Есеи – Тема Ритуали

Листата подолу ги содржи сите есеи до овој момент на блогот, кои на некој начин се поврзани со церемонијална магика и изведување ритуали, без разлика дали содржат директно објаснување на самите Ритуали или пак на „таен“ начин даваат објаснување преку други Науки за тоа што се може да се искористи за правилно изведување на Ритуалите.

Прочитајте, истражувајте, спознајте – повеќе!

Continue reading “Есеи – Тема Ритуали”

Advertisements

Хорус – Иницијаторот

Ќе го започнеме овој пост со цитат, за да не залутаме премногу во бесцелни зборови, или пак да кажеме повеќе отколку што треба, и да не занесе мислата.

But in the new Aeon the Hierophant is Horus (Liber CCXX, I, 49) therefore the Candidate will be Horus too. What then is the formula of the initiation of Horus? It will no longer be that of the Man, through Death. It will be the natural growth of the Child. His experiences will no more be regarded as catastrophic. Their hieroglyph is the Fool: the innocent and impotent Harpocrates Babe becomes the Horus Adult by obtaining the Wand. ‘Der reine Thor’ seizes the Sacred Lance. Bacchus becomes Pan. – Liber Samekh

Соодветниот стих од Liber CCXX, I, 49 e:

Поништени се сите ритуали, сите искушенија, сите зборови и знаци. Ра-Хоор-Куит го зазеде своето седиште на Исток за време на Еквиноксот на Боговите; и нека Асар биде со Иса, кои исто така се едно. Но тие не се од мене. Нека Асар биде обожувател, Иса страдалник; Хор во неговото тајно име и блескот е Господ иницирачки. – Liber CCXX, I, 49

Да појасниме(сосема малку) неколку термини од овој пост:

  • Асар – Озирис(можеби Asar un Nefer – Myself Made Perfect) од египетските мистерии;
  • Иса – муслимански концепт за Исус;
  • Хор – Хорус од египетските мистерии, Син на Озирис и Изида; Осветник на својот Татко, убиен од Сет;
  • Ра-Хоор-Куит – Посебна форма на Хор (Хорус)

За Будалата, може да посегнете по Книгата на Тот, или пак ако милувате, операта на Рихард Вагнер, Парсифал.

За тајните мистерии на Бахус и Пан, има добра книга на македонски, Грчките Митови од Грејвс.

Liber ריש – Поздрави на Сонцето

Целта на оваа пракса е најпрвин да се потсетува аспирантот на Големото Дело во правилни интервали; второ, да се доведе во свесен личен однос со центарот на нашиот систем;
и трето, за напредни студенти, всушност да се направи магиски контакт со духовната енергија на сонцето и така всушност да се влече сила од него

 A ∴ A ∴
Публикација во класа D.

Ова се обожувањата кои треба да ги изведува аспирантот за А.’. A.’.

       

1. Нека го поздрави Сонцето во зората, свртувајќи го лицето кон Исток, давајќи знак на својот ранг. И нека каже гласно :

Те поздравувам Тебе, Ти кој си Ра во Твоето издигнување,  Ти кој си Ра во Твојата сила, кој патуваш по небото во својата лаѓа во часот на Сончевиот изгрев. Тахути стои на клунот во својот сјај, Ра-Хоор се наоѓа на крмата.

Те поздравувам Тебе од домот на Ноќта!

2. Исто така напладне нека го поздрави Сонцето, свртувајќи го лицето кон Југ, давајќи знак на својот ранг. И нека каже гласно :

Те поздравувам Тебе, Ти која си Ахатор во Твојата победа, Ти која си Ахатор во Твојата убавина, која патуваш по небото во својата лаѓа во часот на Сончевиот зенит. Тахути стои на клунот во својот сјај, Ра-Хоор се наоѓа на крмата.

Те поздравувам Тебе од домот на Утрото!

3. Исто и за Сончевиот залез нека го поздрави, свртувајќи го лицето кон Запад, давајќи знак на својот ранг. И нека каже гласно :

Те поздравувам Тебе, Ти кој си Тум во Твоето заоѓање, Ти кој си Тум во Твојата радост, кој патуваш по небото во својата лаѓа во часот на Сончевиот залез. Тахути стои на клунот во својот сјај, Ра-Хоор се наоѓа на крмата.

Те поздравувам Тебе од домот на Денот!

4. Конечно, на полноќ, нека го поздрави Сонцето, , свртувајќи го лицето кон Север, давајќи знак на својот ранг. И нека каже гласно :

Те поздравувам Тебе, Ти која си Кефра во Твојата скриеност, Ти која си Кефра во Твојата тишина, која патуваш по небото во својата лаѓа во Полноќниот час. Тахути стои на клунот во својот сјај, Ра-Хоор се наоѓа на крмата.

Те поздравувам Тебе од домот на Вечерта!

5. По секој од овие призиви треба да го дадеш знакот на Тишина, а потоа ќе обожуваш онака како што си поучен од својот Супериор и тогаш повлечи се во своја медитација.

6. Исто така, уште подобро е ако се поистоветиш со Божествениот облик кој го обожуваш, како да си соединет со Него во обожувањето на Оној кој е над Него.

7. На тој начин секогаш ќе бидеш свесен за Големото Дело кое прифати да го изведеш и со тоа ќе бидеш зајакнат за да истраеш се до постигнувањето на Каменот на Мудроста, Summum Bonum-от, Вистинската Мудрост и Совршената Среќа.