Книга на Законот

Поглавје III

1. Абрахадабра; награда на Ра Хоор Кут.
2. Постои раздор кој наближува кон куќата; постои збор непознат. Волшепството е мртво; сè е ништо. Внимавај! Држи се! Воздигни го волшепството на Ра-Хоор-Куит!
3. Сега нека биде прво разбрано дека јас сум бог на Војната и Одмаздата. Остро ќе постапам со нив.
4. Изберете остров!
5. Утврдете го!
6. Засејте го со воена машинерија!
7. Јас ќе ви дадам воена машина.
8. Со неа ќе ги смачкате народите; и никој нема да застане пред вас.
9. Демни! Повлечи се! На нив! ова е Законот на Освојувачката Битка: такво ќе биде моето обожување околу мојата тајна куќа.
10. Земи ја самата стела на откровението; постави ја во твојот таен храм – а тој храм е веќе правилно уреден – и тоа ќе биде твојата Кибла засекогаш. Таа нема да избледи, но чудесна боја ќе ѝ се враќа од ден на ден. Затвори ја во заклучено стакло за доказ на светот.
11. Тоа ќе биде твој единствен доказ. Забранувам расправа. Победи! Тоа е доволно. Ќе ти ја олеснам апструкцијата од лошо уредената куќа во Победничкиот Град. Ти самиот ќе го спроведеш тоа со обожување, о пророку, иако тоа не ти се допаѓа. Ќе бидеш во опасност и во неволја. Ра-Хоор-Ку е со тебе. Обожувај ме со оган и крв; обожувај ме со мечови и копја. Нека жената биде опашана со меч пред мене: нека тече крв кон моето име. Згази ги Безбожниците; биди над нив, о воину, ќе ти дадам од нивното месо да јадеш!
12. Жртвувај стока, мала и голема: потоа дете.
13. Но, не сега.
14. Ти ќе го здогледаш тој час, о благословен Ѕверу, и ти Скерлетна Конкубино на неговата страст!
15. Ќе бидеш тажен поради тоа.
16. Не мисли нестрпливо да ги исполниш ветувањата; не плаши се да ги поднесеш клетвите. Ти, дури ни ти, не го знаеш значењето на сето ова.
17. Не плаши се воопшто; не плаши се ни од луѓе ни од Судбини, ни од богови, ниту од што било. Не плаши се од парите, ни од смеата на будалестиот народ, ниту од која било друга сила на небото или на земјата или под земјата. Ну е твое засолниште, како што Хадит е твојата светлина; а јас сум јакоста, силата, жестината на твоите раце.
18. Милосрдието нека се отфрли; проколни ги оние што сожалуваат! Убивај и измачувај; не поштедувај; биди над нив!
19. Таа стела тие ќе ја нарекуваат Гнасност на Пустошењето; пресметај го добро нејзиното име, и тоа ќе ти биде како 718.
20. Зошто? Заради падот на Затоа, за тој да не е повторно таму.
21. Постави ја мојата слика на Исток: ќе купиш слика која ќе ти ја покажам, посебна, не поинаква од таа што ја познаваш. И одеднаш ќе ти биде лесно да го направиш тоа.
22. Другите слики групирај ги околу мене да ме поддржуваат: нека бидат сите обожувани, оти тие ќе се соберат да ме вознесат. Јас сум видливиот предмет на обожување; другите се тајни; за Ѕверот и неговата
Невеста се тие: и за победниците од Искушението х. Што е тоа? Ти ќе знаеш.
23. За мирис мешај брашно и мед и густ талог од црвено вино; потоа масло на Абрамелин и маслиново масло, а потоа омекни го и разблажи го со сочна свежа крв.
24. Најдобра крв е од луната, месечна: потоа свежа крв од дете, или таа што капе од небесната хостија: потоа од непријателите; потоа од свештеник или од обожувателите: на крај од некој ѕвер, не е важно кој.
25. Тоа гори го: од тоа прави колачи и јади ги за мене. Тоа има и друга намена; нека биде поставено пред мене, и наполнето со миризбите на вашата молитва: тоа ќе се исполни со бубачки и со ползечки суштества посветени на мене.
26. Убиј ги, именувајќи ги своите непријатели; и тие ќе паднат пред тебе.
27. Исто така, тие ќе ја подигнат страста и моќта на страста во тебе кога ќе ги јадеш.
28. Исто така ќе бидеш силен во војна.
