За Цитатите и Мрзливоста на читателот

 

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.

Бидејќи многумина налетувале на вакви „цитати“ од Кроули, од нашите Свети книги од Класа А и мислат дека од еден цитат од неколку реченици се е кажано, се е доловено, се е јасно – да Ви објаснам за оваа слика подолу која е одличен пример како ништо не може вистинито да Ви се предаде преку цитати, ако не сте го прочитале делото од каде што е цитатот или пак ако во иднина не седнете да го прочитате тоа дело.

Temple of Solomon the King, Equinox, Vol.i No.3

 

Цитатот од горната слика е од „Храмот на Кралот Соломон“, Еквинокс Том I, Бр.3. Еквиноксите се официјално гласило на Редот кој го знаете под буквите A.’.A.’. за кој што се вели следново:

„Thou wilt note that We have written unto thee more as a member of the O.T.O., than in thy capacity as of the A.·.A.·., for the former organization is co-ordinate and practical, and concerns itself with material things. But remember this clearly, that the Law cometh from the A.·.A.·., not from the O.T.O. This Order is but the first of the great religious bodies to accept this Law officially, and its whole Ritual has been revised and reconstituted in accordance with this decision.“
–  Liber CCC, Khabs am Pekht

Ова е многу битно како информација. За да знаете каде да читате, кој да читате и нормално, зошто да читате – ако не сте мрзливи.

Пред цитатов што е ставен на сликава и од која њу-ејџерите и сите light-minded луѓе, кои се задоволуваат со трошки – веднаш ќе гракаат за просветлувања, старо-еонските „мистици“ ќе зборуваат за егоизам и многу други безбројни глупости кои немаат врска едно со друго – нормално, ниту со Телема.

А што всушност се зборува во овој дел од книгата од каде што некој намерно или не го искасапил овој цитат даден на сликата? Не знаете?
Се зборува за магискиот круг, за првото стапнување на Аспирантот на патеката, за изборот на лево или десно… која во следниот дел е споредена како тоа отприлика изгледа за Магусот. Но, тоа го нема во цитатот тука на сликава, нели?

Во делот што недостасува, а содржи многу значајна информација за правилно разбирање на целиот текст се зборува всушност за аспирантот, кој што мора да разбере дека кругот е еден.
Има одење на лево и на десно. Дека за Магусот ниту има одење, тој знае каде да го прекине кругот и од него да направи пентаграм, хексаграм, цел универзум. За ова можеби би требало да погледнете во Liber B vel Magi svb figura I, A.’.A.’. Издание во Класа А.

Аспирантот кој започнува да го истражува кругот, истражувајќи се себе си – мора да го најде тој „keystone“ кој што се споменува на сликава подолу…

И за да не зборуваме напамет, да споделеме што има пред овој искасапен цитат погоре даден на сликата и што се може да дознате само ако прочитате околу тој цитат, не пак да седнете целата книга да ја прочитате!

Пред цитатов на сликава стои ова:

„But first he (the Aspirant) must travel the circumference of the circle; and, when mystically he has discovered that the goal is the starting-point, and where he entered that circle there also will it break and open out, so that the adytum of its centre becomes as an arch in its outer wall, then indeed will he be worthy of the name of Magus.“
Temple of Solomon the King, Equinox Vol. I, No. 3

Трите точки што се испуштени се всушност „to this arch“ , а целиот цитат е:

„The keystone to this arch some have called God, some Brahma, some Zeus, some Allah, some even IAO the God of the sounding name; but in truth, O seeker, it is Thy-SELF — this higher dimension in which the inner becomes the outer, and in which the single Eye alone can see the throbbing heart, Master of the entangled skein of veins. “

Како што гледате, сосема друга светлина и знаење е пренесено во текстот ако го знаете целиот текст, кој што многумина не се осудуваат да седнат и да истражуваат за да ја дознаат вистината за делата на Кроули, за Законот на Телема, за новите мистерии во Еонот на Крунисаното и Освојувачко Дете, Хорус.

Затоа постојано велам и ќе Ве потсетувам дека ми немаат вредност Вашите размисли за Кроули, Телема, О.Т.О., тајни редови, иницијации – од едноставни причини изнесени погоре, кои ќе ги повторам во скратена форма:
немате ниту знаење, ниту искуство, ниту волја, а најмалку потреба од сите овие работи поврзани со темите изнесени претходно, а за кои стрмоглаво дотрчувате да ги коментирате погрешно во хаосот на Вашето незнаење за овие ствари насекаде по интернетот.

