Абрасакс или Абраксас – Богот кај Гностиците

Се надевам дека се повеќе читатели на овој есеј до сега се слушнале за Абраксас како поим во раниот Гностицизам и дека овој текст само ќе ги прошири нивните хоризонти и ќе им даде нови идеи и правци, како и информации за што Абраксас би можел да значи и гледано од Телемитски аспект, кое би можело да биде неговото место или пак поврзаноста со неговата симболика во Новиот Еон.

Продолжи со читање “Абрасакс или Абраксас – Богот кај Гностиците”

Advertisements

Гностичка Католичка Црква

Превел Fra. Meithras

По кратко време студентите на Телемата и Liber AL склопуваат неблагодарно примирје со Христијанството. Христијанството е како стара шапка.
Тоа е исказ на последниот Еон.
Тој култ се спротивставува на своите многубројни ограноци како лоза чии што корени се мртви. Некои облици останале и се уште ја содржат опивката на христијанското грозје. Се чини дека постепено се појавуваат пагански елементи од гроздот на Озирискиот раст. Времето ќе ја доврши работата.

Гностичката Католичка Црква (Е.G.C.) е религиозна страна на О.Т.О.. [1] [2]

Тешко дека било кој ќе погреши, во мислењето дека “Гностичката” “Католичка” “Црква” означува некој пооддалечен облик на христијанството!

Многу од ритуалните обичаи на Гностичката Католичка Црква личат на христијанските навики. Всушност сржта на ритуалите на E.G.C. е предхристијанска, како и на слични христијански ритуали. Мистеријата Озирис – Христос помина, а мистеријата на Телемата и Хорус започна. Продолжи со читање “Гностичка Католичка Црква”