Ритуали

За Средниот столб


Овде само ќе ги дадеме Божјите имиња (формули) во Ашијах, кои што се користат во ритуалот на Средниот столб. Ќе бидат дадени соодветните бои на сефиротите од Дрвото на Животот, како и зборовите на еврејски. Целиот ритуал ако го изведувате правилно би требало да трае од 10 – 15 минути.

За оние што не се упатени во конструкцијата на Дрвото на Животот, како и основните атрибуции на сефиротите и патектите, ќе им биде потешко за разбирање на она што следува подолу. Затоа ги советуваме ( и охрабруваме да го сторат тоа ) да пребараат низ овие страници и да разгледаат и разберат колку што можат повеќе од оваа бесконечна структура која ние ја нарекуваме Дрво на Животот.

Но, да започнеме!

Наједноствано кажано, Средниот столб на Дрвото на Животот е дирекна врска од Најниското до Највисокото во Човекот (или обратно?). Насилно и неконтролирано играње со овие сили води само кон грешка и страдање. Затоа, секогаш приоѓајте на овие работи со големо внимание и почит кон самите себе. Пробајте да го сфатите Ритуалот како порта, алатка кон највиското, а со тоа и кон највнатрешното ваше светилиште до кое имате пристап само вие! Ритуалот НЕ Е ЦЕЛ на ниеден магичар!

Не дозволувајте највнатрешното да биде загадено од вашето непромислено и арогантно дејствување со овие чисти сфери на дејствување!

Божји имиња на Сефиротите

Божјите имиња (формули) на сефиротите се всушност формули на сефиротите во Ашијах (материјалниот свет) според кабалистичкото учење. Тие може да се најдат во Liber 777 која веќе е излезена од печат на македонски јазик и достапна за секој вистински истражувач на окултното, забрането знаење.

Сефиротите кои го градат Средниот столб се:

1. Сефира Кетер – Сјајна бела боја – Божествено име אהיה (Ехејех)

2. Сефира Да’ат – Светло сива боја – Божествено име יהוה אלהים ( Тетраграматон Елохим)

3. Сефира Тифарет – Светло жолта боја – Божествено име יהוה אלוה ודעת ( Тетраграматон Елох ве-Да’ат)

4. Сефира Јесод – Виолетова боја – Божествено име שדי אל חי (Шадаи Ел Кхаи)

5. Сефира Малкут – Четири бои (Црна, маслинеста, р’ѓа и лимон жолта) – Божествено име אדני מלך ( Адонаи Мелек)

*      *      *

Овие пет сефироти заедно со патеките помеѓу нив го градат средниот столб на Дрвото на Животот. Патектите се Далет (помеѓу Кетер и Тифарет), Самек (помеѓу Тифарет и Јесод) и Тау (помеѓу Јесод и Малкут). Потребна е константна пракса за да може што подобро да се визуелизираат сефиротите во боја и да се вежбаат магиските формули за соодветниот сефирот.

Целта на оваа пракса го дава и самиот нејзин назив. Размислете добро!

Advertisements