Телема – За Живот над Смртта

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Ќе започнеме со трактатот на Τо Μέγα Θηρίον 666 наречен Законот на Слободата!

 “Јас давам незамисливи радости на земјата: сигурност, не верба, за животот, над смртта; мир неискажан, одмор, екстаза; ниту пак барам некакви жртви.
Нели е ова подобро отколку смртта во живот на робовите на Ропските Богови додека одат угнетени од свесноста за „грев“ уморно барајќи или имитирајќи заморени и досадни „доблести“?
Со таквите, ние кои сме го прифатиле Законот на Телема немаме ништо.”
– Законот на Слободата

Сега… бидејќи никако да научите нешто за Телема.

ТЕЛЕМА – од грчкото θέλημα чија бројна вредност е 93 ( да имаш волја, purpose во ЖИВОТОТ) се заморува со ЖИВОТОТ!
Ако ја проучите „Книгата на Законот“, заедно со Коментарите на истата – ќе најдете многу за ЖИВОТОТ! И повеќе од тоа…
Големиот старо-еонски страв од СМРТТА изграден врз незнаење и немање искуство ниту волја за ЖИВОТ – создаде догма која не научи никој како да живее, туку само да се надева и верува!!

Философијата на ТЕЛЕМА учи за ЖИВОТОТ како НЕПРЕКИНАТОСТ!

Мислам дека нема потреба да ви ја прераскажувам „Книгата на Законот“ и другите книги од Класа А кои се сметаат за Свети книги во Телема
Потребно е да седнеш и да ги простудираш – за да знаеш што е што.

Смртта како и восхитот или пијанството или екстазата се само искуства, што повеќето од вас ги забораваат и не сакаат дури ниту да се сетат на нив…

“Кој се плаши од опасности, ете им ги црквите и нека се молат да ги одмине чашата! Ете им јагниња со чија крв ќе си ги означат портите на животот за да ги одбегне смртта од пустиот страв. А смртта што беше според „Книгата на Законот“?”
– мое размислување преземено од форум

Исто така има и есеј на блогот Хептаграм XI, наречен „За Смртта“! Побарајте го!

Елифас Леви во своите писанија вели: на планетите се сеќавате, а на ѕвездите заборавате! Кој колку може толку ќе разбере од овие размисли.

Ако погледнете пак во објаснувањата на степените во О.Т.О. се вели вака во еден момент:

Ние сме сепак најмногу поврзани со различни искуства од Животот.
Сите понатамошни степени затоа се разработка на (Вториот Степен), прогресивни упатства како да се живее, бидејќи е тешко во една церемонија дури и воопштено да се скицира Учењето на Иницијантите во однос на Животот.”

Исто така од есеите на блогот ќе видите дека еден од зраците на Телема е Живот, не смртта како кај старо-еонските философии:

Четири се неговите зраци: Живот (Life), Слобода (Liberty), Љубов (Love) и Светлина (Light)!
Четири зраци кои произлегуваат од Еден Закон (Law). Овие пет L можете да ги најдете во „De Lege Libellum“, каде што е дадено објаснување за секој зрак што произлегува од Законот на Телема.“
– За одстранување на превезите

Исто така многупати сум зборувал дека низ животот ќе ја победите смртта, со искуство, бесконечни игри низ бесконечностите на Нуит…

„Дознај која е твојата највнатрешна природа и задоволи го тој глад за соединување и искуство низ животот. Ниту еден бог нема да се откаже од тебе ако го спознаеш божественото во себе и се однесуваш божествено. Твоето највнатрешно скриено е богот кој што го бараш и кој што е дел од Нуит (универзум, бесконечност, хаос…, што сакате може да ви преставува Нуит. Само внимавајте да не ги измешате просторните ознаки, од тоа следува болка.
Тоа е нагласено и во Книгата на Законот).“
– Мала Лекција за оние кои прашуваат

За да зборувате за смртта, прво ќе научете да го живеете животот до апсолутни граници!!! 

А тоа, не ви беше дозволено во стариот еон, за кој од егоизам, страв или кој знае кои ваши хирови ќе изумрете тука на Земјата, сеуште!
До тогаш, дури најосновните тајни ќе ви бидат само бљуткавост низ устата и умот!

Научете да живеете за да дознаете за тајната на толку „страшната“ смрт.
И да, за крај:

“It is wrong to say triumphantly “Mors janua vitae”, unless you add, with equal triumph, “Vita janua mortis”.”
– Magick, Book 4, A. Crowley and others (достапна на македонски јазик)

Љубовта е закон, љубов под волја

 

Advertisements

За вистината – внатре или надвор?

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.

„What is Truth?
It is absurd to attempt to define it, for when we say that S is P, rather than S is Q or S is R, we assume that we already know the meaning of Truth. This is really why all the discussions as to whether Truth depends on external correspondence, internal coherence, or what not, neither produce conviction, nor withstand analysis. Briefly, Truth is an idea of a supra-rational order, pertaining to Neschamah, not to Ruach.“
— Мали Есеи кон Вистината, А. Кроули

Continue reading “За вистината – внатре или надвор?”

Петте татви, нивно комбинирање и другите системи

Во секој систем на иницијација познат на Земјата, постои оваа поделба во кој преку елементите, се расчленува истиот за да полесно се практикува истиот во секој сегмет од животот на човекот.

Како што знаеме, постојат четири елементи и тоа: земја, вода, воздух и оган. Со нивно правилно мешање во соодветни пропорции во дадени ситуации, може да се создаде петти елемент, познат како Дух, кој што е симбиоза, последица од тоа правилно мешање на четирите елементи.

Овде нема да зборуваме премногу за елементите и нивните карактеристики, туку ќе направиме паралела помеѓу повеќе системи, задржувајќи се повеќе на петте татви од источните школи.

Continue reading “Петте татви, нивно комбинирање и другите системи”

За злонамерните будали

Извадок од „Книга на Мудроста или Лудоста“ -А. Кроули

DE STULTIS MALIGNIS

Сине мој постојат многу болести и многу несреќи, кои произлегуваат од човечките грешки во однос на Волјата; но ниедна не е поголема од сплетките на натрапникот. Тие имаат претензија подобро да ја познаваат човечката мисла од самиот него, и да управуваат со неговата Волја, со повеќе мудрост, одколку самиот тој, па прават планови за неговата среќа.

И помеѓу сите нив, најлош е оној кој самиот себе се жртвува за доброто на своите ближни.

Оној кој е толку глупав за да не ја следи својата Волја, како ќе биде толку мудар да може да се занимава со туѓата? Ако мојот коњ застане пред огледало, дали треба некој слуга да му пријде одзади и да го удри по копитата?

Не, Сине, држи се мирно до својот пат, за да може твојот брат, гледајќи те да собере храброст врз основа на твоето однесување и биди сигурен дека нема да му пречиш со своето плитко милосрдие. Не ми дозволувај да ти зборувам за несреќите кои сум ги видел, чиј корен бил во љубезноста, чиј свет бил самопожртвуваноста, а плодот катастрофа. Навистина мислам дека тука не би имало крај. Удри, ограби го, убиј го својот сосед, но немој да го тешиш, освен ако тоа самиот тој не го побара, а и ако побара, биди внимателен.