Телема, Философија

Човештвото пред Се


+    +    +

Може да се случи еден ден златната плочка со нејзиниот дијамантски запис да биде одземена од некои вандали – Новозеланѓанецот на Macaulay или друг – од мојот саркофаг. Можеби векови подоцна археолозите од некоја нација се уште нечуена, истражувајќи ги руините на Опатијата од Вестминистер, да ги откријат тие коски и да ги пратат до анатомистите за истражување.

Извештајот на овие анатомисти веројатно ќе биде нешто налик на ова: “Ова се коски од цицач, примат, Хомо Сапиенс. Черепот не е прогнатски; оваа личност веројатно беше белец”.

Со таква проценка се согласувам со задоволство. Ќе биде ограничување ако се опише тоа како “Германец”, или “Јапонец”. Човекот е човек и во него гори мистичниот пламен на Божеството. Натамошната дискриминација е богохулење да се спротивставува Русинот со Турчинот во други посериозни работи, освен националното чувство, обичаите или облеката.

Сите напредни мислители, сите луѓе кои го сфаќаат божествениот план ја посакуваат и планираат солидарноста на човештвото; а патриотот, во ограничената и разбеснета смисла на тој збор, е предавник на вистинските интереси на човекот. Може некогаш да е потребно да се брани еден локален дел од човештвото од агресија; но дури и ова мора секогаш да се прави со ментална резервираност: “Нека биде оваа војна доилка на поцврст мир; нека води оваа расправија кон подобро разбирање; нека води оваа поделба кон повозвишено единство”.

“Најголеми човекови непријатели се неговите домашни”, и најлошите непријатели на секоја нација се нејзините ништожни патриоти. “Патриотизмот е последното прибежиште на кукавицата”.

Намерното антагонизирање меѓу нациите е најбудалест криминал. Кај нациите што војуваа Печатот ги разгоре страстите на неуките и ја вовлече Европа во војна. Ако беа луѓето едуцирани и шетани тие немаше да ги слушаат тие харписки пискотници. Неделото сега е направено и останува на нас да го поправиме најдобро што можеме.

Ова треба да биде нашето мото: “Човештвото пред се”.

Сите луѓе кои генерализираат околу нациите:

“- Сите Германци се убијци”
– “Французите, сите се прељубници”
– “Англичаните се снобови”
– “Русите, сите се пијаници” – итн.,  мора да се замолчат.

Треба да одбиеме да го слушаме секој оној кој не сфаќа дека цивилизацијата е на клада, дека дури и сега Европа може да биде толку ослабена што ќе падне жртва на силите на атавизмот, дека по војната ќе следи банкротство, револуција и глад, и дека дури и во наше време Кулата на Вековите може да се распадне во непрепознатливи руини. Мораме да одбиеме да го слушаме секој оној кој одлучно не ги отфрлил ограничените интереси, сите национални страсти, кој не може да гледа на ранетото човештво со широк, јасен поглед, ладно а сепак сочувствено, како хирург, или оној кој не е цврсто решен да го спаси животот без обѕир на тоа што ќе загуби одреден екстремитет.

Мораме да ги слушаме најмногу оние Германци кои сметаат дека Англија е голема, прогресивна и просветлена нација, чија благосостојба е неопходна за здравјето на Европа; и Французите кои во Германија гледаат нивни најдобар пријател, модел на наука, организација и предвидување, кое нешто може да го изгради паднатиот храм наново. Мораме да го слушаме Англичанецот кој е волен да се помири со Поморската Слобода; и Русинот кој признава дека е време да се стави крај на тиранијата од оружјето и заканите на интригите.

Квичечкиот Печат од секоја земја, кој е секогаш љубезен да собира пари од страстите на немислечкото и необразованото мноштво, ќе го нарече секој таков човек предавник.

Нека биде така. Нижите интереси нека ги предадат вишите, посебна придобивка за секоја поединечна земја од Комонвелтот на целиот свет. Да не го разгледуваме повеќе човештвото, туку човекот. Да заборавиме кој дојде од небото и кој се отелотвори меѓу Евреите, кој не ги водеше своите луѓе во победа, кој не сакаше парцијално владеење над земјата, туку сакаше да донесе светлина и вистина на целото човештво.

Ако Спасителот на Човештвото се согласеше да ја прифати патриотската мисија на истерување на Римјаните, тој ќе ја обединеше својата нација, но човекот немаше да биде спасен. Затоа неговите луѓе го нарекоа предавник, и го предадоа на нивните поробувачи.

Оние кои се волни, како што беше Тој, да ја прифатат срамотата, и ако е потребно Крстот, нека пристапат напред; нека го носат златниот бајрак на Сонцето како нивно знаме, зашто Сонцето сјае исто над сите нации на земјата; и нека секогаш свети на чело од нивната битка ова спасоносна мисла: “Човештвото пред се”.

+    +    +

Есеј испечатен во весникот “Интернационал”
Алистер Кроули