За чистата волја, ослободена од страста за резултат

„За чистата волја, неослабена од причина,
ослободена од страста за резултатот,
секој пат е совршен.“
Книга на Законот, I:44

 

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

 

Цитатите што следуваат подолу, искористени како доказ на тезата која мислам да ја презентирам пред вас, не се на македонски јазик, а и подобро е понекогаш да се сподели размисла во оригинална форма, за да не се загуби нешто при преводот. Извадоците што следуваат се мали, од неколку коментари на „Книгата на Законот“, пишувани во различни временски периоди, од „Багавад Гита“, од „Законот е за Сите“, коментари на „Книгата на Законот“ од страна на Кроули (достапна на македонски јазик).

Продолжи со читање “За чистата волја, ослободена од страста за резултат”

Advertisements

Гностичка Католичка Црква

Превел Fra. Meithras

По кратко време студентите на Телемата и Liber AL склопуваат неблагодарно примирје со Христијанството. Христијанството е како стара шапка.
Тоа е исказ на последниот Еон.
Тој култ се спротивставува на своите многубројни ограноци како лоза чии што корени се мртви. Некои облици останале и се уште ја содржат опивката на христијанското грозје. Се чини дека постепено се појавуваат пагански елементи од гроздот на Озирискиот раст. Времето ќе ја доврши работата.

Гностичката Католичка Црква (Е.G.C.) е религиозна страна на О.Т.О.. [1] [2]

Тешко дека било кој ќе погреши, во мислењето дека “Гностичката” “Католичка” “Црква” означува некој пооддалечен облик на христијанството!

Многу од ритуалните обичаи на Гностичката Католичка Црква личат на христијанските навики. Всушност сржта на ритуалите на E.G.C. е предхристијанска, како и на слични христијански ритуали. Мистеријата Озирис – Христос помина, а мистеријата на Телемата и Хорус започна. Продолжи со читање “Гностичка Католичка Црква”

Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Во Liber AL vel Legis svb figura CCXX се запишани овие стихови:

„Но вие, о мој народе, дигнете се и разбудете се!
Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
Постојат ритуали на елементите и прослави на времињата.
Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
Прослава за Тахути и детето на Пророкот – тајна, О Пророку!
Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Рамноденицата на Боговите.
Прослава за оган и прослава за вода; прослава за живот и уште поголема прослава за смрт! Продолжи со читање “Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста”