Алхемија, Кабала, Магика, Поезија, Телема, Философија

צ – Liber Tzaddi vel Hamus Hermeticus sub figurâ XC


Ова што следува подолу е мој скромен и брз превод на една од Светите книги на Телема, A.’.A.’. Издание во Класа А. Во иднина сигурно ќе има поправки и подобрување на преводот.

“Приказ на Иницијација, и навестување за оние кои се подобни за истата.
XC. Цади значи јадица. ‘ Ќе ве направам рибари на луѓе ‘ “
Liber 207: Кратка содржина на Официјални Инструкции на A∴A∴

Liber Tzaddi го повикува човештвото да го преземе Големото Дело. Ги опишува условите на иницијацијата и нејзините резултати на јазик со голема поетска моќ“.
Исповеди, Алистер Кроули

LIBER XC TZADDI vel HAMUS HERMETICUS

seloaa

А..... Издание во Класа А.

0. Во името на Господарот на Иницијацијата, Амен.

1. Јас летам и слетувам како сокол: од зелен смарагд се моите моќно-раширени крилја.

2. Се спуштам долу над црната земја; и таа се развеселува во зелено на моето доаѓање.

3. Деца на Земјата! Радувајте се! Радувајте се прекумерно; бидејќи вашето спасение е близу.

4. Крајот на тагата дојде; Ќе ве понесам далеку во мојата неопислива радост.

5. Ќе ве бакнам и донесам на венчавка: ќе приредам гозба пред вас во куќата на радоста.

6. Не дојдов за да ве укорувам, или да ве поробам.

7. Јас ве поттикнувам да не се откажувате од вашите сладострасни патишта, од вашата мрзливост, од вашите лудории.

8. И јас ви носам радост за вашето задоволство, мир за вашата истоштеност, мудрост за Вашата лудост.

9. Сè што правите е правилно, ако вие уживате во тоа.

10. Јас додјов против тагата, против заморот, против оние кои бараат да вФшуме поробат.

11. Ви точам свето вино, кое што ви дава задоволство и на зајдисонце и во муграта.

12. Дојдете со мене, и јас ќе ви го дадам сето она кое што е посакувано на земјата.

13. Бидејќи јас ви го давам она од кое Земјата и нејзините радости се само сенки.

14. Тие исчезнуваат, но мојата радост опстојува се до самиот крај.

15. Јас се сокрив себе си зад маска: Јас сум црн и страшен Бог.

16. Со храброст освоен страв ќе ми пријдете: ќе ја поставите главата на мојот олтар, очекувајќи го замавнувањето на мечот.

17. Но првиот бакнеж на љубов ќе биде сјаен на вашите усни; и сета моја темнина и ужас ќе се престорат во светлина и радост.

18. Само оние кои се плашат ќе отпаднат. Оние кои го свиткале својот грб заради јаремот на ропството се додека повеќе не можат да стојат исправено; нив ќе ги презрам.

19. Но вие кои го чувате законот; вие кои освоивте со нежност или сила: вас ќе се земам кај мене, навистина Јас ќе ве земам кај мене.

20. Јас барам од вас да жртвувате ништо на мојот олтар; Јас сум Богот кој што дава се.

21. Свелитна, Живот, Љубов, Сила, Фантазија, Оган; овие ви ги носам: моите раце се полни со ова.

22. Има радост во заминувањето; има радост во патувањето; има радост во целта.

23. Само ако сте таговни, или уморни, или вознемирени; тогаш може да знаете дека сте ја загубиле златната нишка, нишката со која Јас ве водат до срцето на Елевсинските шуми.

24. Моите ученици се горди и убави; тие се силни и молскавични; тие управуваат со нивниот пат како моќни освојувачи.

25. Слабите, плашливите, несовршените, страшливците, сиромашните, плачливите – овие се мои непријатели, и јас дојдов да ги уништам

26. Ова исто така е милост: крај на болеста на земјата. Искорнување на троскотот: наводнување на цвеќињата.

27. О мои деца, вие сте многу поубави од цвеќињата: не смеете да овенете во вашето годишно време.

28. Јас ве љубам; Јас ќе ве попрскам со божествената роса на бесмртноста.

29. Ова а бесмртност не е напразна надеж зад гробот: Јас ви нудам сигурна свесност за блаженост.

30. Ја нудам сега, на земјата; пред еден час да одѕвони , вие ќе бидете со Мене во Прибивалиштата кои се над Распадот.

31. Исто така Јас ви давам земска моќ и радост земска; богатство, и здравје, и долготрајност на деновите. Обожување и љубов ќе се прилепува на вашите стапала, и ќе се испреплетува околу вашето срце.

32. Само вашите усни ќе пијат од вкусното вино – виното на Јахус; тие засекогаш ќе го достигнат небесниот бакнеж на Убавиот Бог.

33. Ви октривам вам голема мистерија. Вие стоите помеѓу бездната на височините и бездната на длабочината.

34. Во секоја од нив ве чека Сопатник; и тој Сопатник си Ти.

35. Не може да имаш друг Сопатник.

36. Многумина се воздигнаа, бивајќи мудри. Тие рекоа: „Барајте ја трепетливата Слика во местото кое е вечно златно, и соединетете се себе си со Тоа.“

37. Многумина се воздигнале, бидејќи биле будалести. Тие велеле: „Симнете се долу во мрачниот красен свет и бидете венчани со тоа Слепо Суштесво од Слуз“.

38. Јас кој што сум над Мудроста и Лудоста, се воздигнувам и ви велам: постигнете ги двете венчавки. Соединетете се себе си со двете.

39. Внимавај, внимавај, Ви велам, додека го барате едното и го загубите другото.

40. Моите адепти стојат исправено; нивните глави се над небесата, нивните нозе се под пеколите.

41. Но бидејќи некој природно е привлечен кон Ангелот, друг кон Демонот, нека првиот ја засили пониската врска, а вториот се прикачи посилно кон повисоката.

42. Така рамнотежата ќе биде совршена. Јас ќе им помонгнам на моите ученици; колку побрзо тие ја достигнат оваа урамнотежена моќ и радост толку побрзо ќе ги туркам.

43. Тие ќе зборуваат од своја страна од овој Невидлив Престол; нивните зборови ќе ги осветлат световите.

44. Тие ќе бидат господари на величенственост и сила; тие ќе бидат убави и радосни; тие ќе бидат облечени со победа и красота; тие ќе стојат на силни темели; кралството ќе биде нивно; да, кралството ќе биде нивно.
Во името на Господарот на Иницијацијата. Амен.