Јога, Кабала, Магика, Телема

Дописници до Искушениците


*   *   *

I. ТЕОРЕМИ

  1. Светот напредува преку појавата на Христоси(гении).
  2. Христосите(гениите) се луѓе со над-свесност од највисок ред.
  3. Над-свесноста од највисок ред може да се постигне преку познати методи.

Оттука, применувајќи ја квинтесенцијата од познатите методи правиме светот да напредува.

II. ОСНОВИ НА МЕТОДОТ

  1. Теологијата е неважна; зашто и Буда и Свети Игнациј биле Христоси.
  2. Моралноста е неважна; зашто и Сократ и Мухамед биле Христоси.
  3. Над-свесноста е природен феномен; оттука нејзините услови треба да се бараат повеќе во делата отколку во зборовите на оние кои ја постигнале.

Основните дела се повлекувањето и концентрацијата – како што подучуваат Јогата и Церемонијалната Магија.

III. ГРЕШКИ НА МИСТИЦИТЕ

  1. Бидејќи вистината е над-разумна, не може да се соопшти со јазикот на расудувањето.
  2. Оттука сите мистици пишувале бесмислици, а она што има смисла засега е неточно.
  3. И покрај се, како што мирната езерска површина дава поточен одраз на сонцето отколку надојдената поплава, оној чиј ум е најдобро урамнотежен, ако стане мистик, станува најдобар мистик.

IV. МЕТОДОТ НА РАМНОТЕЖА СТРАСТИТЕ итн.

  1. Бидејќи конечната вистина на тееологијата е непозната, сите морални прописи се произволни.
  2. Оттука студентот не го засега етиката како таква.
  3. Последователно, тој е слободен “да ја исполни својата должност во оној облик на живот во кој Бог милувал да го повика”.

V. РАЗУМОТ

  1. Бидејќи вистината е над-разумна, секоја разумна изјава е погрешна.
  2. Оттука студентот треба да се спротивставува на секое тврдење кое се презентира пред него.
  3. Штом разумните идеи се избркани од умот на ваков начин, се отвора простор за восприемање на духовната вистина.

Би требало да се нагласи дека ова не ја поништува целисходноста на расудувањето на неговото рамниште.

VI. СПИРИТУАЛНИОТ СЕНЗОРИУМ

  1. Човекот како ограничено суштество е неспособен да го сфати неограниченото. Комуникацијата со неограничено суштество (вистинско или лажно) не го менува овој факт.
  2. Оттука студентот нека и се спротивстави на секоја визија и одбие да ужива во неа; првин поради тоа што секако е можна друга визија, од сосем спротивна природа; второ, бидејќи иако е Бог, тој е сепак човек на една безначајна планета.Методот на Науката - Цел на Религијата

Вака урамотежен странично и вертикално, може да се случи да, или преку потврдување или преку одрекување на сите овие работи заедно, го постигне врвниот транс.

VII. РЕЗУЛТАТОТ

  1. Трансот се дефинира како екстаза на еден одреден дел од мозокот, предизвикана преку медитација за идејата соодветна за него.
  2. Оттука студентот нека внимава во таа идеја да нема ниту трага од несовршенство. Би требало да биде чиста, балансирана, смирена, целосна, погодна на секој начин да загосподари со умот и таа ќе го стори тоа. Еднакво како и изборот на кралот да биде крунисан.
  3. Затоа наредбите на кралот ќе бидат мудри и правични, бидејќи тој бил мудар и правичен и пред да стане крал.

Животот и работата на мистикот ќе ја одразуваат (иако замаглено) врвната водечка сила на мистикот, највисокиот транс што го постигнал.

VIII. ЈОГА И МАГИЈА

1. Јогата е вештина да се обедини умот на една идеја. Има четири методи:

  • Gnana Yoga или Единство со Знаење
  • Raja-Yoga или Единство со Волја
  • Bhakta-Yoga или Единство со Љубов
  • Hatha-Yoga или Единство со Храброст

додади Mantra-Yoga или Единство со Говор и Karma-Yoga или Единство со Работа. Овие се обединуваат преку врвниот метод на Тишина.

2. Церемонијалната Магија е вештина да се обедини умот на една идеја. Има четири методи:

  • Светата Кабала или Единство со Знаење
  • Светата Магија или Единство со Волја
  • Делата на Обожување или Единство со Љубов
  • Искушенијата или Единство со Храброст

додади ги Призивите или Единство со Говор и Делата на Служење или Единство со Работа. Овие се обединуваат преку врвниот метод на Тишина.

3. Ако идејата е која било друга, а не Врвната и Совршена идеја и студентот загуби контрола, резултатот е лудило, опсесија, фанатизам, парализа или смрт (додади зависност од озборување и неизлечива мрзеливост), зависно од природата на неуспехот.

Оттука студентот нека ги разбере сиве овие работи и нека ги комбинира во својата Вештина, обединувајќи ги со врвниот метод на Тишина.

*   *   *

Извадок од The Equinox Vol.I No.2 

An V Sol in Libra , Септември, 1909 год.