Liber LXV – The Snake and the Goat

“I am the Heart; and the Snake is entwined
About the invisible core of the mind.
Rise, O my snake! It is now is the hour
Of the hooded and holy ineffable flower.
Rise, O my snake, into brilliance of bloom
On the corpse of Osiris afloat in the tomb!”

Liber LXV, I:1
liber-lxv1
Tree of Life – The Abyss, the Goat, the Snake and the Averse
[Click to Enlarge]
Advertisements

Есеи – Тема Магика

Листата подолу содржи 100 есеи до овој момент на блогот (подредени од најновиот па до најстариот), кои на некој начин се поврзани со Магика, без разлика дали содржат директно објаснување на поими и учења во системот на Магика или пак се на „таен“ начин поврзани со оваа наука и пракса или повлекуваат знаење од овој систем.
Прочитајте, истражувајте, спознајте – повеќе!

  1. Есеи – Тема Ритуали (1/6/2018)
  2. Есеи – Тема Магика (1/5/2018)
  3. Есеи – Тема Кабала (1/3/2018)
  4. Thunderbolt, and a Pylon, and a Snake, and a Phallus.. (9/13/2017)
  5. Occult and Art – Video presentation (8/6/2017)
  6. Света Телемитска Сезона (3/22/2017)
  7. AHA – Secret of the Way of Initiation (2/7/2017)
  8. Only one fish-hook can draw me out (2/2/2017)
  9. За чистата волја, ослободена од страста за резултат (1/19/2017)
  10. Харпократ во симболика и пракса (1/5/2017)
  11. МАГИКАТА НА ТЕЛЕМА – АЛЕФ (10/23/2016)
  12. Прифати го Законот и се е законски (10/9/2016)
  13. Заробениот Лав (9/8/2016)
  14. Богот на магиката Хека и активирање на Ка (9/5/2016)
  15. Сексот и Животот (7/9/2016)
  16. Liber Aleph – За Радоста на Болката (6/27/2016)
  17. Опасности од Мистицизмот (5/27/2016)
  18. За Луцифер, LVX и други мистерии (4/13/2016)
  19. The Crow and the Peacock (4/10/2016)
  20. САМЕК – Vol. III No. 01 (3/20/2016)
  21. The Cloud upon the Sanctuary (2/28/2016)
  22. Достигнување на среќата (8/4/2015)
  23. Петте татви, нивно комбинирање и другите системи (6/21/2015)
  24. The Song of Horus (6/19/2015)
  25. The kingdom shall be theirs… (4/20/2015)
  26. Мајсторот – Оскар Вајлд (4/10/2015)
  27. Четирите елементи во херметизмот (2/25/2015)
  28. The Path – Liber LXV (1/28/2015)
  29. Знакот на Ѕверот – Liber V vel Reguli (1/25/2015)
  30. Златното Магаре – Извадок (8/16/2014)
  31. Сигили на Седумте Свети Планети (4/23/2014)
  32. Магиска Моќ (4/4/2014)
  33. Поголемиот Ритуал на Хексаграм (3/16/2014)
  34. За Симболизмот во LIBER VEL JUGORUM (1/5/2014)
  35. За Волјата во философијата на Θελημα (12/25/2013)
  36. За Магискиот Круг ( Clavicula Rex Sаlomonis) (12/5/2013)
  37. 666-ти пат за Телемата и Магиката (9/17/2013)
  38. Тест за Езотерија (прашања кои ме потикнаа да научам повеќе) (9/10/2013)
  39. Предавања за Магика, Тарот, Алхемија, Масони (8/16/2013)
  40. Телемитска литература на македонски јазик (7/3/2013)
  41. НЕКОИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА LIBER RESH (4/21/2013)
  42. Светите Книги на ΘΕΛΗΜΑ (4/20/2013)
  43. Glory unto the Scarlet Woman, Babalon (3/3/2013)
  44. ЗА ФИЛОСОФИЈАТА НА МАГИКА (2/14/2013)
  45. Што е Магика (дефиниции, постулати и теореми) (12/16/2012)
  46. Излезе Liber Aleph – Книга на Мудроста или Лудоста (11/30/2012)
  47. Мал Истерувачки Ритуал на Пентаграм – 2 (11/24/2012)
  48. Thelema 102 на Канал 103 (10/30/2012)
  49. Liber 777 и Sepher Sephiroth на македонски (10/19/2012)
  50. Химна за Пан (10/1/2012)
  51. ПРИКАЗ НА A∴A∴ – Извадок (9/3/2012)
  52. Телема – За должноста (7/18/2012)
  53. Поголемиот ритуал на пентаграм (6/22/2012)
  54. Табела на Единството (6/15/2012)
  55. Liber Nix Candida ad Via Serpentis (6/13/2012)
  56. Магика vs Зло (6/10/2012)
  57. За пирамидата (2/15/2012)
  58. Атлантида – Алистер Кроули (2/7/2012)
  59. За Смртта (12/5/2011)
  60. Листа на Книги (11/27/2011)
  61. Книга 777 – Основни атрибуции (11/26/2011)
  62. Цитати (11/23/2011)
  63. Секој број е бескраен (11/10/2011)
  64. Дописници до Искушениците (11/9/2011)

Есеи – Тема Кабала

Листата подолу ги содржи сите есеи до овој момент на блогот, кои на некој начин се поврзани со Кабала, без разлика дали содржат директно објаснување на поими и учења во системот познат како Кабала или пак се на „таен“ начин поврзани со оваа Наука или повлекуваат знаење од овој систем.

Прочитајте, истражувајте, спознајте – повеќе!