Читајте, запознавајте, истражувајте – а потоа, ако Ви е волја – отфрлајте!

Не може повеќе Вашите комплекси да ги криете во темите на „езотријата“ и работи кои малку се познати на луѓето.
Овие работи сега се наука кои имаат свој, научен метод – нема повеќе криење. Ќе се зафатите со работа и ќе ги решите мистериите на Вашата душа и ум!

Љубовта е закон, љубов под волја

Advertisements

МАГИКАТА НА ТЕЛЕМА – АЛЕФ

Голема чест ми е да споделам со Вас информација за едно идно несекојдневно предавање, посебно за овие простори.

Луѓето кои стојат зад ова предавање и во минатото се обидувале да организираат вакви оригинални и поучни предавања, преку кои се обидуваат да споделат многу од она што од обичниот човек се смета за далечно, тајновито, полно со сказни на кои не може туку така да им се верува.
Но ние знаеме од искуство дека тие магливи размисли исчезнуваат само со јавно зборување за истите, без преувеличувања, без намигнувања и без хиероглифи, нормално, за оние кои навистина ги интересираат овие работи.

Затоа, чести ми е да Ви го преставам следното предавање на

АЛЕФ Скопје

најавува

МАГИКАТА НА ТЕЛЕМА



9-ти ноември (среда)

19:30 часот: Стојан Николиќ – Телемитски Редови
19:50 часот: Shiva Xº – Aspiring to the Holy Ordеr I
21:00 часот: Вера Николиќ – Улогата на Жените во Телема

10-ти ноември (четврток)

19:30 часот: Shiva Xº – Aspiring to the Holy Ordеr II
20:50 часот: Tau Merlin – My Magical Life


Билет за еден ден: 200 ден.
Билет за двата дена: 300 ден.

7a78d4_631870d59d5122089b6c7f19b93eec27
Shiva Xº членува во О.Т.О. веќе 28 години, а ја извршувал службата Frater Superior’s Representative (FSR) за Австралија од 1990 e.v.. Од основањето на Австралиската Голема Ложа во 2006 e.v., Shiva Xº ја извршува службата О.Т.О. Национален Голем Сеопшт Мајстор. Во моментов тој го уредува за печат новото авторизирано издание на “Магика Без Солзи” од Алистер Кроули за О.Т.О. Меѓународната Централа.

http://www.otoaustralia.org.au/

Tau Merlin е член на О.Т.О. веќе 22 години. Тој е Бискуп на Гностичката Католичка Црква од Норвешка кој има широко практично искуство во поглед на Магика, комбинирајќи разновидни извори и системи.

http://www.oto.no/

За отстранувањето на превезот

Патиштата кон откривање на својата вистинска Волја

Целта на овој есеј е да го охрабри читателот кои што чувствува внатрешен повик кон мистериите на Законот на Телема или езотериските гранки кои што тој ги опфаќа. За почеток би сакал да нагласам дека како писател на овој краток есеј сум прилично млад човек чии што чекори на Патеката кон откривањето на својата вистинска Волја се мали и кратки, но во ниту еден случај тие не се потпрени на стаклени нозе. Continue reading “За отстранувањето на превезот”

The Voice of the Dove

Collection of thoughts by Fra. E.

„The Voice of the Dove.

H R I L I U : there is nothing too small, or too great, or too low, or too high; but all things are joined into Joy by the Love of the Master.“
– The Heart of the Master, originally published by the O.T.O. in London, 1938

hriliu
IAO131 blog – iao131.com

If you look in your Liber 777 in column CLXXXVII there are given some magical formulas connected with the different sephirot and with the paths on the Tree of Life. But if you look at the end of the book there are commentaries about this magical formulas. You will discover that there are some „strange“ formulas added to the every sephirot.

Продолжи…

Размисли од едно време

Ова што следува се мои размисли настанати во минатото, во временски период од пет години, напишани како одговор на прашањата на најразлични видови на луѓе во врска со Законот на Телема или пак Редот (О.Т.О.).

Ова нормално се извадоци од многу поопширни одговори, но сметам дека ова е сосема доволно за ревносниот истражувач да разбере што е кажано во врска со Законот и Редот! Не би било мудро овие размисли да ги толкувате како официјални размисли на Редот ниту пак дека содржат било каква апсолутна вистина во бесконечноста. Времето ќе покаже…
Continue reading “Размисли од едно време”