Поезија

Прогонети од Рајот – Матеја Матевски


„Добредојде, ти, Жено, те поздравуваме како Ѕвезда!
Добредојде на лумпување и веселба!
Добредојде во борба и на гозба!
Добредојде на бдеење и победа!
Добредојде во војна со сите свои рани!
Добредојде во мир со своите свечени паради!
Добредојде во страст и громогласна смеа!
Добредојде на трпеза и в кревет!
Добредојде на фанфари и триумф; добредојде на тажење и смрт!“
Секоја жена е Ѕвезда, Авторизирани коментари на Liber AL vel Legis

§      §      §

I.

Се затвори зад нас портата.
Како светкавица светна пред нас патот
на дните идни и згасна.

Сега сме голи и сами
пред оваа пустелија на мракот и каде
Треба да измислиме распаѓе на кое да се распнат нашите погледи
пред да појдат на патот што го нема.

He свртувај се назад.

Висока е таа ограда што ја проколнавме со својата непокорност
висока е до небо и преку нашите очи
И не можеме повеќе да го видиме она убаво дрво
со плодови
на кое го распнавме бога и се откажавме од него.

Сега одиме голи и пусти низ мракот што ќе треба
да го оплодиме со зрна што не се невратка и студ
во пазувите без пазуви.

Го барав виновникот за таа светлина од радост радознала
што ме ослепи слеп при очи и глуп при многу мозок.

Ти си Таа Твоето тело со очи од божило
што зрачеа над оние шарени гранки што не се забораваат
и по кој се јазев високо и високо по едно далечно сонце
за да лазам сега така грд и гол.

И што ми даде
Дури и од оној што ме створи се откажав и
фрлив со камен по неговата добрина
заради непокорноста со која ме исполнија
твоите очи виновници
на непокорната убавина за која страдам.

Се затвори вратата.
И светна пред нас патот на дните идни и згасна.

Сега останавме без него сами и пусти во мракот
Ќе измислиш ли ќе измислиме ли распаќе
по кое ќе тргнеме сега ти виновнице на мојата невиност
на која и дадов сè за да ме врзеш со зборот за вечни времиња.

II.

Ти беше убав и сит и извишен но сам
како ластарот што нема по што да се изјази кон сонцето
и јас без оној зрак од светлина по кој се
крена твојот поглед над очите и сонот

И што сум виновна што те откажав од тој што те создаде
творцу на мојата осаменост грда на убавото тело
кога станав ѕид по кој се изјази за да видши преку неговите рамена
во виножитото на дните идни што светна за час и згасна.

Ти загриза во таа убава непокора за која си доволно храбар па се каеш
што го изиевери тој што те насити и осамоти
Сега веќе не си сам ластар си лози сме две во костец
една со друга со времето
се храниме со крвта што си ја цицаме меѓу себе

И добро ни е што никој рид не ни крева
макар да се изрониме од убавина
Me имаш мене и не жалам.
Ќе измислиме пат
до смислата на ова постоење
што не знае за бога туку само за љубов и трнливости.

III

Ce затвори зад нас портата.

Како светкавица светна пред нас патот на дните идни
и згасна.

Сега сме голи и сами
пред оваа пустелија на мракот и каде
Ќе измислиме ли распаќе на кое да се распнат нашите погледи
пред да појдат на патот што го нема.

Ο распаќе темно и благословено од љубовта горка и неоткажна
Нејзиното топло oко и во ноќта зрачи
и ги создава страните на виделото по кое треба да се појде

Толку е тешко и стравливо и заморно ова градење на патишта
низ ништото од ништо
Но ги изградивме сепак
и станавме првите фиданки што ги населија
И кој да ги разруши постои едно топло око пак
што ќе нè научи што ќе нè научи да ги градиме.

Сами.

Од „Рамноденица“ (1963 г.),
Матеја Матевски