Continue reading “Есеи – Тема Кабала”

Тестаментот на Алистер Кроули

Преземено од официјалната страница на О.Т.О. Македонија

 

*      *      *

Следниот текст е тестаментот на Кроули, кој се наоѓа во отчукана копија во архивата на Редот О.Т.О. во Калифорнија (USA). Иако не е оригинал постојат причини кои сведочат дека оваа копија е еднаква на оригиналот in verbum.

“Ова е мојот тестамент; Edward Alexander Crowley познат како Aleister Crowley од Nerherwood the Ridge Hastings Sussex Англија. Со ова ги поништувам сите свои досегашни тестаменти. Јас ги одредувам моите извршители да го утврдат фактот на мојата смрт на начин кој им се чини дека е најправилен и без какви било можни грешки.

Continue reading “Тестаментот на Алистер Кроули”

За Цитатите и Мрзливоста на читателот

 

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.

Бидејќи многумина налетувале на вакви „цитати“ од Кроули, од нашите Свети книги од Класа А и мислат дека од еден цитат од неколку реченици се е кажано, се е доловено, се е јасно – да Ви објаснам за оваа слика подолу која е одличен пример како ништо не може вистинито да Ви се предаде преку цитати, ако не сте го прочитале делото од каде што е цитатот или пак ако во иднина не седнете да го прочитате тоа дело.

Temple of Solomon the King, Equinox, Vol.i No.3

 

Цитатот од горната слика е од „Храмот на Кралот Соломон“, Еквинокс Том I, Бр.3. Еквиноксите се официјално гласило на Редот кој го знаете под буквите A.’.A.’. за кој што се вели следново:

„Thou wilt note that We have written unto thee more as a member of the O.T.O., than in thy capacity as of the A.·.A.·., for the former organization is co-ordinate and practical, and concerns itself with material things. But remember this clearly, that the Law cometh from the A.·.A.·., not from the O.T.O. This Order is but the first of the great religious bodies to accept this Law officially, and its whole Ritual has been revised and reconstituted in accordance with this decision.“
–  Liber CCC, Khabs am Pekht

Ова е многу битно како информација. За да знаете каде да читате, кој да читате и нормално, зошто да читате – ако не сте мрзливи.

Пред цитатов што е ставен на сликава и од која њу-ејџерите и сите light-minded луѓе, кои се задоволуваат со трошки – веднаш ќе гракаат за просветлувања, старо-еонските „мистици“ ќе зборуваат за егоизам и многу други безбројни глупости кои немаат врска едно со друго – нормално, ниту со Телема.

А што всушност се зборува во овој дел од книгата од каде што некој намерно или не го искасапил овој цитат даден на сликата? Не знаете?
Се зборува за магискиот круг, за првото стапнување на Аспирантот на патеката, за изборот на лево или десно… која во следниот дел е споредена како тоа отприлика изгледа за Магусот. Но, тоа го нема во цитатот тука на сликава, нели?

Во делот што недостасува, а содржи многу значајна информација за правилно разбирање на целиот текст се зборува всушност за аспирантот, кој што мора да разбере дека кругот е еден.
Има одење на лево и на десно. Дека за Магусот ниту има одење, тој знае каде да го прекине кругот и од него да направи пентаграм, хексаграм, цел универзум. За ова можеби би требало да погледнете во Liber B vel Magi svb figura I, A.’.A.’. Издание во Класа А.

Аспирантот кој започнува да го истражува кругот, истражувајќи се себе си – мора да го најде тој „keystone“ кој што се споменува на сликава подолу…

И за да не зборуваме напамет, да споделеме што има пред овој искасапен цитат погоре даден на сликата и што се може да дознате само ако прочитате околу тој цитат, не пак да седнете целата книга да ја прочитате!

Пред цитатов на сликава стои ова:

„But first he (the Aspirant) must travel the circumference of the circle; and, when mystically he has discovered that the goal is the starting-point, and where he entered that circle there also will it break and open out, so that the adytum of its centre becomes as an arch in its outer wall, then indeed will he be worthy of the name of Magus.“
Temple of Solomon the King, Equinox Vol. I, No. 3

Трите точки што се испуштени се всушност „to this arch“ , а целиот цитат е:

„The keystone to this arch some have called God, some Brahma, some Zeus, some Allah, some even IAO the God of the sounding name; but in truth, O seeker, it is Thy-SELF — this higher dimension in which the inner becomes the outer, and in which the single Eye alone can see the throbbing heart, Master of the entangled skein of veins. “

Како што гледате, сосема друга светлина и знаење е пренесено во текстот ако го знаете целиот текст, кој што многумина не се осудуваат да седнат и да истражуваат за да ја дознаат вистината за делата на Кроули, за Законот на Телема, за новите мистерии во Еонот на Крунисаното и Освојувачко Дете, Хорус.

Затоа постојано велам и ќе Ве потсетувам дека ми немаат вредност Вашите размисли за Кроули, Телема, О.Т.О., тајни редови, иницијации – од едноставни причини изнесени погоре, кои ќе ги повторам во скратена форма:
немате ниту знаење, ниту искуство, ниту волја, а најмалку потреба од сите овие работи поврзани со темите изнесени претходно, а за кои стрмоглаво дотрчувате да ги коментирате погрешно во хаосот на Вашето незнаење за овие ствари насекаде по интернетот.

Читајте, запознавајте, истражувајте – а потоа, ако Ви е волја – отфрлајте!

Не може повеќе Вашите комплекси да ги криете во темите на „езотријата“ и работи кои малку се познати на луѓето.
Овие работи сега се наука кои имаат свој, научен метод – нема повеќе криење. Ќе се зафатите со работа и ќе ги решите мистериите на Вашата душа и ум!

Љубовта е закон, љубов под волја