Алхемија, Кабала, Магика, Ритуали, Телема, Философија

ח-Liber Cheth vel Vallum Abiegni sub figurâ CLVI


Уште еден брз превод (на една од најзагадочните и воопшто неразбрани Свети Книги на Телема). Најмногу се повикуваат на оваа книга сите кои имаат нешто против Законот на Телема. Но, секој има свое разбирање за нештата и свое искуство. Не може да им земеме за зло на децата кои имаат толку малку разбирање за нештата, нели…

„Оваа книга е совршен опис на задачата на Ослободениот Посветеник, разгледана преку симболи на еден посебен план, a не интелектуално.“
Liber 207: Кратка содржина на Официјални Инструкции на A∴A∴

„LIBER CLVI. Ѕидот на Абиегнус (Светата Планина на Розенкројцерите) ја дава формулата на Постигнување со преданост кон нашата Дама Бабалон. Го поучува аспирантот како да го растопи неговиот личен идентитет во Универзалниот Живот.“
Исповеди, Алистер Кроули

seloaa
A∴A∴ Издание во Класа А

  1. Ова е тајната на Светиот Грал, ова а светиот сад на нашата Дама Скерлетната Жена, Бабалон Мајката на Ужасот, невестата на Хаосот, која јава на нашиот Господ Ѕверот.
  2. Ти ќе ја исцедиш својата крв која е твојот живот во златниот пехар на нејзините блудства.
  3. Ќе го измешаш својот живот со универзалниот живот. Нема да зачуваш ниту една капка.
  4. Тогаш твојот ум ќе занеми, и твоето срцево отчукување ќе го нема повеќе, и сиот твој живот ќе замине од тебе; и ќе бидеш фрлен на буништето, и птиците од воздухот ќе се нагостат од твоето месо, и твоите коски ќе обелат на сонцето.
  5. Тогаш ветровите ќе се соберат себеси заедно, и ќе те понесат тебе нагоре како да си мал куп од прашина во платно четириаголно, и ќе го дадат тоа на чуварите на бездната.
  6. И бидејќи таму нема живот, чуварите на бездната ќе им наредат на ангелите на ветровите да поминат. И ангелите ќе ја остават твојата прашина во Градот на Пирамидите, и името таму нема да постои повеќе.
  7. Сега пред да можеш да го постигнеш овој ритуал на Светиот Грал, мора да се ослободиш од сите свои добра.
  8. Имаш богатство; подари го на оние кои имаат потреба од него, но немаат желба за истото.
  9. Имаш здравје; погуби се себе си за страста на твоето препуштање кон Нашата Дама. Нека твоето месо виси слободно на твоите коски, и твоите очи нека зјапаат со твојата неискажлива страт кон Бесконечното, со твојата страст кон Непознатото, за Нејзе која е над Знаењето проклето.
  10. Имаш љубов; откорни ја својата мајка од твоето срце, и плукни во лицето на твојот татко. Нека твоето стапало го згази стомакот на твојата жена, и нека твоето дете од нејзините гради биде плен на кучињата и грабливците.
  11. Бидејќи ако ти тоа не го направиш по своја волја, тогаш Ние ќе го направиме ова наспроти твојата волја. За да ти ја достигнеш Светата Тајна на Гралот во Капелата на Ужасот.
  12. И погледни! ако скришно зачуваш во себе си само една своја мисла, тогаш ќе бидеш исфрлен во бездната засекогаш; и ќе бидеш осамен, јадачот на измет, жалостен во Денот Биди-со-Нас.
  13. Да! Навистина ова е Вистината, ова е Вистината, ова е Вистината. Ќе ти биде подарено радост и здравје и богатство и мудрост кога ти нема да си повеќе ти.
  14. Тогаш секоја добивка ќе биде нова света тајна, и тоа нема да те сквернави; ќе се забавуваш со развратност на плоштадот, и девиците ќе фрлаат рози врз тебе, и трговците ќе клекнуваат и ќе ти носат злато и зачини. Исто така и младите момчиња ќе точат прекрасни вина за тебе, и пејачите и танцувачите ќе пеат и играат за тебе.
  15.  Сепак ти нема да бидеш таму, бидејќи ќе бидеш заборавен, прашина загубена во прашина.
  16. Ниту самиот еон нема да ти помогне во ова; бидејќи од прашината бела пепел ќе биде подготвена од Хермес Невидливиот.
  17. И ова е гневот Божји, да овие нешта бидат вака.
  18. И ова е милоста Божја, за да овие нешта бидат вака.
  19. Заради тоа те задолжив да дојдеш кон мене на Почетокот; бидејќи само ако направиш еден чекор на овој Пат, ти мораш да пристигнеш неминовно на крајот секако.
  20. Овој Пат е над Животот и Смртта; исто така е и над Љубовта; но тоа ти не го знаеш, бидејќи не познаваш Љубов.
  21. И крајот од тука не е познат ниту на Нашата Дама или на Ѕверот која Таа го јава; ниту на Девицата нејзината ќерка ниту на Хаосот нејзиниот законит Господар; но на Крунисаното Дете дали е познат? Не е познато дали е познат.
  22. Затоа кон Хадит и кон Нуит нека биде славата на Крајот и на Почетокот, да, на Крајот и на Почетокот.