Телема

Тестаментот на Алистер Кроули


Преземено од официјалната страница на О.Т.О. Македонија
*      *      *

Следниот текст е тестаментот на Кроули, кој се наоѓа во отчукана копија во архивата на Редот О.Т.О. во Калифорнија (USA). Иако не е оригинал постојат причини кои сведочат дека оваа копија е еднаква на оригиналот in verbum.

“Ова е мојот тестамент; Edward Alexander Crowley познат како Aleister Crowley од Nerherwood the Ridge Hastings Sussex Англија. Со ова ги поништувам сите свои досегашни тестаменти. Јас ги одредувам моите извршители да го утврдат фактот на мојата смрт на начин кој им се чини дека е најправилен и без какви било можни грешки.

Јас сакам после мојата смрт моето тело да биде спалено, а мојата пепел заедно со печатниот прстен да му се предаде на Големиот Ризничар на (Grand Treasurer) Ordo Templi Orientis.

Јас ги одредувам Karl Johannes Germer од 260. West 72nd Street New York City и Lady Frieda Harris жена на Sir Percy Harris од 3 Devonshire Terrace Marylebone High Street London W.1. и Louis Umfraville Wilkinson доктор по Лингвистика чија што адреса се чува во Westminster Bank Limited Shaftenbury Avenue London W.C.1 да бидат Извршители на овој мој тестамент (понатаму означени како Извршители) освен што се однесува на мојата сопственост и резултатите (вклучувајќи ги и авторските права) од и во врска со мојата авторска работа за кои што се однесува сопственоста и ефектот ги ОДРЕДУВАМ како извршители наведениот Louis Umfraville Wilkinson и John Symonds од 121 delside Road London W.C.3. (понатаму означени како “мои литературни извршители”).

ЈАС БАРАМ од моите литерарни извршители по мојата смрт да соберат што е можно пред кого било и од каде било сите мои книги, ракописи и резултати од литерарна природа вклучувајќи ги и сите оние дела над кои што ЈАС на денот на мојата смрт би имал било какво право на располагање И ЈАС ГИ ДАВАМ И ГИ ЗАВЕШТАВАМ моите книги, ракописи и резултати собрани од моите литерарни извршители слободно од сите обврски после смртта на ДОВЕРБА дека тие ќе го проследат тоа до Големиот Ризничар на Ordo Templi Orientis на 260 west 72nd Street New York City со молба таа збирка со апсолутно право на употреба да припадне на наведениот Ред и ЈАС ИЗЈАВУВАМ дека при примањето на тоа Големиот Ризничар на моите литерарни извршители да им ги плати сите долгови што се однесува на погребот и трошоците во врска со тестаментот.

Јас им го оставам во наследство и ГО ОДРЕДУВАМ целиот свој преостанат имот, добра и сите останати дела на наведените Karl Johannes Germer, Lady Frieda Harris и Louis Umfraville Wilkinson во зависност од тоа кој од нив ќе биде жив на денот на мојата смрт, а ако се живи повеќе од еден човек тоа да го разделат меѓу себе во еднакви делови за негово или нејзино добро, но со молба тој или таа истото да го распоредат меѓу моите верни пријатели во согласност со кои било мои желби изразени од мене за време на мојот живот или изразени во која било белешка запишана или потпишана од мене или оставена меѓу моите напишани работи при мојата смрт, но при тоа изјавувам дека ниедна, било која, таква белешка да не биде сметана како дел од мојот Тестамент ниту таквите изрази на моите желби да создадат било каква законска обврска или доверба.

ПРЕД СВЕДОЦИТЕ Јас го ставам својот потпис на ова денес деветнаесетти јуни илјада деветстотини четириесет и седма.

Потпишано од завештателот а во заедничко присуство на нас кои сме во негово присуство и во присуство на секој пред секого како сведоци овде ги ставивме своите имиња –

ПОГРЕБ

1. Без верска свеченост. Ќе ми биде драго ако Capt. Gerald York од 5. Montaque Sqaure, W.1., или Д-р Louis Wilkinson ја прочитаат во некој погоден момент прво Химната на Пан, второ Книгата на Законот, трето Молитви од Гностичката Миса (стр. 353 и 354). И на крај Химната (Anthem) од долниот дел на страницата 357 до врвот на стр. 359

2. Должности на Извршителите

L. Да се платат кои било локални долгови од готовината најдена во моја сопственост, или од парите што ќе се слеваат во Редот.
B. Да се води сметка за благосостојбата на О.Т.О.
Y. Додека се живи да им се обезбеди благосостојба Aleister Ataturk, природниот син на моето тело и на неговата мајка Patricia Deidre MacAlpine под чие старателство сега се наоѓа во Weal, Betsy Newlyn, Cornwall.