29. И повеќе, што подолго се чуваат, тоа подобро; оти тие набабруваат со мојата сила. Сè пред мене.
30. Мојот олтар е од гравирана бронза: пали на него во сребро или злато.
31. Доаѓа богат човек од Запад кој ќе го истури своето злато врз тебе.
32. Од злато ковај челик!
33. Биди спремен да побегнеш или да удриш.
34. Но твоето свето место ќе биде негибнато низ вековите: иако со оган и меч ќе биде спалено и разурнато, сепак таму невидлива куќа стои, и ќе стои сè до падот на Големиот Еквинокс; кога Хрумакис ќе се воздигне и тој со двојниот стап ќе го преземе мојот трон и место. Друг пророк ќе се воздигне, и ќе донесе свежа треска од небесата; друга жена ќе ја разбуди страста и обожувањето на Змијата; друга душа на Бога и на Ѕверот ќе се смешаат во свештеникот на глобусот; друга жртва ќе ја извалка гробницата; друг крал ќе владее; и благослов нема веќе да се излева Кон Сокологлавиот мистичен Господ!
35. Половината од зборот на Херу-ра-ха, наречен Хоор- па-краат и Ра-Хоор-Кут.
36. Тогаш пророкот му рече на Бог:
37. Те обожувам во песната –
Јас сум Господарот на Теба, и јас
Вдахновениот гласноговорник на Менту;
За мене се раскрива прекриеното небо,
Самопогубениот Анк-аф-на-консу
чии зборови се вистина.
Ја призивам, ја поздравувам
Твојата присутност, О Ра-Хоор-Куит!
Единство потполно искажано!
Ја обожувам моќта на твојот здив,
Врховен и страшен Богу,
Кој чиниш боговите и смртта
Да треперат пред Тебе:
Јас, јас те обожувам!Појави се на тронот на Ра!
Отвори ги патеките на Ку!
Осветли ги патеките на Ка!
Патеките на Кабс проаѓаат
Да ме вознемират или смират!
Аум! нека тоа ме убие!
38. Така што твојата светлина ќе е во мене; и нејзиниот црвен пламен е како меч во мојата рака со кој ја спроведувам твојата заповед. Има тајна врата што ќе ја направам за да го воспоставам твојот пат во сите страни на светот, (ова се обожувања, како што си ги запишал), како што е кажано:
Светлината е моја; нејзините зраци
Ме обземаат: направив тајна врата
Во куќата на Ра и Тум,
На Кефра и на Ахатор.
Јас сум твојот Тебанец, О Менту,
Пророкот Анк-аф-на-консу!
Со Бес-на-Маут си удирам гради;
Со мудрата Та-Нех магија своја ткаам.
Покажи ја твојата ѕвездена величественост, О Нуит!
Покани ме во твојата Куќа да битисувам,
О крилеста змијо на светлината, Хадит!
Биди со мене, Ра-Хоор-Куит!

39. Сето ова и книгата што раскажува како дојде ти овде и копијата на ова мастило и хартија засекогаш – зашто во тоа е збор таен и не само во Англискиот – и твојот коментар на оваа Книга на Законот ќе бидат прекрасно отпечатени со црвено и црно мастило на прекрасна рачно изработена хартија; и на секој маж и жена што ќе ги сретнеш, дури и само да јадеш или пиеш со нив, Законот е да се даде. Тогаш тие ќе имаат можност да бидат во тоа блаженство или не; без оглед. Стори го тоа бргу!
40. Но работата на коментарот? Тоа е лесно; и Хадит што гори во твоето срце ќе го направи брзо и сигурно твоето перо.
41. Воспостави во твојата Кааба администрација: сè мора да се направи добро и на деловен начин.
42. Искушенијата ќе ги надгледуваш ти самиот, освен оние слепите. Не одбивај никого, но ти ќе ги препознаеш и уништиш предавниците. Јас сум Ра-Хоор-Куит; и моќен сум да го заштитам мојот служител. Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу! Тие што сакаат да те намамат, да те поразат, нив нападни ги без милост или сожалување; и уништи ги потполно. Брзо како згазена змија сврти се и удри! Биди дури и посмртоносен од неа! Фрли ги нивните души во стравотни маки: смеј се на нивниот страв: плукни на нив!
