Осамено е по Патот на Огнот…

Осамено е по Патот на Огнот
каде се е скриено во Вистина.

Во Огнот пепелта не умира,
само скришно, скришно се крие,
молчи во волшебна Тишина,
закотвена во Море со Вода Ѕвездена.
Во белизчност претворена,
чека да ја разбудат мисли,
вечни патници низ Бездната.

Повеќе…

Advertisements

Сефер Јецира – Двојни букви

Во овој мал скромен есеј ќе дадам две верзии на Сефер Јецирах кои се однесуваат на атрибуциите на седумте двојни букви и каде се разликуваат истите. Нема да навлегуваме во тоа зошто се различни, која атрибуција е поточна ниту зошто бидејќи тоа е премногу за овој блог.
Целта на есејот е да се покаже дека мора да се истражува постојано, длабоко и со сомневање за да постојано се согледуваат различностите и да се пронаоѓаат вистинските тајни значења кои се содржат во кабалистичките текстови – кои во никој случај, не смеат да се толкуваат ниту буквално, ниту пак брзоплето.

The Song of Horus

Song of Horus


Книгата на Tахути

Ова што следува е неофицијален мој скромен превод од кнгата „Book of Thoth“ од Алистер Кроули.
Сите права ги задржува О.Т.О. – Ordo Templi Orientis.

Сигурно има грешки во преводот, но ова настана сосема неочекувано и брзо, како искра уживајќи во саботното утринско кафе! Се надевам ќе добијам прошка за ненамерните грешки.

За оние кои што не знаат, „Книгата на Тахути“ е есеј кој ја обработува најтаинствената окултна пракса: таротот!

Ова што следува се 22-та АТУ-а од Тот таротот, поточно главните карактеристики што се користат кај 22-та Клуча!

Читајте!
Размислете!
Разберете!
Continue reading “Книгата на Tахути”

Четирите елементи во херметизмот

Целиот овој есеј е едно систематизирање на податоците дадени во Liber 777 која веќе постои како македонски превод во две изданија: мек и тврд повез.

Во овој есеј ќе ја избегнеме историјата од кога и каде за прв пат се појавила идејата за четворноста, и како се пренела низ времето и просторот па се до денес – со целата комплексност. Ќе ја избегнеме и целата философија која стои зад елементите, бидејќи за тоа се потребни малку повеќе страници од она што имам на ум да напишам на блогот сега.

Целта на есејот е колку што можеме повеќе атрибуции (низ различни системи, кои навидум зборуваат за различни работи) поврзани преку позната работа да ги поврземе во разбирлив систем. Овој метод сигурно Ви е познат ако некогаш барем малку сте се заморувале со запознавање или проучување на кабалата, на пример.

333px-Four_elements_representation.svg (1)Да започнеме.
Continue reading “Четирите елементи во херметизмот”