ќе си раскажувам од каде сум тргнал и каде одам, за да не исчезнам, и не залутам по Патот на Сонцето.

Знам дека Нема да се предаде Умот. Тој стар воин кој иако го има во своја сопственост најостриот меч со кој се сече и мислата, не знае како е искован тој Меч. Како да се победи таков воин, кој во едната рака го држи мечот на Разумот а во друга Светлината на Мракот?

Сепак сме Луѓе!

Но, колку и да сум изморен, и заборавен, оставен сам во себе, сам за себе на Прашливиот Друм на проклетото животарење, Другиот е секогаш спремен за наредната битка во Зората на Денот, со изгравирани зборови на неговиот златен штит:

За чиста волја,
неослабена од причина,
ослободена од страста за резултатот,
секој пат е совршен.

За да ме потсети на Минливоста, на Последицата, на Крајот, на Патот кој се изминува и кој е поважен и од самиот Крај кон кој сум тргнал!!!

Advertisements

За чистата волја, ослободена од страста за резултат

„За чистата волја, неослабена од причина,
ослободена од страста за резултатот,
секој пат е совршен.“
Книга на Законот, I:44

 

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

 

Цитатите што следуваат подолу, искористени како доказ на тезата која мислам да ја презентирам пред вас, не се на македонски јазик, а и подобро е понекогаш да се сподели размисла во оригинална форма, за да не се загуби нешто при преводот. Извадоците што следуваат се мали, од неколку коментари на „Книгата на Законот“, пишувани во различни временски периоди, од „Багавад Гита“, од „Законот е за Сите“, коментари на „Книгата на Законот“ од страна на Кроули (достапна на македонски јазик).

Continue reading “За чистата волја, ослободена од страста за резултат”

За вистината – внатре или надвор?

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.

„What is Truth?
It is absurd to attempt to define it, for when we say that S is P, rather than S is Q or S is R, we assume that we already know the meaning of Truth. This is really why all the discussions as to whether Truth depends on external correspondence, internal coherence, or what not, neither produce conviction, nor withstand analysis. Briefly, Truth is an idea of a supra-rational order, pertaining to Neschamah, not to Ruach.“
— Мали Есеи кон Вистината, А. Кроули

Continue reading “За вистината – внатре или надвор?”

Законот на Слободата

Трактат на Τо Μέγα Θηρίον  666
Кој што е Магус 9° = 2 A.’.A.’.

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

I

Често ме прашуваат зошто ги започнувам моите писма на овој начин. Без разлика дали и пишувам на мојата дама или на мојот касап, секогаш започнувам со овие единаесет зборови. Зошто, како инаку би требало да започнам? Кој друг поздрав би бил толку мил? Види, брату, ние сме слободни. Радувај се со мене, сестро, не постои закон над Прави што ти е волја! Continue reading “Законот на Слободата”