Тестаментот на Алистер Кроули

Преземено од официјалната страница на О.Т.О. Македонија

 

*      *      *

Следниот текст е тестаментот на Кроули, кој се наоѓа во отчукана копија во архивата на Редот О.Т.О. во Калифорнија (USA). Иако не е оригинал постојат причини кои сведочат дека оваа копија е еднаква на оригиналот in verbum.

“Ова е мојот тестамент; Edward Alexander Crowley познат како Aleister Crowley од Nerherwood the Ridge Hastings Sussex Англија. Со ова ги поништувам сите свои досегашни тестаменти. Јас ги одредувам моите извршители да го утврдат фактот на мојата смрт на начин кој им се чини дека е најправилен и без какви било можни грешки.

Continue reading “Тестаментот на Алистер Кроули”

Advertisements

Вратете ме на Огнот…

Ако е Живот само она по кое што Kопнееме,
Вратете ме на Огнот!

Ако е Живот само Смртта,
тогаш вратете ме на Огнот.

Кога Времињата ќе престанат да постојат,
Kога Здивот ќе се скамени
помеѓу Смртта и Животот,
Kога Водата ќе престане да тече
и ќе бара одмор од вечното шепотење,
Kога Земјата ќе го замрази Ветрот
и неговото вечно лутање,
Kога Љубовта со нож-заблуда
ќе престане да убива,
Kога Имињата
ќе бидат само спомен на Иднината,
Kога Минатото ќе се помеша со Вечноста -Убијте ме.

Убијте ме со мисла.

Со Ветер сличен на празнина
пратете глас-самотија,
да талка, бара души самотни,
вечни талкачи низ Ништото,
да бара Заборав…

Убијте ме со Човечност, со Збор…

Но,
Вратете ме на Огнот,
Последното мое и твое почивалиште,
Тајна над Тајните.

Fra. А.

Стреми се секогаш кон повеќе!

Извадок од „Законот е за Сите“, коментари на „Книгата на Законот“ достапна на македонски јазик

„72. Стреми се секогаш кон повеќе! и ако си навистина мој – а во тоа не се сомневај, и ако си секогаш радосен! – смртта е круна на се.“ – Книга на Законот

Continue reading “Стреми се секогаш кон повеќе!”