За отстранувањето на превезот

Патиштата кон откривање на својата вистинска Волја

Целта на овој есеј е да го охрабри читателот кои што чувствува внатрешен повик кон мистериите на Законот на Телема или езотериските гранки кои што тој ги опфаќа. За почеток би сакал да нагласам дека како писател на овој краток есеј сум прилично млад човек чии што чекори на Патеката кон откривањето на својата вистинска Волја се мали и кратки, но во ниту еден случај тие не се потпрени на стаклени нозе. Продолжи со читање “За отстранувањето на превезот”

Advertisements

За симболите, праксите и нивното погрешно разбирање

Целта на овој есеј, како што и ќе се потврди читајќи го, е да се покаже различниот степен на познавање и разбирање на хиероглифите и тајните симболи, и кај профаните, но и кај самите иницијанти кои имале храброст да стапнат на Патеката, но заради нивното искуство сеуште не ги отвориле Портите кон Разбирањето.

Големи се сведоштвата денес, на злонамерно извртување на симболите и праксите од страна на Црните браќа, со цел да го држат човекот закопан во своето блато на верувања, догми, суеверија и секакви бладања само за да не се пронајде и спознае Човекот. Но, треба да биде јасно: денес постои тајно Братство, кое што постоеше во Тишина со Еони, кое ја виде и разобличи нивната злоба(на Црните браќа) и излезе од својата тишина за да ги конечно разобличи и разјасни разликите помеѓу Темнината од една страна, симбол на Црните Браќа, и Тишината од друга страна, симбол на Белото Братство!

Продолжи со читање “За симболите, праксите и нивното погрешно разбирање”

Знакот на Ѕверот – Liber V vel Reguli

Извадок од „Магика, Книга 4“, А. Кроули
во која може да најдете поопширен коментар за овој ритуал.

[Насловот е од Латински и значи Книга 5 или Книга на Принцот. Регулус е истот така и името на ѕвездата што го означува почетокот на соѕвездието Лав]

asd

A∴A∴ Публикација во Класа D
Кој што е Ритуалот на Знакот на Ѕверот

Правилна инкантација за инвоцирање на енергиите на Еонот на Хорус,
адаптиран за дневна употреба на Магичарот од било кој степен.

Продолжи со читање “Знакот на Ѕверот – Liber V vel Reguli”

За оние кои се против Законот (Прв Дел)

Прави што ти е волја и тоа нека биде целио Закон

Ова ќе биде малку негативно настроен есеј кон оние кои имаат обичај да се плеткаат со Законот на Телема, иако не го прифаќаат. Оние, кои сами го отфрлиле Законот по нивна волја и само по истата таа волја дејствуваат на Земјата и говорат негативно за Законот на Телема!
Ќе има три дела, па се надевам дека до крајот овие старо-еонски чеда ќе дознаат зошто токму триделен ќе биде овој мој есеј наменет за нив и нивната волја да бидат против Законот кој што делумно го живеат.

Продолжи со читање “За оние кои се против Законот (Прв Дел)”

Тајниот Превез на Боговите

Сокриена во сите можни форми зад своите бесконечни варијации со кои ги исполнува и им дава волја да се соголат до својата срж, да се надминат до својата најдлабкока суштина, да бидат Едно со Неа, Таа е Бесконечната вселена која е внатре и надвор од Тебе! Вљубена, разделена, потенцијалност избезумена за човекот, со цел за соединување, претопување,исчезнување – за живот или страшна смрт за оној … Продолжи со читање Тајниот Превез на Боговите