За чистата волја, ослободена од страста за резултат

„За чистата волја, неослабена од причина,
ослободена од страста за резултатот,
секој пат е совршен.“
Книга на Законот, I:44

 

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

 

Цитатите што следуваат подолу, искористени како доказ на тезата која мислам да ја презентирам пред вас, не се на македонски јазик, а и подобро е понекогаш да се сподели размисла во оригинална форма, за да не се загуби нешто при преводот. Извадоците што следуваат се мали, од неколку коментари на „Книгата на Законот“, пишувани во различни временски периоди, од „Багавад Гита“, од „Законот е за Сите“, коментари на „Книгата на Законот“ од страна на Кроули (достапна на македонски јазик).

Продолжи со читање “За чистата волја, ослободена од страста за резултат”

Advertisements

САМЕК – Vol. III No. 01

САМЕК е весник во кој што може да најдете интересни размисли со кои ќе Ви се доближи Законот на Телема подобро, весник во кој можете да најдете многу патокази кои ќе Ви помогнат по Вашиот пат. Продолжи со читање САМЕК – Vol. III No. 01

Liber Oz – Мои кратки коментари

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Како што знаат сите, кои го читаат редовно мојот блог, Liber Oz е најкратката „книга“ која ги содржи сите ПРАВА на човекот во една рака. Во зависност од знаењето, волјата, праксата, разбирањето – секоја индивидуа различно ќе ги применува овие права кои се инкорпорирани во нејзината суштина.

Продолжи со читање “Liber Oz – Мои кратки коментари”

Секоја Жена е Ѕвезда

Извадок од „Законот е за Сите“ – авторизирани коментари на „Книгата на Законот А. Кроули, Сите права ги задржува О.Т.О. – Ordo Templi Orientis

Ние телемитите велиме дека “Секој маж и секоја жена е ѕвезда”. Ние не ги залажуваме и не им ласкаме на жените; ние не ги потценуваме и не ги малтретираме. За нас жената е самостојна, апсолутна, оригинална, независна, слободна, самооправдана, точно онолку колку што е и мажот.

Продолжи со читање “Секоја Жена е Ѕвезда”

666-ти пат за Телемата и Магиката

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

На почетокот телемата како философија, религија, Закон на Новиот Еон – како ви е волја така нека биде, како и магиката – ги сметаа исто како и магијата, шарлатанството, ефтините трикови, спиритисти кои си играа со квази-духови, и ги заведуваа лековерните и оние кои лесно се фасцинираат. Сето тоа вековно полнење на умовите на луѓето за својата бедност, полни со грев, недолични да бидат ништо повеќе од црви на Земјата чиј живот не е нивни,ами подарен – разбирливо е до каде заминал човековиот дух на патеката кон божественото! Стариот еон во предвечерието на својот пад е најсилен!

Но…

Продолжи со читање “666-ти пат за Телемата и Магиката”