Телема

Еквинокс на Боговите – VIII


Осмо Поглавје

Кратка содржина на случајот

Во ова откровение е основата на идниот Еон. Во спомените на Човекот го имаме Паганскиот период, обожавањето на Природата, на Изида, на Мајката, на Минатото; Христијанскиот период, обожавање на Човекот, на Озирис, на Сегашноста. Првиот период е едноставен, и пријатен; материјалното го игнорира духовното; вториод период е страдање и смрт; духовното настојува да го игнорира материјалното. Христијанството и сите сродни религии ја обожаваат смртта, го воздигнуваат страдањето, обожавањето на лешеви. Новиот Еон е обожавање на духовното сплотено со материјалното, на Хорус, на Иднината.

Изида беше Слобода; Озирис, ограничување; но новата Слобода е онаа на Хорус. Озирис ја освои бидејќи таа не го разбра. Хорус ги осветува и Мајката и Таткото. Ова дете Хорус е близнак, два во едно, Хорус и Харпократ се едно, и тие се едно со Сет или Апофис, уништувачот на Озирис. Со деструктивнота на принципот на смртта тие се родени. Воспоставувањето на овој нов Еон, овој нов фундаментален принцип, е новото големо дело што треба да се заврши во светот.

Братот Пердурабо, на кој ова откровение му беше дадено со толку многу знаци и чуда, беше самиот не убеден. Тој се спротиставуваше со години. Се спротиставуваше се до завршувањето на неговата иницијација на крајот на 1909 година кога разбра како совршено беше врзан за да го носи ова дело. Повторно и повторно тој се свртуваше од него, ќе го земеше неколку дена или часа, а потоа ќе го оставеше настрана. Тој дури се обиде да ја уништи неговата вредност, да го обезвредни резултатот. Повторно и повторно моќта на Стражарите го враќаа назад кон делото; и во моментот кога Тој мислеше дека избегал се најде себе си фиксиран засекогаш со никаква можност за наредно свртување ни за дел од секундата од Патот.

Историјата за ова еден ден мора да биде кажана со посилен глас. Правилно разгледано, тоа е историја на постојани чуда. Сега доволно е да се каже дека во овој Закон лежи целата иднина: тоа е Законот на Слободата, и оние кои го одбиваат се прогласуваат самите за робови, и како робови ќе бидат оковани и тепани. Тоа е закон на Љубовта, и оние кои ќе го одбијат се прогласуваат себе си да бидат деца на омразата, и нивната омраза ќе се сврти против нив и ќе ги проголта во нејзините бескрајни мачења. Тоа е закон на Животот, и оние кои ќе го одбијат ќе бидат предмет на смртта; и смртта ќе ги фати неподготвени. И нивниот живот ќе биде жива смрт. Тоа е Законот на Светлината, и оние кои ќе го одбијат, според тоа се прават самите мрачни засекогаш.

Прави што ти е волја тоа нека биде целиот Закон! Одбиј го ова и падни под клетвата на судбината. Подели ја волјата против самата себе, резултатот е слабост и борба, залудна борба. Законот не го осудува Човекот. Прифати го законот и се е законски.

Одбивајќи го Законот, се ставаш себе си надвор од неговите ограничувањa. Тоа е законот на Исус Христос, или подобро Гностичката традиција на која легендата за Христос е деградација, кој се обиде да подучува; но приближно секој збор што тој го кажал бил погрешно интерпретиран и искривен од неговите непријатели, посебно од оние кои се нарекувале негови ученици. Во секој случај Еонот не беше созреан за Законот на Слободата. Од сите следбеници само Св. Августин изгледа дека разбрал иако само блесок од она што тој го мислел.

Натамошен обид да се предаде овој закон беше направен преку Сер Едвард Кели на крајот од 16 век. Ограничувањето на црквата го спречила неговиот збор да биде слушнат или разбран. На многу други начини духот на вистината се бореше со човекот, и мали сенки од оваа вистина беа најголемите сојузници на науката и филозофијата. Само сега успехот беше постигнат. Совршеното возило беше најдено и пораката грижливо е затворена во скапоцен ковчег; тоа е да се каже, во книгата со наредбата:”Не менувај ги ниту стилот на буквите”. Оваа книга е репродуцирана во факсимил, за да нема можност за искривување на истата. Овде значи ние имаме апсолутно фиксирани и дефинитивни гледишта за основите на универзална религија.

Ние го поседуваме Клучот за решавање на сите човечки проблеми, и филозофски и практични. Ако сме изгледале дека работиме за доказ, нашата љубов мора да е извинување за нашата решителност; бидејќи ние добро знаеме што е напишано во Книгата:

“Успехот е твојот доказ!”

Не бараме  повеќе од еден сведок; и го повикуваме Времето да земе Заклетва и да сведочи кон Вистината на нашиот доказ.

 “Equinox Vol.III No.3 – Equinox of the gods – A.’. A.’. Publication in Class E.”