Света Телемитска Сезона

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Како што знаете, ние, Телемите, секоја година, за време на пролетната рамнодневница го прославуваме „Еквиноксот на Боговите“ во чест на големата промена на Магиската Формула која го донесе Новиот Еон.
Кроули за „Еквиноксот на Боговите“ вели:

„Еквиноксот на Боговите е израз кој што се користи за да се опише Почетокот на Нов Еон, или Нова Магиска Формула. Треба да се празнува на секоја Рамнодневница…“
– Нов Коментар на Liber AL, II:40

Continue reading “Света Телемитска Сезона”

Advertisements

За Луцифер, LVX и други мистерии

Ова е несреден текст напишан пред 6 години. Се зборува за Светлина, како LVX, за кабала, за Луцифер …

Прочитајте…

„Инаку за ова Светлината, според кабалата како што велиш ти… исто така учи и дека постојат 3 вида на светлина:
Ain, Ain Sof и Ain Sof Aur преку кои се создаваат 10 000 светови од Ништото, или Ain на еврејски, кои ако се извртат буквите може да биде и ANI што значи и Его.“   Continue reading “За Луцифер, LVX и други мистерии”

Осамено е по Патот на Огнот…

Осамено е по Патот на Огнот
каде се е скриено во Вистина.Во Огнот пепелта не умира,
само скришно, скришно се крие,
молчи во волшебна Тишина,
закотвена во Море со Вода Ѕвездена.
Во белизчност претворена,
чека да ја разбудат мисли,
вечни патници низ Бездната.

Повеќе…

Четирите елементи во херметизмот

Целиот овој есеј е едно систематизирање на податоците дадени во Liber 777 која веќе постои како македонски превод во две изданија: мек и тврд повез.

Во овој есеј ќе ја избегнеме историјата од кога и каде за прв пат се појавила идејата за четворноста, и како се пренела низ времето и просторот па се до денес – со целата комплексност. Ќе ја избегнеме и целата философија која стои зад елементите, бидејќи за тоа се потребни малку повеќе страници од она што имам на ум да напишам на блогот сега.

Целта на есејот е колку што можеме повеќе атрибуции (низ различни системи, кои навидум зборуваат за различни работи) поврзани преку позната работа да ги поврземе во разбирлив систем. Овој метод сигурно Ви е познат ако некогаш барем малку сте се заморувале со запознавање или проучување на кабалата, на пример.

333px-Four_elements_representation.svg (1)Да започнеме.
Continue reading “Четирите елементи во херметизмот”

Сигили на Седумте Свети Планети

Во овој текст ќе се обидам да ги преставам сигилите на силите кои се врзани со седумте свети планети на Дрвото на Животот.

За да добиете максимум од минимум читање ќе мора да дадеме дефиниции и објаснувања на тоа што се сигили, зошто секоја планета има повеќе сигили, како се цртаат истите и по кој редослед.

Првото прашање што произлегува е: Што е тоа сигил? Сигил е симбол кој што има одреден закон како се исрцтува и кој што дава врска помеѓу таа сила и магичарот.
Зошто се користат сигили? На многу места ќе прочитате како со тоа се повикуваат демони и слични глупости само за да ве одрвратат од вашата намера да искористите сила која може да ви послужи во вашата работа.
Сигилот е печат, потсетник на еден магичар зошто му е потребна соодветната сила или енергија ако ви е по волја, кој што многу побрзо се исрцтува при пртактична работа отколку користењето на цели магиски формули!

Continue reading “Сигили на Седумте Свети Планети”