Телема, Философија

Магика vs Магија


Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон

На почетокот магиката беше сметана (а и денес некои имаат такви размисли) како еднаква и иста на магијата, шарлатанството, ефтините трикови, спиритисти кои си играа со квази-духови, и ги заведуваа лековерните и оние кои лесно се фасцинираа . Сите тие магии, сите тие сеанси само донесоа магиката да не биде разбрана и да биде дел од тоа семејство на измамници и губитници и друмски разбојници(слично направија хипиците со нивното злоупотребување на дрогата). Кај луѓето е нормално да не се заморуваат премногу со работите. Денес се оди брзо, со скратени патеки кои најчесто водат во ќорсокак. Некој слушне магија, наредниот пат магика, и тоа за неистренираниот ум е едно та исто. Умот не ни бара сличните поими да бидат разгледани, да ги раскрши на ситни парчиња и да види дали едното и другото се исти или пак сосема различни нешта.

За телемитите (според мене), магијата е дело на Црните Браќа(1),  нешто што е подло, ниско, слично на хипноза без дозвола на засегнатата страна. Додека Магиката(Magick) е сосема нешто друго.

Магиката е врзана со Чистата Волја, со самата срж на човечкото битие, некорумпирана од страста за резултат, услов за дапатот што се оди да биде совршен. Магиката за разлика од магијата, не ги силува Силите на природата(какви и да се тие сили), туку ги проучува, ги категоризира, мери, премерува и откако ќе се научи Законот, Магиката станува чиста уметност во Пракса.
Можеби некој пак ќе праша подли прашања во стилот ако Волјата сака да наштети на некој друг! Одговорот на такво прашање е едноставен: Таква Волја не е Чиста волја.

Ако прифатиме дека Прави што ти е волја важи за нас како телемити, истото важи и за било кој друг кој што го прифатил законот и е инициран. Со тоа ние прифаќаме дека ако ние сите сме Ѕвезди кои имаат своја орбита, тогаш и другите се ѕвезди и важи истиот Закон и за нив. А ако сето тоа се силува, и Волјата сака да наштети, Тоа е Магија и корумпираност на личноста, која наместо да е господар, станал роб на силите со кои сака да владее. И тука настанува збрканоста на обичниот човек кој не е запознаен со магиката.

Кроули, во едно негово дело, вели дека Магиката е Наука и Уметност. Дека секој Акт, секоја мисла е Магика. На многу места, низ многу свети книги е кажано дека и човековата мисла ќе се суди. Магиката е Уметност и Способност да не се трансформира Бесконечната Резерва на Енергија залудно од еден во друг вид.
Во ова дело, “Магика без Солзи”, се одговорени голем број на битни и сложени прашања кои, ете понекогаш дури и самиот Аџија на патот, го збунуваат и се трудат да го застранат.

Многумина велат дека магиката е сатанизам и има мрачна позадина, но сето тоа е само беден ништожен обид да се скрши Волјата и Мислата на Човекот на новото време.

Љубов е законот љубов под Волја

1.“Црниот Брат” не е исто што и “црн магичар”. “Црн Брат” се станува заради страв од прескокнување на бездната, додека “црни магичари” обично се психички неурамнотежени личности, кои многу лесно се препознаваат. “Црниот Брат” има делумно право знаење, кое го користи како би создал впечаток за значењето на неговата личност без поседување на вистински авторитет, и кој го користи тоа свое знаење за манипулација на своите заведени приврзаници, кои му веруваат зошто наизглед работи “за нивно добро”, спрема нив “црните магичари” се прави лаици. “Црните магичари” видно без прикривање работат само за своја лична (главно материјална) корист. Интересно е што “црните магичари” и “Црните Браќа” постојано се обидуваат да изнајдат рационален (разумски- Руах) премин преку бездната што е невозможно), па подоцна стануваат отфрлени далеку во Сферата на Елементите (Малкут) или дури клифотите.