43. Нека внимава Скерлетната Жена! Ако милост и сожалување и нежност го посетат нејзиното срце; ако го напушти моето дело за да игра со старите сласти; тогаш ќе се знае мојата одмазда. Јас самиот ќе го убијам нејзиното дете: ќе го оттуѓам нејзиното срце: ќе ја изопштам од луѓето: како згрбавена и презрена курва таа ќе ползи низ мрачни и влажни улици и ќе умре премрзната и изгладнета.
44. Но, нека се издигне таа во гордост! Нека ме следи на мојот пат! Нека прави порочни дела! Нека го убие своето срце! Нека биде гласна и прељубна! Нека биде прекриена со скапоцени камења, и богата облека, и нека биде бесрамна пред сите луѓе!
45. Тогаш ќе ја издигнам до врвовите на моќта: тогаш ќе однегувам од неа дете помоќно од сите кралеви на земјата. Ќе ја исполнам со радост: со мојата сила таа ќе гледа и ќе удира при обожувањето на Ну: таа ќе го постигне Хадит.
46. Јас сум воинствениот Господ на Четириесеттите: Осумдесеттите ползат пред мене, и се понижени. Ќе ве одведам до слава и радост: ќе ви бидам при рака во битка и со восхит ќе убивате. Успехот е вашиот доказ; храброста е вашиот оклоп; напред, напред, во мојата сила; и за ништо нема да се свртите назад.
47. Оваа книга ќе биде преведена на сите јазици: но секогаш со оригиналниот ракопис на Ѕверот; зашто во случајната форма на буквите и нивната меѓусебна положба: во нив се мистериите што ниеден Ѕвер нема да ги прорече. Нека не се обидува да бара: но еден доаѓа по него, не кажувам од каде, кој ќе го открие Клучот на сето ова. Затоа оваа повлечена линија е клуч: затоа овој круг поделен на четири ⊗, во својата грешка е исто така клуч. И Абрахадабра. Тоа ќе биде негово дете и тоа чудно. Нека не го бара ова; зашто така може само да отпадне.
48. Сега оваа мистерија со буквите е завршена и сакам да продолжам кон посвето место.
49. Јас сум во таен четирикратен збор, хулење против сите богови на луѓето.
50. Проколни ги! Проколни ги! Проколни ги!
51. Со мојата глава Соколова ги колвам очите Исусови додека виси на крстот.
52. Со крилјата замавнувам по лицето Мухамедово и го ослепувам.
53. Со моите канџите откинувам месо од Индиецот и Будистот, Монголецот и Динот.
54. Баласти! Омпеда! Плукам на вашите незаситни вери.
55. Нека Марија пречиста биде растргната на тркала: заради неа нека сите девствени жени бидат потполно презрени меѓу вас!
56. Исто како и поради убавината и љубовта!
57. Презрете ги исто сите кукавици; професионални војници што не се осмелуваат да се борат, туку си играат; сите будали презрете ги!
58. Но остроумни и горди, кралски и отмени; вие сте браќа!
59. Како браќа борете се!
60. Нема Закон над Прави што ти е волја.
61. Постои крај на зборот од Богот устоличен на тронот на Ра, осветлувајќи ги носачите на душата.
62. Мене поклонувајте ми се! кон мене дојдете низ мака на искушението, што е блаженство.
63. Будалиот ја чита оваа Книга на Законот, и нејзиниот коментар; и не ја разбира.
64. Нека помине низ првото искушение, и ќе му биде како сребро.
65. Низ второто, злато.
66. Низ третото, камења од скапоцената вода.
67. Низ четвртото, последни искри на суштествениот оган.
68. Сепак, таа на сите ќе им изгледа прекрасна. Нејзините непријатели кои не велат така, се обични лажливци.
69. Тоа е успех.
70. Јас сум Сокологлавиот Господ на Тишината и на Силата; мојот немис го прекрива синото ноќно небо.
71. Поздрав! вие близнаци воини, покрај столбовите на светот! Зашто се ближи вашето време.
72. Јас сум Господ на Двојниот Стап на Моќта; стапот на силата на Коф Ниа – но мојата лева рака е празна, зашто здробив Универзум; и ништо останува.
73. Залепи ги листовите од десно кон лево и од врвот кон дното: тогаш погледни!
74. Постои сјај во моето име, скриен и возвишен, како што полноќното сонце е секогаш син.
75. Крајот на зборовите е Зборот Абрахадабра.

Книгата на Законот е Запишана и Скриена.
Аум. Ха.